Број 3338  среда, 21 јули 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Втора страница

Директорските фотелји поудобни од советничките

Здравев и Бахчовановски вршеа двојни функции речиси три години. Неофицијално, усно ги отстапиле советничките столчиња

Деспина Трајковска


Директорските фотелји, сепак, се најудобни. Тоа, најверојатно, од 1 септември ќе го докажат неколкумина функционери од ВМРО-ДПМНЕ, кои во изминатава година, а некои дури и веќе трета година едноподруго во исто време вршат неколку функции, спротивно на законот. Потклекнати пред ултиматумот од матичната партија, независно што извесен период антикорупционерите и јавноста им укажуваше на судир на интереси, Владимир Здравев, Владимир Бахчовановски и Виктор Камиловски, дури сега го „разбраа“ законот и ќе ги отстапат советничките столчиња.

Сите тројца како едни од најистурените функционери од власта, кои жарат и палат и на локално ниво, сепак, одлучија да се откажат од паралено вршење функции. Директорите, а во „слободно време“ општински советници, наводно, веќе усно ги депонирале оставките што, сепак, треба да се официјализира пред колегите во Советот. Неофицијално, одлучиле да седат само во директорските фотелји. Ниту еден од нив вчера не сакаше да потврди оти и дефинитивно ќе се исправи пред законот дури сега и тоа по партискиот налог, но и директно укажување од министерот за правда, Михајло Маневски.

Единствено Владимир Бахчовановски, директор на Јавното станбено претпријатие и координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општина Центар, вчера потврди дека ќе го испочитува дадениот рок за да одбере само една фотелја. Не потврди која, но извесно директорската во ЈПССДП му е поудобна.

„Ќе го испочитувам укажувањето од партијата, а од која функција ќе се откажам, се' уште не сум размислувал. Сметам дека и на двете го давам својот максимум и придонесувам за доброто и на претпријатието и Советот, односно граѓаните, но од едната до 1 септември сигурно ќе се откажам“, накусо ни изјави Бахчовановски, без да одговори зошто требаше од матицата да му укажат оти незаконски држи двојни функции и да се откаже од едната, иако од него го бараа тоа и антикорупционерите, а го прозиваше и јавноста. „Немам коментар“, дополни Бахчовановски, кој паралелни функции тера веќе трета година. Имено, тој е член на Советот на Општина Центар веќе втор мандат, а истовремено една година е и директор во ЈПССДП откако претходно паралелно со советничкото столче година и половина ја грееше и директорската фотелја во ЈП „Македонски шуми“.

Слична е ситуацијата и со Владимир Здравев, директор на МЕПСО. Актуелен претседавач на Советот во Општина Центар е втор мандат, а трета година му тече во МЕПСО. Кога дојде на чело на Советот, освен што беше и директор во МЕПСО членуваше и во Управниот одбор на јавното аеродромско претпријатие „Македонија“, а кусо време пред тоа беше и директор на Институтот за акредитација. Поради доцнење со депонирање на оставките, неколкупати беше опоменат од антикорупционерите.

Пред две години тие дури и констатираа оти судирот на интереси го демонстрирал за време на гласањето за измена на урбанистичкиот план „Мал ринг“ не повлекувајќи се од гласањето токму за ДУП од кој наводно имал приватен интерес. Досието поради судирот на интереси повторно му се актуализираше сега иако практично трета година тој остана имун на законот. Здравев, кој важи за близок човек на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, сега, сепак, ќе остане само со една фотелја и тоа принуден од матичната партија. Општина Центар, пак, практично ќе остане без „градоначалникот во сенка“ и диригентот во општинскиот Совет, кој има голем удел за реализација на владините проекти што мора да се филтрираат низ локалните канали.

Здравев вчера немаше време за кус коментар околу последните случувања. Недостапен за коментар остана и Виктор Камиловски, актуелен директор на Градска болница и прв човек на Советот на Општина Аеродром. Тој истовремено е и официјален лекар на Македонската фудбалска репрезентација.

