Број 3271  петок, 30 април 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил
Магазин

Site Meter
Едиторијал

ЕДИТОРИЈАЛ

По Тито, Груевски

Соња Крамарска

ВМРО-ДПМНЕ ќе го слави 20-годишниот јубилеј од своето постоење дури 50 дена. Ќе организира разни манифестации, трибини, средби со граѓаните. Ќе прави огномети. Земјата ќе се тресе. Централниот митинг со кој ќе биде заокружена прославата ќе се одржи во Скопје на 17 јуни. Темпиран е да се совпадне со одржувањето на самитот на ЕУ, кој ќе биде уште еден во низата јалови европски самити за Македонија.

Што мислите, што ќе се говори на големиот митинг на 17 јуни? Ќе се глорифицира херојското држење на ВМРО-ДПМНЕ во спорот за името. На македонските граѓани ќе им биде инфузирана уште една ударна доза на национализам и патриотизам. И сето тоа, само за да се прикрие неспособноста на една владејачка гарнитура да ја поведе земјата кон прогрес и просперитет.

Се случуваат настани што се речиси идентични со оние пред самитот на НАТО и по него, во Букурешт, 2008 година. Кога сите сметаа дека Груевски ќе има проблем да објасни зошто Македонија не стана членка на НАТО, тој го претвори тоа во победа. И во уште еден мандат владеење.

Сега ситуацијата се повторува. Исто место, исти актери, иста сцена, само што наместо НАТО, стои кратенката ЕУ. Нема да биде ништо чудно ако по јунаштвото искажано кон грчките барања, Груевски посегне уште еднаш по оружјето што ќе му помогне да го продолжи своето владеење: вонредни парламентарни избори.

Мао Цедунг, Тито, Фидел Кастро можат да му завидат на македонскиот премиер Никола Груевски на почестите што ги добиваат тој и неговата партија. Недостига уште предавање штафета со добри желби и слет на плоштадот во Скопје. На локацијата каде што ќе стои Александар со коњот може да се изгради привремена бина за неговите историски наследници.

Такво величење на политичка партија на власт не се случило во историјата на современата политика, ниту на Балканот, а ниту, пак, пошироко.

А, ќе има ли воена парада? Да ја покажеме силата и моќта на Република Македонија. Да му покажеме на светот, а и на Грција дека ништо не ни можат. Едно име имаме, во душата го носиме.

По изјавата на Груевски дека тој ќе гласа на референдум против името Република Северна Македонија за сите меѓународни употреби, сите партиски првенци се натпреваруваат да го кажат истото. Влатко Ѓорчев, Илија Димовски, Силвана Бонева. Останатите дале заклетва пред камата и револверот, а наместо Библијата, ја користат Програмата за преродба - надоградена и проширена.

Македонија опасно врти кон национализам и изолација. Не политичка изолација, бидејќи никој во светот не е изолиран. Дури и лидерите на Северна Кореја, Иран, Куба, Венецуела имаат политички средби со странски државници. Говориме за социјална и трговска изолација, кои најмногу ќе го погодат македонскиот граѓанин.

Мотото на прославата на ВМРО-ДПМНЕ е „За татковината се работи - ВМРО-ДПМНЕ партија на големи одлуки“. Дали? Во изминатите четири години видовме ситно менаџирање и купување на симпатиите на гласачите со класични популистички мерки. За жал, ниту една крупна одлука што ќе ги зајакне стратегиските позиции на државата не е донесена. ВМРО-ДПМНЕ не е партија на големи одлуки.

Ако беше партија што носи големи одлуки, во јуни ќе го славевме почетокот на преговорите за членство во ЕУ. Македонија, исто како и Албанија деновиве, ќе му беше домаќин на генералниот секретар на НАТО. Премиерот Груевски минатиот месец ќе отидеше на вечера во Прага со американскиот претседател Барак Обама, кој ги покани лидерите на новите земји-членки на НАТО.

Меѓутоа, реалноста е поинаква. Гледано од тој аспект, не е ни чудно што ВМРО-ДПМНЕ следните 50 дена ќе сее оптимизам меѓу македонските граѓани. Песимизмот веќе чука на голема врата.


