Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

 

Овен

Сакате сите да се однесуваат онака како што вие сте зацртале. Е, па така не може. Размислете малку и за туѓите потреби и обидете се со нив да се усогласите. За проблемите сами сте виновни.



Бик

Поседувате голема количина енергија, имате успех со сите оние луѓе што се поврзани со вашата работа и унапредување. Доколку се фокусирате на партнерот само ќе се нервирате.



Близнаци

Повторно постигнавте хармонија, па релативно добро функционирате. Успешен ден ги очекува креативните и комуникативните припадници на овој знак. Ќе остварат одличен успех на сите полиња.



Рак

Разните случувања, комуникации, телефонски разговори - ќе направат да чувствувате потреба за самотија и одмор. Нема да бидете во ситуација да го реализирате тоа, но материјално стимулирани, нема да ви биде жал.



Лав

На доживувањата гледате трагично бидејќи почнавте да се плашите за сопствената безбедност. Ниту партнерот ниту оние што ве сакаат не можат да го ублажат овој песимизам.



Девица

Иако сте припадник на практичен знак, поседувате исклучителна фантазија и уметнички афинитети. Доколку се наоѓате во таа бранша, пред вас се само успеси.



Терезија

Фантазирате како од милионер да направите милијардер. Машките припадници на овој знак вредно работат на тоа. Најдобро би било да им се приклучат и жените.



Скорпија

Доживувањата поврзани со љубовта, партнерот и со децата прават да се чувствувате подобро и да заборавите на проблемите. Денес партнерот толку ќе ве возбуди, па ќе заборавите на се' друго.



Стрелец

Иако сите ви велат дека не сте во право и ви го покажуваат вистинскиот пат, вие си терате по свое. До кога ќе можете така да се однесувате? Сигурно додека имате пријатели што можат да ве слушаат.



Јарец

Се обидувате да се изолирате и да заборавите на непријатностите што подолго време ве измачуваа. Не дозволувајте средината да влијае на вашето расположение.



Водолија

Ќе се најдете во ситуација да се нервирате за мали работи, а најмногу за вашиот партнер. Сами го избравте, па сега и сами можете да влијаете на него. Сепак, сфатете едно, работите не се менуваат преку ноќ.



Риби

Доживувањата поврзани со вашето семејство ве тераат да размислувате. И вам ви е потребна помош, па дополнително ќе се нервирате. Свртете се само кон оние работи на кои можете да влијаете.




#
Најди! во Утрински

"""