Неофицијални податоци велат дека општината само годинава ја напуштиле 8.700 лица
Иван Бојаџиски
РАДОВИШ - По големото невреме и обилните дождови што се случија во Радовиш во почетокот од овој месец, градот се соочува со нова, поголема трагедија, а тоа е економски колапс. Од „Бучим“ најавуваат затворање на рудникот и отпуштање на близу 500 работници. Во „Јака табак“ бележат голем пад на кооперантите, односно на луѓето кои се подготвени да произведуваат тутун и да живеат од него. А токму бакарот и тутунот беа и останаа двата производа кои на луѓето од општината им обезбедуваа егзистенција и социјално спокојство.
Луѓето се вознемирени од најновиот расплет на состојбите. Во „Јака табак“ проблемите настанаа откако беше уапсено раководството на кое се' уште му се суди за матни игри со тутунот од стоковните резерви. До тој момент претпријатието имаше 4.500 кооперанти и производство од 3.500 тони тутун вредно 20 милиони долари. Сега ниту трага од тоа убаво време кога низите со жолто злато се сушеа по скелињата во секое радовишко село, па и во одделни делови од градот.
„Годинава бројот на кооперанти застана на бројката од 2.700 лица. Тоа говори дека имаме преполовен број радовишки семејства кои се подготвени егзистенцијата да ја обезбедуваат преку работа на тутунските ниви. Ние цениме дека производството ќе биде помало за илјада тони, односно дека ќе откупиме 2.500 тони тутун. Но, реална е можноста да не стигнеме ниту до тој скромен резултат. Знам само тоа дека селата опустеа, а младите отидоа надвор од државата. Малку кој тука ја гледа перспективата. Како ќе биде ако се затвори рудникот, може само да се претпостави“, вели Глигор Филипов, еден од раководителите во „Јака табак“.
Неофицијално во Радовиш, од лице упатено во состојбите, дојдовме до неверојатен податок дека од почетокот на годинава општината ја напуштиле 8.700 лица. Тоа е една четвртина од вкупното локално население. Станува збор за луѓе кои сосема легално заминале на работа во Италија, Црна Гора, Грција, Бугарија. Според соговорникот, тие лица повеќе не гледале иднина во својата општина и во својата држава.
Веста за тоа дека рудникот „Бучим“ најверојатно ќе се затвори по Нова година е, исто така, дел од најновата, невесела приказна за Радовиш.
„Нас не' снајде еврејската клетва, да имаш, па да немаш. ’Јака табак‘ беше синоним за успешност, пари, социјална сигурност на жителите на село. Рестартот на ’Бучим‘ од пред четири години донесе нов импулс во градот. А сега повторно сме во царството на немаштијата“, вели средовечниот трговец Костадин Глигоров.
Затворањето на рудникот, според Глигоров, ќе значи и ставање катанец на многу мали и средни дуќанчиња, главно за прехранбени производи. Во градот ќе недостигаат парите кои бучимци ги носеа дома кога земаа солидни плати.
Градоначалникот Роберт Велков вели дека „Бучим“ не треба да се затвора и од менаџментот очекува иновативност во излезните решенија.
„Русите го купија рудникот кога цената на бакарот беше пониска од сегашнава. Во меѓувреме, во Иловица кај Струмица се утврдени големи резерви на бакар. Зарем не треба да се разработува можноста бакарната руда оттаму да се носи со камиони или преку транспортна лента и да се преработува во нашиот рудник“, јавно го изнесува својот предлог градоначалникот на Радовиш.
Но, таквата идеја, според експертите, не е ниту блиску до можна реализација.
„Концесиите за рудните истраги во овој дел од државата ги има американска компанија. Со новиот Закон за минерални суровини концесионерот има можност по автоматизам да го добие и правото на експлоатација. Значи, одлуката по прашањето кој ќе ја експлоатира рудата кај Иловица е во рацете на американската компанија, иако договори се можни“, вели д-р Марин Александров, еден од најценетите геолози во Македонија.
