Број 2849  петок, 28 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Забава

Николина Пишек

Жал ми е за студентите што ја напуштаат куќата

Николина Пишек, една од водителите на „Операција триумф“, за шоуто, својата ќерка, љубовта и за готвењето

ВАЛЕНТИНА ТОДОРОВСКА

Николина Пишек е една од најубавите хрватски водителки. Освен овој видлив адут, таа има и кец во ракавот - совршена контрола над чувствата, па така емоциите не и' дозволуваат да нурне во декадентни ситуации. Затоа убавицата најчесто е на победничката страна. Нуркањето, пак, е резервирано за нејзиното долгогодишно момче - познатиот ас во овој спорт Кристијан Цуравиќ. Што да се каже уште за водителка со од на ранета срна? Енергична, комуникативна, мајка на 11-годишната Хана, секој понеделник во „Операција триумф“ измамува воздишки и на машката и на женската публика. Нејзината привилегија е, вели, што луѓето најчесто и' приоѓаат со насмевка и со убав збор, а овој период и' е навистина погоден - целосно е во филмот на реалното шоу „Операција триумф“.

- Шоуто трае осум недели и дојдовме до фазата кога ни е жал за студентите што ја напуштаат куќата. Се спријателивме и се зближивме и сите тие момчиња и девојки навистина многу се трудат, даваат се' од себе... Ме теши помислата дека сите тие ќе имаат шанса добро да ја искористат оваа ТВ-промоција. Инаку, целото шоу навистина е фантастично, ние, водителите, се дружиме и приватно, совршено се надополнуваме и толку добро познаваме што дава посебна магија на сцена.

Како водителски квартет одлично функционирате, но со Маца комуникацијата ви оди посебно. Балканскиот менталитет е секогаш неодолив во својата непредвидливост?

- Да, Маца е особен и, дефинитивно, добро се согласуваме. За него не може да се каже дека е водител, туку шоумен. Прекрасна личност. Кога ќе се спомне балкански, словенски менталитет, сите некако бегаат од него. Зошто? Според мене, балканското е искрено, спонтано, не го гледам и не го толкувам од негативната страна. Маца е непредвидлив, спонтан и заштитнички настроен. Секогаш можеш да се потпреш на него и да живееш со помисла дека никогаш нема да те остави на цедило.

Го спомнувате заштитничкото кај Маца, а изгледате како жена која секогаш се' може сама?

- Тоа правило важи, но е згодно ��а се знае дека можеш да се олабавиш. На стејџот има милион непредвидливи околности - нешто да не слушнете, да не изреагирате и добро е да имате некој што ќе скокне напомош. И тоа ќе се третира како шоу, а не како грешка.

Имате диплома од архитектура во фиока. Што е со стажот во оваа ваша примарна професија?

- Моментално примарната професија мирува. Но, работев на театарски сценографии во Загреб и во Осиек, во продукција на рекламни спотови во Хрватска и во Италија. За време на студирањето пишував, имам новинарско искуство и медиумите ги запознав рано. Тогаш многу повеќе ми значеше да го видам своето име зад текстот отколку денес да добијам насловна страница во некое списание.

Има една предрасуда врзана за убавината и слабата интелигенција на жената, веројатно смислена од грдите припадници на понежниот пол. Колку ви е тешко да ги уривате предрасудите дека убава жена не значи и глупава?

- Секоја предрасуда се темели на полувистина. А тоа дека на убава жена задолжително и' прикачуваат дека е и глупава верувам оти е од потребата да и' се најде мана. Знам многу жени кои се интелигентни и образовани. Еве, на пример, водителката Ана Михајловски е убава жена, ама со оглед на тоа колку е духовита, тоа е најмалку битно.

Никогаш не сте криеле дека имате направено корекција на градите и на устата, а многумина ви забележуваат на „пластичниот изглед“. Во што е најдобро да се инвестира и дали би коригирале уште нешто кај себе?

