Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Мислења

Мислења

Пост фестум

Огнен Малески

Искуството од поранешните избори покажува дека фокусирајќи се на пофалбите, имаме сериозна тенденција да ги забошотиме критичките опсервации и конструктивни укажувања

Мина неполн месец од изборите и во услови на смирени емоции и без еуфорија можеме со студени глави да ги (из)анализираме. Или, ако го позајмиме јазикот и рациото на Крсте Петков Мисирков, да видиме „шчо напраифме и шчо требит да праиме за однапред?“. Добар репер за тоа се Извештајот за првичните наоди на Меѓународната набљудувачка мисија од 6 јуни, како и Извештајот за набљудувањето на предвремените избори на ад-хок комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 20 јуни. Имајќи предвид дека претставниците на Советот на Европа беа дел од поширокиот меѓународен тим, разбирливо е што нивниот извештај во голема мера ги (пре)повторува согледувањата и оценките на првиот. Сепак, одредени нијанси и формулации содржани во него дополнително појаснуваат „што мислел писателот“, особено во поглед на воочените слабости (пропусти) и дадените препораки.

Една стара изрека вели: „Успехот има многу родители, неуспехот е сирак“. Следејќи ја таа логика, успехот за добро организираните избори си го припишуваат партиите, државните институции и (со нагласена дискреција) одделни меѓународни фактори. И тоа би било в ред доколку на генералната и широко прифатена оценка дека предвремените избори беа „компетитивни, транспарентни и добро спроведени насекаде низ државата“, не се надоврзува и едно „но“. Тоа „но“ се однесува на „некои аспекти (кои) налагаат натамошно внимание“. Немам апсолутно намера да ја девалвирам оценката за успешноста на изборите, пред се' затоа што не би одговарало на вистината, ниту да ги дезавуирам позитивните одгласи на кои наидоа кај меѓународната заедница. Тоа што ми смета е што за оние „некои аспекти“ веќе никој не зборува, не ги коментира, ниту, пак, јавно, па нека биде тоа и само декларативно, превзема обврска дека ќе стори се' истите да се решат (надминат) во што е можно покус рок. Имено, искуството од поранешните избори и објавени извештаи покажува дека фокусирајќи се на пофалбите, имаме сериозна тенденција да ги забошотиме критичките опсервации и конструктивните укажувања, потсетувајќи се на нив во „пет до дванаесет“ пред некои идни вонредни или редовни избори.

Во генералната оценка на Советот на Европа како најсериозен (негативен) аспект е издвоено „замаглувањето на линијата меѓу државата и партијата“ (нам постарите добро познато од некои други времиња кои пежоративно се нарекуваат „едноумие“). Во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, во врска со оваа појава се нагласува дека недоволната одвоеност меѓу државата и политичките партии е спротивна на ставот 5.4 од Документот од Копенхаген од 1990 година. Тврдењата за наводниот притисок врз државните службеници за поддршка на владеачката партија, од страна на набљудувачите се оценети како веројатни, со напомена дека е забележана и злоупотреба на административни ресурси. Претпоставувам дека на обичниот граѓанин ниту ставот 5.4, ниту воопшто Документот од Копенхаген не му значат нешто многу. Но, експертите, а посебено политичарите, треба да бидат многу свесни за тежината на изречената оценка за кршење на толку важна одредба од темелниот документ на ОБСЕ.

Иако општата оценка за правната рамка во основа е добра, сепак не изостануваат забелешките дека спротивно на духот на член 65 од Кодексот на добра пракса за изборни прашања на Венецијската комисија, Изборниот законик беше изменет и дополнет на само два месеца пред изборите и тоа во услови на отсуство на опозицијата и со тесно мнозинство. Поради краткиот рок недостасуваше и коментарот, односно мислењето на Венецијската комисија на предложените промени.

Посебна приказна се избирачките списоци. Проблемот со нивната ажурност е спомнат и во двата извештаја, при што се нагласува дека тој се повторува уште од 1994 година наваму (!). Ад хок комитетот на Советот на Европа е на мислење дека системот на изготвување на избирачките списоци е многу компликуван. Тие не добиле било какво убедувачко објаснување во врска со малата разлика меѓу бројот на македонски државјани (приближно 2,1 милион) и бројот на регистрирани гласачи (над 1,8 милиони). ОБСЕ/ОДИХР, пак, препорачува превземање активности за целосна ревизија и проверка на единствениот избирачки список, со што би се избегнал присутниот сомнеж во неговата вистинитост.