За Александров сосема легитимна и со здрав економски резон е решеноста на менаџментот на „Бучим“ за затворање на рудникот.
„Факт е дека со сегашниве цени на бакарот нема профит, а има само загуби. Бизнисот не го признава тоа. Всушност, се работи за светски процеси на кои ние не можеме да влијаеме. ’Рио Тинто‘, мултинационална компанија, која има повеќе рудници низ светот, поради кризата отпушти 14.000 работници. Американската компанија ’Мак Моран‘ од Аризона го затвори рудникот за молибден и дома пушти 700 рудари. Но, сепак, има светло на крајот од тунелот. Се очекува веќе од идната пролет цената на металите, меѓу нив и на бакарот, да почне да расте, бидејќи дел од рудниците кои се затворија никогаш нема да проработат. Ако ’Бучим‘ навистина се затвори, на што упатува економската и бизнис-логиката, радовишани ќе мора да почекаат до пролетта кога, според мои сознанија, кризата ќе биде надмината“, вели Александров.
А кој човек гледа добра иднина во оваа држава... Никој.... 18 години бирократија...12 поминати со Сдсм каде што ни се случи најкорумпираната приватиэација на фирмите со државен капитал во источна Европа.... Сите ние гледавме од 94 до 2005 како се продаваат и крадат фирмите, почнувајќи од Тат... Луѓе беэ работа, криминалот цветаше, народот осиромаши... Црвенковски ста��а легенда која до ден денес има и такви луѓе во эаблуда кои уште му веруваат дека ќе вработел по еден член од секое семејство... исто како во 98... сите уште работиме....Потоа ни се случи и ЉуБчо Георгиевски кој исто како и неговиот претходник го повтори истиот криминал эа на крајот да иэбега во Болварија.... Затоа Македонци бидете внимателни эа кој го давате својот глас бидејќи историјата покажала дека сите политичари се исти.. Да се надевам дека Утрински ќе го објави мојот коментар..
Од: lenin
Датум: 13.12.2008 02:13:26
i vo Amerika i Evropa se gubat rabotni mesta no rabotnicite ne se ostavaat naulica kako kaj nas.Mozda ne primaat poln iznos na plata no zemaat.Ovie kapitalisti chto gi kupija fabrikite dodeka im odeche dobro im beche super sega ednostavno im velat na rabotnicite nema rabota.Vaka moze samo vo Makedonija.
Од: jew
Датум: 13.12.2008 02:19:54
POcituvani radovisani, ne vi se sluci evrejskata kletva, tuku vi se sluci prerodba!!! Zoki Stavreski nositelot na 4ka da go konsultirate, cunki toj "ekonomist" e.
Од: Cane
Датум: 13.12.2008 09:29:31
Kako sto trgna rabotata i Bitola ne e podobra od Radovis,eve na primer vo JP Strezevo lugeto nemaat zemeno TRI meseci plata.Aporanesniot direktor Nikola Kotevski segasen pratenik ,si sema redovno plata a deka pretpriatieto go napravi pustos ic ne mu e gajle,vazno toj e sreken,a vrabotenite vo Strezevo neka si ja cukaat glavata kako da si gi prehranat familiite.
Од: realist
Датум: 13.12.2008 10:14:22
Gi povikuvam site vraboteni vo Bucim da zemat i da strajkuvaat isto kako vo 2002,da mu otidaat na segasniot generalen direktor doma, kako na togasniot generalen direktor (da ne im gi spomenuvam iminjata) da pravat isto kako sto pravea vo 2002 g ,da barat isto, bidejki rudnikot bese bese vo privatna sopspstvenost i togas i sega ,cenata na bakarot bese vrzana za berzata i togas i sega ama ne bese 3100 $ tuku uste pomalku ,
Bravo!