- Навистина е видливо кога некој се чувствува добро во својата кожа. Подобро зрачи, има добра енергија и затоа секогаш ги оправдувам потфатите на пластичните хирурзи, особено кога не постои страв да се сменат нештата. Да, ми забележуваат на пластичниот изглед, но јас го сфаќам тоа како комплимент. Во овој момент не би правела никаква корекција, но немам предрасуди ниту можност да предвидам што ќе посакам во иднина. Со сите хормонални турбуленции што си ги имаме ние жените еднаш месечно, себе си се гледаме полошо одошто сме.



Како се однесуваат луѓето кон вас?

- Моето мото е не им го прави на луѓето она што не сакаш да ти го прават тебе. Во принцип, јас сум личност која не губи контрола и со тоа многу почесто се наоѓам на победничка страна. Препуштањето на емоциите навистина знае да направи проблем така што сум објективна и реална. Би сакала да е тоа случај и со другите, така би имале помалку кавги.

Користењето на разумот наместо срцето е особина на повозрасните. Кога го научивте тоа?

- Многу млада, со 22 години станав мајка и бев сама со детето. Сама се издржував и пораснав преку ноќ. Бев принудена да бидам сериозна, имаше многу изгореници, ама без нив остануваш дете засекогаш.

Денес малку жени се осмелуваат на таков чекор. Што би им порачале на оние што го одложуваат моментот да станат мајки затоа што се сами?

- Мојата желба не беше да бидам сама и сама да ја растам ќерка ми Хана. Така испадна, но супер е! Кога ќе се свртам зад себе, просто не можам да сфатам дека сето го минав сама. Кога ќе ве фрлат во ладна вода, гледате само да испливате - со бебето го поминав факултетот, сите големи работи, разочарувања, паѓања и станувања... Имам пријателки кои постојано го одложуваат моментот да станат мајки. Затоа што секогаш нештата можат да се унапредат, сите ние сме перфекционисти и чекаме подобро време за родителство.

Каква мајка сте? Попустлива?

- Хана има 11 години и имаме извонреден однос. Не можам да кажам дека односот мајка - ќерка, колку и да е другарски, не донесува рестриктивно однесување. Некогаш пресекувам зашто, во спротивно, децата и самите би можеле да се гледаат. Хана е склона да ми ги прераскаже своите проблеми, да ми ги каже оценките. Совесна ученичка е, за разлика од мене на нејзини години.

Медиумите уредно известуваат за вашата врска со нуркачот Кристијан Цуравиќ. Што беше пресудно да сте со него? Што треба да има маж за да ве задржи?

- Не знам што беше пресудно за нашиот однос, еве сега седи до мене, па не сакам да му упатувам комплименти за да не се вообрази... Едноставно, заискри меѓу нас, и со време воопшто не размислувавме за големите нешта. Така спонтано почнавме и да живееме заедно, а тоа да не ни биде чудно.

Не упаднавте во класична женска замка да го менувате?

- Не би ми паднало на ум затоа што тоа не би бил истиот човек во кој се вљубив. Оние што сакаат нешто имаат проблем. Важно е разбирањето, немам ништо против ��авги кога се конструктивни. Така се решаваат проблемите, не се пикаат под тепих за да ескалираат до димензија која не може да се контролира. Се обидуваме да сме корисни еден на друг и да си помагаме.

Работевте на националната Хрватска телевизија. Дали трансферот што го направивте во ТВ Нова ви овозможува луксузен живот?

- Не би го нарекла тоа луксузен живот, туку живот без поголеми проблеми - да не размислувам дали да купам нешто што ми се допаѓа, да отпатувам, да се среќавам со луѓе... Сега проблем ми е единствено времето. Патем, и во ХТВ добро заработував. Ја сменив работата откако почувствував потреба за промена, за да се мотивирам, да почувствувам жар, други емоции. Таа промена не беше радикална зашто и денес ги среќавам луѓето што ги знаев од старата работа. Како фамилија сме.