#
Статијата е прочитана 3984 пати.

Испрати коментар

Од: poni
Датум: 30.04.2010 00:12:02
Dpmne koga bese osnovan ne e vistina deka bese za samostojna makedonska drzava. Neka ne se falat,se zalagaa za opstojuvanje na poranesna SFRJ preku preureduvanje na odnosite vnatre vrz konfederativen odnosi. Taa e vistinata,a dali bilo dobro ili loso toa e drugo prasanje
Од: patricija
Датум: 30.04.2010 00:31:57
taka e. Treba da se donese golemata odluka i da se smeni imeto i site srekni imveseli vednass da odime vo EU i NATo, med i mleko da potecce i site problemi da se ressat. narodot da se vraboti, investicci vednass ke dojdat. problemot bil samo vo nekakvo zborcce ssto trebalo da stoi na latinica. Proccitajte samite ssto pissuva na naslovnata strana na vassiot sopstven vesnik, ssto se sluccuva vo grcija i Evropa, pa toa e raspad, kade brzame vekje. nissto od pred edna godina vekje ne e isto.
Од: Prijatel
Датум: 30.04.2010 01:19:00
Bravo VMRO na celo so GRUJO pozdrav do Prijatelite.......
Од: jovan
Датум: 30.04.2010 01:23:19
Pa ubavo sto mu teknalo na Premierot da slavi i sto saka svojte halucinacii da gi spodeli so site nas. No ne mu treba tolku mnogu denovi, dovolen e i eden den, se ni e jasno. Mu posakuvam se najdobro, pred se uspeh i napredok posebno vo rabotata, mnogu sreka i zdravje(po naski) i sto poskoro da ni se vrati vo realnosta.
Од: Vangel
Датум: 30.04.2010 01:28:09
Go pretera Sonja. Do koga ce bides rob na samata sebe?
Од: Kimov
Датум: 30.04.2010 03:29:03
Za dgabe go napagate covekot. Gruevski e naj baraniot i naj sakaniot covek od naropdot Makedonski. Edvam cekam koga ke ima novi izbori da vi go dokazi toa narodot Makedonski. Ne samo vo Makedonija tuku i vo egejskiot i pirinskiot del na Makedonija i celata diaspora vo svetot.
Од: mitko vika makedonsko ime nema da zagine
Датум: 30.04.2010 03:41:32
VMRO ne e partija na golemi odluki? Ne naveduvas koi odluki trebase da gi donese VMRO za da bidat pokaneti Makedoncite da veceraat so Obama vo Praga! Valjda ne mislis deka trebase da go smeni nasiot identitet kako sto baraat Grcite? A jazikot da go smenevme ke veceravme li tamu?
Од: Лазо Стефанов
Датум: 30.04.2010 06:39:54
Ќе се извикува: ,,Животот си го даваме, името не го даваме„, а ако има и воена парада, тогаш и нешто пожестоко.
Од: Hari
Датум: 30.04.2010 08:49:21
So zalenje moze da konstatiram deka celiot problem ne e vo nekoi bolni umovi tuku vo narodot koi uporno e gazen i ponizuvan i diskriminiran a za pljackan da ne stane zbor i povtorno mu dade podrska? Inteligencijata na ovoj narod? Pa ne popusto formiravme drzava duri 100 godini pokasno od sosedite, i toa blagodarejki na Tito, no toa e toa trpi narode.
Од: од внукот на ДЕЛЧЕВ
Датум: 30.04.2010 08:51:08
Да беше само името можеби досега и ќе се решеше наметнатиот проблем од Грција.Сепак новинарката во целиот текст испушта еден почуствителен проблем кој ако не сега-сигурно покасно ќе ни биде наметнат-идентитетот и тоа токму пред некоја значајна одлука за нас-пред некоја ратификација за влез во НАТО или ЕУ во Грчкиот парламент.Тогаш пак ќе бидеме условувани за промена или нема ратификација-зарем новинарќе незнаевте или вам така ви чини дека дека со потписот за промена на името со грците се е расчистено-нивната самобендисаност на Балканот има ли крај,со нивното потценувачко однесување кон сите соседи.
Од: Sudija
Датум: 30.04.2010 09:05:16
Za imeto, vladata trebashe jasno da objasni deka OON se vinovni za nelegalnata postapka i uslovite za priem vo ON!!! Vaka, posledici se negativni za drzavata!
Од: Трпе
Датум: 30.04.2010 09:08:34
