Здруженијата за заштита на животни не реагираат кога кучињата шетаат без маски
Снежана Калабакова
Бурни беа реакциите на здруженијата за заштита на животни по неодамнешното свирепо убиство на куче во населбата Драчево. Тие јавно се згрозуваа и гласно го критикуваа начинот на кој гневниот граѓанин се справил со улично куче. Нивната реакција беше сосем очекувана и легитимна, со оглед на улогата што треба да ја имаат во насока на подобрување на целокупното градско живеење. Меѓутоа, дел од јавноста се прашува зошто овие здруженија се неми и слепи кога куче ќе нападне човек. Дали нивната грижа завршува кај животните? Дали на овие активисти кучешкиот живот им е помил од човечкиот?
Ниту едно здружение не се јави што било да искоментира кога „Утрински“ пишуваше за жената што беше нападната од гладни кучиња во населбата Скопје-Север или онаа што додека се враќаше од училиште заедно со своето дете, ја опколија глутница кучиња кај пругата во Маџари. Многумина го паметат и случајот кога во Драчево таксист одбрани жена од бесни пци, како и девојката, која во строгиот центар, смртно преплашена, бегаше од разбеснетите кучиња.
Никој нема ништо против кучињата, но не секој еднакво вљубен во нив. Сите луѓе немаат домашни миленици, некој дури не ја ни разбира големината на таа љубов. Сепак, тоа не значи дека овие граѓани немаат право да се побунат кон соседите, кои редовно ги шетаат своите миленици без соодветна маска. Граѓаните прашуваат зошто истите тие здруженија не се еднакво гласни и во вакви случаи. Речиси никогаш не кренале врева кога домашните миленици го оставаат изметот по парковите пред зградите каде што играат и мали деца. Зошто ништо не прават и во тој правец, па дел од парите што ги добиваат од разни фондови и меѓународни организации да ги искористат и за вакви цели.
Здруженијата за заштита на животни се децидни, тие се подеднакво гласни за сите проблеми, но надлежните институции се глуви. Велат дека Законот има пропусти, но и таков каков што е, бил донесен без тие да бидат консултирани, и покрај нивното инсистирање. Од друга страна, тврдат тие, Законот воопшто не се применува. На терен ги нема општинските комунални инспектори, а и кога се присутни, тие не можат да казнуваат поради недоследноста на општините во спроведувањето на законските одредби. Како што велат во здруженијата, општините немаат поставено доволно маски или одделни садови за да може граѓаните да го фрлаат изметот од своите миленици.
„Долго време укажуваме дека Градот не ја спроведува како што треба програмата за кучињата скитници и тврдиме дека тие повеќе се еутанизираат отколку што се стерилизираат. Покрај постојните закони, државата треба да донесе и закон за обележување и чипирање на милениците, со што нивните сопственици ќе може да бидат повикани на одговорност кога ќе има некаков проблем. Постојано реагираме до институциите, но тие се затворени за нас. Ние можеме само да апелираме. Граѓаните наместо да бараат отчет од институциите, нас не' обвинуваат и ни порачуваат ако толку многу ги сакаме кучињата, да си ги земеме дома. Работите не се решаваат институционално“, вели Столе Велковски, претседател на „Анима мунди“, Здружение за заштита на животните.
И Вангел Мичевски, претседател на здружението „Срце за животните“, вели дека не вреди што постојат законски рамки кога не се почитуваат. Тој тврди дека не реагира МВР, освен кога ќе се крене врева, како што беше случај со убиеното куче во Драчево. Според него, постои Закон за јавна чистота во кој јасно е кажано дека секој сопственик треба да го собира изметот на својот миленик, а потоа и да го одложи во соодветно обележана корпа. Но, ниту граѓаните го прават тоа, ниту инспекторите се доволно информирани да казнуваат. Од друга страна, граѓаните се спречени, бидејќи нема доволно садови за таа намена.
„Општините ништо не преземаат и досега ниту една не одредила соодветна површина каде што може да се шетаат домашни миленици, а Законот не предвидува казни за општините. Не реагира ниту творецот на законот, Министерството за транспорт и врски, кое кога го носеше Законот, воопшто не сакаше да ги консултира здруженијата за заштита на животните ниту, пак, ги информираше граѓаните“, вели Мичевски.
