Број 2855  петок, 05 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен

Понекогаш е тешко да се признае личниот пораз пред соработниците, но на таков начин добивате нова можност за да ги остварите своите намери. Вашата идеја не може да заживее во реалноста, без нечија поддршка и практичен совет. Претпазливо анализирајте ги новите пораки што ги добивате од саканото лице. Немојте да ги игнорирате туѓите зборови или прекорувањето од другите.



Бик

Доколку премногу се внесувате во улогата дежурен критичар, потребно е да се соочите и со негативните реакции што стигнуваат од вашите соработници. Не можете секогаш да влијаете на туѓото мислење или однесување, прифатете ги реалните можности. Избегнувајте ситуации кои се премногу провокативни или, пак, не им одговараат на вашите емотивни афинитети.



Близнаци

На состанок со соработниците сте замислени и барате практични решенија за заедничките дилеми. Не бидете премногу наметливи, препуштете им на другите да зборуваат за вашите способности или во ваша корист. Покажете голема великодушност пред саканото лице. Избегнувајте ривалски однос.



Рак

Доколку вашите чувства се наоѓаат пред разумот, сигурно постои и добра причина. Контактирајте со лицето што ве поттикнува на креативно изразување или на добро расположение, здружете ги работните интереси. Чувствувате голем емотивен занос во нечија близина. Понекогаш и оние чудесни желби можат да се остварат, важно е работите да ги именувате со вистинското име.



Лав

Немојте да дозволите некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ги ограничува вашиот работен и приватен живот. Вам ви останува да им предложите на вашите соработници ново или корисно решение, кое треба да ги задоволи различните интереси. Понекогаш губите разум или трпеливост пред едно блиско лице. Премногу сте напнати во нечија близина.



Девица

Моментот е да ги забрзате некои работно-финансиски договори. Непотребно ја одложувате ситуацијата што го нарушува одвивањето на работните соработки. Постојат случувања на кои немате големо влијание, некој друг има поголема моќ и ги одредува работните правила. Потребно е да бидете олабавени пред блиското лице.



Вага

Важно е да останете доследни во својата намера, околината има доволно интересирање да ги поддржи вашите работни идеи. Потрудете се да ги претставите своите способности во одбрано друштво и на одговорен начин. Контактирајте со лицето што ви овозможува емотивно задоволство. Во ситуација сте да го споите убавото и корисното.



Скорпија

Нема потреба да се однесувате себично во работните состаноци, бидејќи информациите и ветувањата што ги добивате не претставуваат гаранција за добивка. Доколку имате добри идеи, проверете го нивниот тек во кругот на соработниците. Потрудете се бидете заводливи или неодоливи во друштво на партнерот.



Стрелец

Избегнувајте ја заострената кавга со соработниците или со лицето што ве уценува со одредени услови. Не можете на секого да му угодите, но не треба да ја занемарите позитивната страна на партнерството. Потребна ви е нечија искрена поддршка или лице со кое можете да изградите чувство на доверба и емотивна блискост.



Јарец

Моментално своите желби сте ги замешале во различни ситуации, а сега барате излез или практично решение. Зачувајте го присебниот дух, секој проблем има потенцијално добро решение под услов да прифатите нечиј совет во позитивна смисла. Избегнувајте ривалски средби или изненаден излив на љубомора на средбата со блиското лице.



Водолија

Вашата работна стратегија не наидува на одобрување од страна на одредени соработници. Ви останува да го прифатите компромисното решение. Постапете во согласност со своето убедување. Нема причина да го прикривате своето нерасположение пред лицето што ве познава добро. Потиснувањето на чувствата ќе ви ја зголеми нервозата.



Риби

Договорот со едно лице ве обврзува на одредена дискреција. Меѓутоа, вие имате друга идеја за да ја избегнете споредната улога во работно- финансиската соработка. Добро размислете пред да го преземете следниот чекор. Партнерот е незадоволен и мрзлив поради недоволно искажаната љубов и потреба. Понекогаш посакувате повеќе отколку што е возможно.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