Неможе да се направи никаква споредба со ТИТО и ГРУЈО,разликата е многу голема.Првиот имаше многу цврст карактер а вториот сака да се крие само позади друг.Вториот сака ,само да го копира првуиот.Само копијата е многу лоша.Човекот има комплекс за аплаузи,му фалат уште фрлање на цвекиња кога поминува.Но тоа му е останато од детството,кога на вратот имал црвена марама а на глава титовка.Само што педесетдневни прослави немаше во времето на социјализамот се празнуваше само 2 дена и тоа 29 и 30 ноемри,како продолжен викенд.А се прашувам дали за 31 август ке има штафети и слетови за четириесет годишнината од рагањето ни на владетелот.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 30.04.2010 09:17:54
Мислев една изборна победа=10 дена славје 4=40 дена,по се изгледа петтата победа ја слават предвреме.До Пони-експрес информацијата тие погрешна тотално.Кога се споменуваше 1991 год. во парламентот наша држава, војска,пари, репрезентации спортски,да не праќаме војници на боишта во Босна и Хрватска виножитните добиваат неконтролиран нагон од смеење.Може да се увериш во архивите на тв куќите.Затоа и виножитните го протнаа уникатното референдумско прашање,,сојуз со друга држава,,.
Од: Zoki
Датум: 30.04.2010 09:30:47
Честитки до авторот на текстот.No comment.
Од: Bokaso II-ri
Датум: 30.04.2010 09:48:03
Na proslavata pod naziv " Za Tatkovinata se raboti", pokraj vracuvanje na stafeta ima predvideno i ceremonija na dodela na ordeni na najzasluznite "braca" za postignuvanje na ovaa populisticko-halucinogena fantazmogorija vo Mkd. Djorcev , Ilija i Bicikliski ce dobijat orden " Makedonski telali od I-vi red" Janko ce dobie orden" Bukefalovo m... , a Milenko ce dobie odlikovanje za dostiganje vo Evolutivnata nauka( pa neli Darvina go napravi kasa-popara)Onaa Bumbarka ce dobie" Orden od Prekrasnoto Bituse"Latas se znae ,orden Zorge II-ri, Zingo ce bide proglasen za Nadvojvoda Kratovski, Amdi ce dobie orden Abakus( epten go biva za matematika).Na MANU ce i se dade odlikuvanje"Cutolozi od I red" Dobro bi bilo na isti trosok Grujo Velicanstveni da se vstolici za suveren na Mkd. Ako se nema sredstva ce se zeme kredit. Pa taka napravi i Imperatorot Bokaso, pred 25 g. i vidovte do kade stasa.
Од: aleksandar sv nikole
Датум: 30.04.2010 09:52:00
neli sme demokratsko opstestvo i sekoj ima pravo da kaze svoe mislenje???sto e sega tolku loso sto gruevski kazal kako bi glasal na toj referendum???narodot e toj sto treba da odluci dali ke glasa i kako ke glasa...ne rece grujo eve glasajte site vaka i vaka...ajde vi se molam gluposti...edno ke se kaze i odma filmovi se pravat!
Од: Moris
Датум: 30.04.2010 10:09:05
Sramota Gruevski so Tito da go sporeduvate. Tito sozdavase drzava kakva takva, a ovoj nasledi napravena drzava dojde navlast i pocna da misli deka s epocnuva od nego i negovite kadri koi samo pravat sminkanje na drzavata nisto ne napravija za Makedonija. i posle kriva e ekonomska kriz ai Grcite. A ustvari Nikola nema kontrola vrz negovite kadri edvbaj i kabinetot si go kontrolira
Од: vinica
Датум: 30.04.2010 10:28:12
Abe,neli treba tie 50 dena da se nerabotni,za da mozeme da slaveme.
Од: јас
Датум: 30.04.2010 10:32:02
Не се секирај Kimov , за неколку месеци , овчарот ќе биде НАЈБАРАНИОТ човек во Европа .Можеби и интерпол ќе се вклучи во потрагата ! Кои болни умови смислија 50дневна прослава со државни пари во услови кога МК пропаѓа на СИТЕ ПОЛИЊА !.Плати нема , лекови нема, храна во болниците за болните нема , а фирерчето и компанија ќе АЗДИСУВААТ 50 дена со наши пари !!!
Од: Ајван Доктор®
Датум: 30.04.2010 11:21:47
Навистина не можам да разберам како можете да го глорифицирате Портоколадниот Шериф!(?!) Секоја негова Споредба со Јосип Броз Тито,Мао Це Дунг,Фидел Касто, па и со Милошевиќ,или Хитлер, е сосема Непримерна и небулозна! Па тој не им е Ниту До црното под ноктите на Малото прсте од десното стапало! Можеби ќе помислите дека би било подобро да го споредувате со Аце Русевски, Драган Спасов, или Јовица Михајловски, но повторно ќе Згрешите! Та, Тој, Дури и со нив не може да се изедначи!
Од: dejan
Датум: 30.04.2010 11:25:45