I jas se zgroziv od zgrozuvanjeto na organizaciite za zastita na zivotnite (kucinjata skitnici). Ajde sto sme maltretirani od glutnicite gladni kucinja, ovoj pat celi dva dena bevme maltretirani preku mediumite (pisani I elektronski) za “svirepoto ubistvo”, po duri I MVR morase da dava izjavi za ovoj nastan. Sramota!! Kako li ke reagiraa site ovie dusebriznici do kolku bese napadnat nivni clen na semejstvoto!? Definitivno kucinjata skitnici treba da bidat trgnati od ulicite I soodvetno smesteni, vo sprotivno I ponatamu nie ,gragjanite ke mora da se zastituvame samite kako sto znaeme I umeeme.Sepak covekot e na prvo mesto.
Од: Збунет
Датум: 25.10.2010 13:18:08
Е па вака.
Запад:
- прописни стационари и нега на бездомните животни
- off-leash парк за истрчување на милениците
- казни за несовесните што ги оставаат земените миленици на улица откако ќе им здодеат
- казни за несобирање на измет од „нормалните“ паркови
- доволно корпи за кучешки измет во „нормалните“ паркови
Тука:
- кланица за бездомни животни
- нема локација за домашните миленици
- нема казни за несовесните
- драконски казни за сопствениците на домашни миленици
- не постојат корпи за кучешки измет
Бонус: Глорификација на малтретирање и убивање животни.
Кога некој го копирал запад, ископирал само мало делче. Нека се ископира се комплет и нема да има проблем.
Од: Ристо
Датум: 25.10.2010 13:24:33
Се прашувам кој овдека е во право?Дали вие сто сте го напишале текстот или тие што реагираат за заштита на животните.
Приказната за "оправдување" на насилство врз животните ме подсеќа на онаа сторија од пред некоја година кога на нилскиот кон Ниско крвно му се осветија, освета поради прегризената нога на нивниот роднина.
Сега вие како новинар сте во ситуација како осветниците, односно тие што го подржуваат насилството врз животните.
За разлика од луѓето, животните ја немаат свеста на луѓето, а луѓето се уште помалку свесни од животните, па наместо вината да ја барате во организациите за заштита на животните, пробајте напишете нешто за колку пари се одливаат за шинтерската служба и за стационарот во Вардариште.
Напади на кучиња скитници имало и ќе има, решението е на друга страна не во подржување на насилството. Уверен сум дека нема човек што сака животно да го пушти на улица, а малкумина се такви кој тоа го злоупотребуваат.
Од: граѓанин
Датум: 25.10.2010 13:35:48
Би предложил новинарката првин нека пишува за отпадот што го прават луѓето, Скопје наликува на растурена депонија, а за маските на домашните миленичиња има закон. Зошто ви се трн ��о око кучињата, особено оние бездомните и здруженијата за заштита на животните (кои,за ваша информација, немаат никакви финансиски донации, туку сета помош околу згрижување, лекување ја прават од сопствен џеб и кои во сите меѓународни контакти и организации се споменуваат под уставното име на Македонија)? Белки не го оправдувате монструозното колење на кучето од Драчево, во кое беа дислоцирани сите кучиња од центар за појадокот на мостот. Не мора да сте љубител на кучиња, но не ги малтретирајте како соседката со „хумана“ професија што тресе ѓубре од балкон врз главата на минувачите а клоца животни. Од насилството врз животните мал е чекорот до насилството врз луѓето и општеството како целина. Градот одговара за бездомните кучиња, за секое заловено куче добива по 20 евра, а некои ги заловува и по двапати.
Од: kiko
Датум: 25.10.2010 14:01:28
mene samo me interesira dali nekoe od ovie drustva za zastita na zivotnite doniralo s-va za lekuvanje na povreden gragjanin od kuce skitnik?
Од: Охриѓанка
Датум: 25.10.2010 16:01:14
Живеам во станбена зграда во Охрид. Во истата зграда живее комшивка која чува кучиња во својот стан. По скалите а и во лифтот многу често има измет од нејзините миленичиња. Никогаш не ги чисти а што е најстрашно одбива да плаќа и за чистачката која е ангажирана да чисти во зградата.