Од: Оли Јулчовски
Датум: 13.12.2008 10:35:16
Дефинитивно ме изненадуваат такви вести. Па како може да се отпучтат вработени во нашата Македонија која е ,,зазидана со Берлински зид по кажувањето на големиот експерт и економист Ставревски. Претседателот на СДСМ Зоран Заев одржа повеќе трибини за да и укаже на оваа власт но одговорите кои пристигнуваа од ,,Нарцисите,, БЕА ДЕКА КРИЗА НЕМОЖЕ ДА ИМА,, ние си го имаме Грујо кој не води со сто чекори напред. Зана крај , некаде погоре во коментарите прочитав дека сите политичари се исти не точно, се додека не почнеме да правиме разлика од владеењето на ВМРОи на СДСМ секогаш разочарените ВМРОВЦИ ке велат дека ,,сите се исти,, Конкретно за Бучим нека се присете господинот кој го поклони и ви чие време се рестартираше. Но Радовишани како и секаде под притисок на големата ,,Гебелсова пропаганда,, го избраа и својот ,,ограничен,, градоначалник и својот РЕЈТИНГ Премоер. Со срека Радовишани.
Од: ристе
Датум: 13.12.2008 11:05:20
Македонија е во колапс. А за Бучим не се секирајте. Ќе дојде некој нов глумец и ќе го спаси.
Од: nekoj
Датум: 13.12.2008 12:25:54
Treba da se obrne poveke vnimanie na ovoj fakt: 8700 lica go napustija Radovis...Istoto se slucuva so mnogu mesta vo Makedonija, i sto e postrasno, se iseluvaat celi familii... A znaeme kako e, koj zamina, ne se vraka... Katastrofa. A za politiciarite, deka site se isti do eden sosema se soglasuvam so "Makedonija"
Од: gigo
Датум: 13.12.2008 12:53:20
radovisani iiiiiii........ glasajte za dpmne i ponatamu. arno vi e so niv
Од: Дo Радовиш
Датум: 13.12.2008 16:24:06
Радовишани лед да не ве леда го имате најдобриот градоначалник на сите времиња имате шанса пак да го изгласасате во март со ВМРО е секогаш животот посигур со нив резултатите се тука и веднаш сега ке немате леб да јадете а после тоа и вода да пиете.
Од: tomi
Датум: 13.12.2008 17:25:45
znaci prvo zoki e najdobriot covek so golema dusa i sto gi slusa i pocituva i ceni mladite vo strumica i nasekoj mozen naci gleda da im pomogne pozdrav do zoran zaev nie vo strumicko sme za tebe i ke napravime da ostanes ti vo taa funkcija zatoa sto gradot e evropski so tebe
Од: realen
Датум: 13.12.2008 23:45:07
Jas so moeto semejstvo sum eden od taa brojka na iseleni od Radovis. No ne se iseliv od ili poradi VMRO. Ona sto se see, vednas ne se znee. Se znae koj seese od 2001 godina dosega vo Makedonija. Onie najbogatite vo Radovis do "vcera" nemaa leb da jadat, a sega, gledaj so milioni evra se raspravaat. Site znaat i nisto ne pravat. Se' dodeka e taka tie sto mozat i "moraat" od ekonomski pricini ke se selat. Eden den vo nea ke ziveat samo starci, no do koga i tie ke ziveat. "Napred so "cesniot" Zaev . Za tatkovinata, napred.
Од: radoviski zet
Датум: 14.12.2008 12:23:34
Nee se taka crno kako sto pisuvate tie ludje se naviknati da zemat a nisti da ne davat mojot tast veli lani samo od tutun zedovme 15000evra....a sin mu nesaka da e seljak vo svajcarija gradeznik raboti od sto dobil povreda na kicma.....vo selata nikoj bukvalno ne placa nikakov porez redno e grujo da vovede fiskalni kasi za pazar tie imat se samo se zalat a kupuvat koli,stanovi po gradovi vo koi ne ziveat,kolkumina od selata vo radov.samo vo skopje imat kupeno stan a porez za tutun,grozje,vino,rakija,piper nula.