Од забележаните и нотирани (според нашите стандарди „ситни“) пропусти на самиот ден на изборите, би го издвоил семејното гласање кое е нотирано на дури 15 отсто од избирачките места. Тоа што го има во извештајот на Советот на Европа, а од разбирливи причини и не можеше да се најде во извештајот на ОБСЕ/ОДИХР, е апсењето на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски, како и убиството на младиот Мартин Нешковски, при што во овој случај се бара темелна и транспарентна истрага и изведување на сторителот пред лицето на правдата.

Целата слика за овие втори по ред предвремени парламентарни избори на некој начин ја заокружуваат медиумите, област во која во извештаите на Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР се констатираат сериозни пропусти, што фрла дополнителна негативна сенка на општиот, инаку позитивен впечаток за изборите.

П.С. Кога сме кај изреките, особено ми се допаѓа онаа на познатиот американски хуморист и сатиричар Арнолд Глазгов, кој во една пригода ќе напише: „Успехот е многу едноставна работа. Направи го вистинското нешто, на вистински начин и во вистинско време“.

Во наредниве 4-5 недели би можеле да го очекуваме конечниот извештај на ОБСЕ/ОДИХР, кој сигурно нема во многу да се разликува од првичниот и оние што му претходеа. Тој заедно со Извештајот на Советот на Европа треба многу сериозно да се земе, особено во делот на препораките. Показател на вистинска зрелост на демократскиот систем и на чувството на одговорност од страна на власта и државните институции во една земја кандидатка за членство во ЕУ, која очекува скорешен датум за започнување преговори, би било отворање на целиот комплекс прашања врзани за изборната регулатива уште во првата година од функционирањето на новиот парламент. И тоа не само прашањата што се нотирани во нив, туку и оние што по овие избори уште повеќе се присутни во македонската јавност, а тоа е оправданоста од натамошното практикување на актуелниот изборен модел.

(Авторот е поранешен дипломат)


#
Статијата е прочитана 955 пати.

Испрати коментар

Од: Lazo Stefanov
Датум: 01.07.2011 06:31:24
Izburackiot spisok e navistina katastrofa! Zar seuste e dopusteno 15% do 20% od vkupnoto naselenie da ima pogresni podatoci kaj ti zjivee?
Од: Manipulacii kolku sakas
Датум: 01.07.2011 09:49:09
Vo izbirackiot spisok i posle navodnoto" procistuvanje" ima od 100000 do 150000 visok na glasaci, ,odnosno izbiraci koi postojat samo na spisok i so koi se manipulira. Toa mu e jazno na sekogo. 2,1 milion stanovnici da imaatpove'e od 1,8 miliona glasaci?! Sproveduvanjeto pak na izborniot proces vo dijasporata bese vistinska komedija i katastrofa. So okolu 4000 glasaci od dijasporata se izbraa 3 pratenici, odnapred odredeni i "slikani".
Од: stelu
Датум: 01.07.2011 11:54:23
samo toj sto ne ucestvuvase direktno vo izborniot proces moze da kaze deka izborite bea uspesno sprovedeni. Zosto nikoj ne zboruva za psihickata tortura nad clenovite na izbirackite odbori od strana na renomirani clenovi od VMRO-DPMNE, za direktnoto pomaganje od strana na policijata na vladejackata partija, za podmituvanjeto so pari na samiot den na izborite ( potvrda na toj fakt e rabotenjeto na postite kade sto se isplakaa parite na glasacite) nosenjeto resenija za dobivanje socijalna pomos na graganite koi go izgubija pravoto na ista po fantomskite osnovi i dr. Znaci politicki e stavot deka izborite bea uspesni. A nesporen e faktot deka clenovite na izbirackite komisii i posmatracite od opozicijata bea izlozeni na klasicna tortura.

Најди! во Утрински
Мислења

"""