osnovac na idejata za nezavisna Makedonija e Ljupco Geprgievski nikoj drug toa e faktot sto nikoj ne moze da go skrie pred faktite i bogovite molcat
Од: a_nesto
Датум: 30.04.2010 12:43:29
Еве зошто ги нарекуваат предавници. Наместо да напишат вистинска анализа и самата новинарката да каже дека и таа ќе гласа против предлогот Северна Република Македонија, таа напишала партиска наредба. Тотални глупости. И таа сама е свесна дека ниту таа нито било кој македонец ќе гласа за промена на сопствениот идентитет. Со вакви новинари и со вакви напишани глупости допринесувате рејтингот на Груевски да расте, за ваша голема несреќа.
Од: brut
Датум: 30.04.2010 13:44:43
Mitko vika i ovoj Kimov se tolku zabegani sto ne sakaat da svatat deka nivniot Kimda e Vu - Gru-jo ne e vo sostojba da donese odluka ni za najobicno svikuvanje Kucen sovet,a ne nekoja drzavnicka odluka.Gledajte gi samo odlukite i merkite,da ne recam dopolnuvanje na zakonite - ili im ispopadjaa na Ustaven ili sami se pismanija i gi povlekoa. A da ne ve boli-VMRO otkoga e osnovana vo Solun ne donela ni edna bitna odluka za Makedonija.
Од: Itar Pejo
Датум: 30.04.2010 16:23:09
Tito gi zasluzuvase tie pocesti. Napravi od nas luge so dostoinstvo. Napravi nasata zemja da se vika Makedonija! A sto napravi Gruevski? Majka go rodi, narod da vodi. Vo propast!
Од: sladj
Датум: 30.04.2010 16:36:14
Ti si Sonja najobicen kritizer i nisto poveke..toa, pa toa samo go drobis i go gubis kredibilitet na vesnikov, svoj nikogas ne si ni imala. Sto treba po tvoe, da prifatime da se vikame kako sto nekoj saka?? Ova e prv i ednistven primer vo istorijata na covestvoto da se nametnuva ime na zemja!! Deka Gruevski e vakov i onakov..toa stoi, megutoa navistina..koga vie, novinarite kako elita na progresivnata misla ste tolku ignorantni i neelokventni..podobar vodac i ne zasluzuvame. I, za kraj..spored tebe ni Tito ne cinese?? Eh, Sonja Sonja..mozebi ke bese podobro bez nego, neli..nemase ni da dojde do ovoj problem..ke si se vikavme Vardarska Banovina.
Од: petko
Датум: 30.04.2010 17:22:30
Tolku glup i primitiven a vo isto vreme i ponizen narod ne postoel i nema da postoi na planetata Zemja......zalno ,jadno i bedno.........
Од: поданик
Датум: 30.04.2010 21:09:45
Певај брате!
Од: terezija
Датум: 30.04.2010 21:19:42
Povtorno ke se 'POVTORAM'...Imeno ednash napishav deka 100% sum siguren deka SAMOBENDISANIOT ni premier vo svojot garderob seushte chuva Marshalska uniforma i BAREM EDNASH MESECHNO PARADIRA VO ISTATA po doma...
Од: steve
Датум: 01.05.2010 01:28:16
Kakvo cudo se slucuva so tie vmrovcina zaboravija da si ja zemat slikata na Vanco Mihajlov od nivniot kabinet namesto stafeta sram golem vo ova vreme da se drzi slika na toj zlostornik i ubica na svoj makedonci .
Од: Trajan
Датум: 01.05.2010 06:25:22
Zalna e nasata tatkovina,samo licni profiteri se menuvaat.Nikoj ama ni so maloto prste da se zagrizi za voveduvanje na red-koj ke moze da ja popravi ocajnata sostojba vo site delovi na sistemot.,,Novite vmarovcinja,, izgleda celosno ke ja zakopaat i partijata i drzavata.Vlada so takov narod i takva opozicija netreba da stravuva za svojata idnina!!!
Од: Реган
Датум: 01.05.2010 08:43:00
Жалосно што новинарката го троши својот талент на вакви нарачани (од Наша фабрика) текстови.Навистина бедно!Тешки навреди за Премиерот,а потоа се прашуваме кој шири говор на омраза.Овој текст зрачи со омраза!
Од: goran
Датум: 01.05.2010 15:23:50
tokmy taka po tito nikola samo taka majstore ovaa e poslednata bitka za makedonija i ti ke ja pobedis
Од: Крт
Датум: 01.05.2010 17:16:05
Каков ли само идиотски слоган измислија ,,За татковината се работи,,. Ајде ти се молам. Додека тие ,,работат,,за татковината а најмногу за себе,нам ни ја расплакаа мајката во секој поглед.Малку им се 50.денови,нека слават до наредните и��бори а потоа нека му ја мислат.Ќе свири некаков марш,ама кој ќе видиме!

Најди! во Утрински
Едиторијал