Реконструирана машката зграда во СД „Стив Наумов“
За два дена ќе биде предадена во употреба реконструираната машка зграда во студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје, каде што ќе бидат префрлени студентите кои сега се сместени во руинираните бараки стари 45 години.
В недела или в понеделник ќе почнат подготовките за вселување во обновениот објект со капацитет од 278 легла, најави министерот за образование и наука, Перо Стојановски.
Тој вчера ја посети студентската населба во придружба на Крешимир Павиќ, директор на Државниот студентски центар, и Самоил Малчевски, претседател на студентската организација на Скопскиот универзитет.
За градба на објектот се вложени околу 21 милион денари, а за опрема околу 4,5 милиони денари. (Ж.Х.З.) |