Зад себе имате и манекенско искуство. Бевте ли среќна во таа професија?

- Манекенството траеше кусо време и, всушност, беше младешко испитување на себеси. Со 17 години бев во Италија и заклучив дека сакам да го завршам образованието, ми беше рискантно да останам во манекенството, особено кога станав мајка. Не можев себе си да си дозволам долг афирмативен пат зашто и тоа дете требаше да живее од нешто.

На еден од порталите излезе веста дека би се сликале за српскиот „Плејбој“. Веројатно за висока сума?

- Веста е сосема неточна. Немам таква намера, иако бев фотографирана за хрватскиот „Плејбој“. На насловната страница се појавив само со глава, а фотографиите внатре беа навистина прекрасни - дискретни и женствени. Сликањето го направив од пријателски причини, за џабе, и покрај тоа што многумина мислеа дека зедов многу пари.

Ве сакаат ли медиумите? Дали сте им на удар, ви импутираат ли приказни?

- Немало некакви особени трачеви за мене, но и некоја погрешно интерпретирана информација во медиумите не може да ме вознемири. Најнепријатно беше пуштањето на моја разголена фотографија на Интернет. Ама и тоа не беше трауматично.

Сте биле ли во Македонија? Што сте слушнале за нас?

- Не сум била, ама многу убави работи слушав за Охрид. Таму татко ми служеше војска и неговите приказни за Македонија се преубави, за преубавото езеро. Имам и еден ѓердан од охридски бисери.

Николина зад шпоретот. Го има ли тоа во реалност?

- Пред неколку дена испеков кокошка, ама не готвам, немам слободно време. Најчесто се хранам во ресторани или нарачувам храна дома. Инаку, би сакала да се релаксирам со готвење - кога е ретко, кога не е обврска, тогаш е релаксација. Сакам да јадам и бидејќи се занимавам со спорт, повеќе ми годи месо. Во Белград се јаде многу убаво.

Каде ви се движат мислите врзани за обврските во иднина?

- Јас сум повеќе опортунист. Не правам петгодишни планови, туку ги проценувам случувањата и ги одбирам приликите.


Статијата е прочитана 2719 пати.

Испрати коментар

Од: Iko
Датум: 28.11.2008 11:56:07
neka si gi zeme doma, ako i e tolku zal!!!
Од: Branko
Датум: 28.11.2008 12:33:09
Kristijan bese nepismen: neznaese so e persiranje, demek neznael srpski. a zbrot e stranski. za nego ne mi e zal so ispadna. sekogas koga ke kazese nesto (ili srkase supa) mi bese sram. A sega gleam ni Aleksandar nema opsti poznavanj. Ne znael koi se Bitlsi a saka da bide peac. Neznam koj gi biral, no sledniot pat neka odberat neki poobrazuvani kandidati. Ni ja brukaat zemjata.
Од: mil moj
Датум: 28.11.2008 14:28:44
Да Ви кажам право, синоќа гледав пресек на денот операција триунф.Се изненадив која Александар не знаеше 29 Ноември кој празник е и зошто се празнувал.Убаво му кажаа дека Македонците ништо незнаат за Бивша Југославија.Срамота учат ли нешто разговарале ли родителите дома дека некогаш празникот се славеше и дека на неговите родители тааа Бивша Југославија ги пораснала и Александар и сите деца од неговата генерација.Дали некој ќе му каже да си остане чутлив како што си беше.
Од: Dario
Датум: 28.11.2008 16:45:38
Nikolina e stvarno super...A za makedonskite kandidati do nekade se soglasuvam so ostanatite komentari no vo slucaj nekoj od nasite i ju zvezdi da se najdat 2-3 meseci vo taa akademija kade kamerite se ukluceni 24 casa i ti ke se odnesuvaat taka i sigurno ke kazuvaat uste pogolemi gluposti od ovie.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Забава
Ниски страсти
Кабелските оператори работат по свој избор