Освен Камиловски, кој досега во медиумите воопшто не ги коментирал прозивките на негова сметка, Здравев и Бахчовановски неколкупати повторуваа оти сметаат дека вршејќи ги паралелните функции, не предизвикуваат судир на интереси.

Инаку, од советничките столчиња Здравев, Бахчовановски и Камиловски неофицијално добиваат меѓу 20.000 и 30.000 денари, но и други бенефиции.

Овие тројца се само дел од долгата листа функционери што незаконски вршат паралелни функции. Не само во Општина Центар и во Аеродром, двојни функции се регистрирани и кај функционери во други градови и општини. Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Штип, Зоран Алексов, упати апел до функционерите и советниците во Советот на Општината да се откажат од една од функциите што ја извршуваат. Се чини дека неговиот пример, по урнекот на матичната ВМРО-ДПМНЕ, ќе го следат и останатите негови колеги.


#
Статијата е прочитана 2312 пати.

Испрати коментар

Од: Крт
Датум: 21.07.2010 00:39:01
Ех , на време да регираа овие од ДПМНЕ, да ги тргнеа од двојните приходни места наведените им незаменливи...од уштедените пари можеа на бикот во центар да му ги позлатат и....копитата.
Од: ne e bitno
Датум: 21.07.2010 00:47:49
Mi nalikuva ova se na edna plemenska zaednica vo koja vadeat dve pleminja naizmenicno 20 godini, samo bojata na perduvite im e razlicna... Site tie gi pocituvaat normalno plemenskite pravila koi se postaveni od poglavarot... Zakon, pravo, krivicna odgovornost se poimi koi postojat vo drug sistem so koj, se razbira, plemenskoto ureduvanje nema nikakva dopirna tocka, ni vremenska ni prostorna.
Од: sase
Датум: 21.07.2010 02:53:17
E sega po nivnata ostavka na sovetnicko mesto ke treba i platite da gi vratat sto gi zemale vo izminatiov period,i toa od dvete mesta.Zosto e prekrsuvan zakonot i ne gi otstapile mestata na vreme ,a pritoa znaele deka vrsat kriminal na prisvojuvanje narodni pari.Im se nalozuva zemenite pari da gi vratat vo rok od 30 dena so 10% kamata.Ili zamena za ne vratenite pari ke moze da odlezat po 10 godini zatvor.DOLE LOPOVSKA VLADA...ODETESI...
Од: читател
Датум: 21.07.2010 06:16:33
Членовите на советот во општините кои се и вработени во истата општина не им можи никој ништо така во општина ГРАДСКО советничката Елена Темелковска работи во општината без никаков проблем оти ТАА Е ЧЛЕН НА СОВЕТОТ ОД РЕДОВИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ а и градоначалникот ГЛИГУР КОЦЕВ е од истата партија па за нив не важат законите
Од: viki
Датум: 21.07.2010 07:14:00
sega posle 4 godini kje treba i priznanie da im odademe na funkcionerite na vmro sto tolku sovesno kje se otkazat od nekoja plata
Од: Mitre od dolnidupeni
Датум: 21.07.2010 07:30:29
Direktorite imaat pravo da potpi[uvaat dokumentcinja za isplata i naplata.Paricki se vo prasawe.A i nema so mali plati direktor.
Од: marija
Датум: 21.07.2010 07:45:53
Me intersira dali zakonot predviduva da so APELI im se ostava moznost da funkcioneri koj izvrsuvaat dve ili poveke funkcii sami si izberat fotelja na koja ke ostanat ili so akt od nadlezen organ treba da bidat razreseni , a sigirno deka ke ja izberat onaa fotelja koja im nosi dobra zarabotka.
Од: Goran
Датум: 21.07.2010 08:04:03
