Брoj 2803  сабота, 04 октомври 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Наука
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
На прво место

Гејтс во последна рунда дипломатија на Балканот

Американскиот секретар за одбрана, Роберт Гејтс, идната недела доаѓа во последна рунда дипломатија на Балканот. Гејтс ќе биде гостин на македонската Влада која во Охрид организира Конференција на министрите за одбрана од Југоисточна Европа.

„Интернешенел хералд трибјун“ во опширната репортажа за Македонија под наслов „Последната кампања за Александар“, со посебен осврт кон грчко-македонскиот спор и препреките што ги создаде врз македонските евроатлантски аспирации, напиша дека „секретарот за одбрана, Роберт Гејтс, ќе ја посети Македонија следната седмица во последната рунда дипломатија на Америка и НАТО на Балканот“.

Со оглед на претседателските избори во Америка, што ќе се одржат на 4 ноември, тоа веројатно ќе биде и последната посета на претставник на администрацијата на Џорџ Буш на Македонија. Америка, под водство на Буш, важеше за силен лобист за зачленување на Македонија во НАТО и гориво во машинеријата на Метју Нимиц, посредникот на Обединетите нации во решавањето на грчко-македонскиот спор.

Македонски министер за одбрана (тогаш беше Лазар Еленовски) ја имаше својата последна средба со американскиот колега на самитот на НАТО во Букурешт во април годинава и претходно во Вашингтон во февруари, во рамките на гостувањето на министрите од Јадранската група.

Македонската влада вчера потврди дека Гејтс доаѓа во Македонија, но не ја коментираше посетата и најави дека ќе издаде посебно соопштение во почетокот на идната седмица.

Гејтс во Охрид се среќава со комплетниот државен врв почнувајќи од претседателот Бранко Црвенковски, премиерот Никола Груевски и првата министерска постава во кабинетот на шефот на Владата.

Очекувањата се дека секретарот за одбрана на САД ќе изврши дополнителен притисок врз Македонија за забрзување на преговорите за името и решавање на овој спор, со цел тој да не биде повеќе пречка во меѓународната стратегија каде што спаѓа и политиката за проширување на НАТО со нови членки. (С.К.)


Статијата е прочитана 352 пати.

Испрати коментар

Од: dedo dimo
Датум: 04.10.2008 13:16:52
Yanke go home before you entree MACEDONIJA .Wee a not for sale ,GO HOME.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
На прво место
Расте притисокот за признавање на Косово
Хашките предмети во менгеме
Лидерите в понеделник ќе расправаат за името