Од: Bojana
Датум: 25.10.2010 16:28:45
Vo ovoj nemil nastan ona shto me zagrizuva e deka ako nekoj moze na takov svirep nacin da ubie kuce pa toj vo moment na ludilo moze da ubie i covek! Smetam deka treba i na toa da se obrne vnimenie i da se razmisli koj pominuva pored nas i so kogo ziveeme i rabotime.
Од: Ајван Доктор®
Датум: 25.10.2010 17:07:18
Авторот го брани касапот кој на Најѕверски начин искасапи куче во Драчево!Причината банална-ги лаело неговото дете и жена!?Деновиве читав за сличен Умоболен настан во некое украинско село.Човекот го убил мачето на своето дете,само затоа што сакало да си поигра со него.Го изгризал и му го фрлил во вратот на детето!На Фејсбук гледав домашни „Среќници“сликани пред тело на мачка на која едниот и ја дере кожата.Какви Сподоби!Ова говори за степенот на свеста кај луѓето.Примери има многу,но дали,ако некој човек почне да ми вика пред детето,а такви намќори има еден куп денес,треба да го искасапам со нож?!Та,која е разликата?Овој е дури и поопасен,може да ми извади некое оружје и да го впери во мене!Како тргнало,може и да ме убие без да одговара пред правдата!Дали новинарката знае дека постои закон против суровоста и мачењето на животни и дека ваквото ѕверство е казниво и според кривичниот закон?Сепак,Помили ми се уличните кучиња од ваквите „среќни“Малоумници!(www.ajvandoktor.blogspot.com)
Од: dalmtinec
Датум: 25.10.2010 19:38:01
Во законот за чување на домашни миленици да се внесе и член,за секој љубител на милениче се вгради чип,а исто така да плаќа и еден вид на надокнада за кумунала хигена по примерот на Бугарија во износ околу 2,5Е годишно.
Од: Do site
Датум: 25.10.2010 22:41:40
Mnogu od onie sto macat zivotni stanuvaat kriminalci. Ne mesajte zabi i babi. Opstestvoto treba da najde nacin da gi otstrani kucinjata skitnici i da gi kazni lugjeto kako komsijkata na Ohrigjanka. Vo civilizirano opsestvo zakonite gi prisiluvaat gragjanite da go sobiraat smetot na nivnite zivitni i da placaat na kucniot sovet. Ne znaci deka kucinjata se vinovni ako ovaa ocigledno zlobna i bezobrazna zena ne go pravi toa.
Од: Maja
Датум: 25.10.2010 22:49:59
Jas navistina nemozam da razberam kako avtorov go brani storenoto zlostorstvo vrz nezastiteno kuce !!!!! Sekoj barem malku human covek ne bi mozel moze da zaspie posle scenite od zverskoto ubistvo na taa nevina dusha a ne pak da go obranu...va strasnoto zlostorstvo na direkten ili indirekten nacin.... ZALOSNO !!!!!
Mala e granicata pomegu posegnat zivot na nezastiteno zivotno i nezastiten covek.Denes ke krene noz i ke izbode kuce utre ke krene satar i ke ja izbode komsikata zatoa sto mu ja parkirala kolata pred vrata!!!!
Ne mi e jasno kako ja poistovetuva avtorkava svesta na zivotnoto (posebno zivotnite koi se bezdomnici koi se podlezni na GLAD, ZED, RAZNI UDARI OD LUGETO I IZIVUVANJA koi se razbira deka go koristat instiktot za prezivuvanje (bi ja zaprasala avtorkata da e ona na nivno mesto ne bi go napravila istoto?!))so svesta na covekot .... ?!!
Za razlika od zivotnite nie lugeto poseduvame visoka razvieana svest,koja za zal se poveke se namaluva a lugeto se poveke licat zverovi
Од: goran
Датум: 25.10.2010 23:19:15
Kaznen zakon za nosenje na zastitni korpi na domasnite kucinja nema nikakva logika se dodeka setaat slobodno bezdomni kucinja !?!