Redno e da se svestat site i da go rabotat toa za što se stručni,i dosta im e po edna rabotna obvrska.Ova treba i mora da stane zakon za site ,segašnive i idni koi i da bidat bez isklučok.Dosta e na site strani da drpaat nekoi dnevnici,dodatoci a samo radi red bez da vršat nadzor,sovet da dadat itn.
Од: ivona
Датум: 21.07.2010 10:33:22
e ova e najdobro priznanie kako ovaa vlada gi proneveri narodnite pari ikako go krade 4 godini sopstveniot siromasen narod edni isti luge so po minimum 150 000den mesecni primahja,a nerodot ke plaka danok i se izmisleni kazni za da gi plakaat ovie EKSPERTI, no ova e samo pocetok tek ke sledat kriminalni dejstvija sto treba sega da ni gi razkaze ivo kotevski kako prikazna za miren son .Ovie treba se da vratat i krivicno da odgovaraat,i da gi pritvorat .
Од: Goran
Датум: 21.07.2010 10:44:02
E navistina ova e kapak! Bahcovanski veli deka ke go ispocituva baranjeto na partijata. A zosto do sega ne go ispocituval zakonot? Zar partijata e nad zakonot vo ovaa drzava? Po vakvata izjava, od koja e jasno deka zakonot ne vazi za covekot osven dokolku nema amin od DPMNE, covekov vednas treb da bide razresen od site funkcii.
Од: Иван Спировски
Датум: 21.07.2010 11:08:52
Да има ДПМНЕ барем уште петмина Виктори Камиловци, на следните парламентарни избори СДСМ може да се надева и на 75 пратенички места. Danke Victor!
Од: gledac
Датум: 21.07.2010 11:12:39
Тој што ги предложи за вршење повеќе од една функција сега ги `скара`, и тоа партиски, да се откажат од вишокот функции. Зошто измислуваме дека законите не се јасни кога зборуваме за `нашите`, а спомнуваме морал кога станува збор за `вашите`!?
Од: sirma vojvoda
Датум: 21.07.2010 11:42:53
sud za sekoj ukraden denar,toj den se blizi
Од: BRAVO
Датум: 21.07.2010 11:53:28
nikoj ne kazuva sto ke bide so parite sto gi zemaa do sega, stom protivzakonsko zemale po dve i poveke plati zakonski ke bide i da gi vratat, a tie sto im go ovozmozile toa da odgovaraat. takov e redot neli, ako ima red i zakon. a vaka sto treba da im kazeme BRAVO i na niv i na prtijata demek vo interes na drzavata tie ke se otkazele od nesto sto ne im sleduva. e stvarno BRAVO.
Од: Lisamada
Датум: 21.07.2010 12:07:01
„Ќе го испочитувам укажувањето од партијата, а од која функција ќе се откажам, се' уште не сум размислувал" Pazete ve molam, vo prethodniot tekst za ostavkata na Cvetanov - Izvrsniot Komitet konstatiral i odlucil... I ovde Izvrsniot Komitet im ukazuva, donel odluka i uste da gi zamoli da ostavat nekoja funkcija. I oni pocituvajki ja odlukata na Izvrsniot Komitet ke napustele edna od finkciite. Pa kogo pocituvaat Ustavot i Zakonite ili odlukite na Izvrsniot Komitet!!!!????
Од: od straso
Датум: 21.07.2010 15:29:15
kako da ne i na dvete mesta rabotel za interes na narodot,kako ne go e sram,rabotel za pari a na narodot nisto mu nema pomognato,SRAMOTA ako si prav rabotnik nezavisno od koja partija ke se posvetis na strukata ili na funkcijata,ova ti go kazuva rabotnik koj e posveten na strukata 31 god.a imal uslovi za drugi funkcii.Site vie drugi ste bolni za pari.

Најди! во Утрински
Втора страница
Македонците во Егејска Македонија го прославија Илинден
Канабис, три за сто
Вербатим