Број 2861  сабота, 13 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Македонија

Секој трет Македонец живее во сиромаштија

Експертите препорачуваат поактивни мерки за справување со сиромаштијата

Невработеноста и сиромаштијата се прашања со кои Македонија мора сериозно да се справува, користејќи конкретни програми и мерки, констатираа учесниците на вчерашната презентација на резултатите од проектот „Зајакнување на владините институционални капацитети за борба против сиромаштијата“ во организација на Програмата за развој на обединетите нации (УНДП) и Министерството за труд и социјална политика.

Дороти Розенберг, меѓународен експерт за социјални политики, препорача скептичен пристап при интерпретацијата на податоците.

„Стапката на невработеност во Македонија секогаш е 30 отсто, дури и кога сиромаштијата расте или се намалува“, констатира Розенберг „ Кога ги гледаме бројките, мора да бидеме внимателни и скептични во тоа што го кажуваат тие“, додаде меѓународниот експерт.

Розенберг препорача Владата да земе пример од други земји, посебно во поглед на стратегии за развој на економијата и санирање на евентуалните штети од светската криза.

„Македонија мора да размисли за поактивни мерки за промоција на пазарот на трудот и да ја стимулира економијата. Тоа се случува во сите земји во развој“, рече Розенберг.

Според официјалните податоци, речиси секој трет Македонец живее во сиромаштија. Податоците на Државниот завод за статистика за крајот на минатата година говорат дека процентот на сиромаштијата во земјава изнесува 29,4 отсто. Речиси исто толкаво ниво на сиромаштија во земјава беше измерено и во 2006 и во 2005 година. Најмногу сиромашни се регистрирани во домаќинствата со деца. Во категоријата брачен пар со деца се вбројуваат 27,1 отсто од сиромашните, додека во категоријата други домаќинства со деца се вбројуваат 33,4 отсто од сиромашните. Најмал број сиромашни се вбројуваат во категоријата домаќинства без деца, во која се класифицирани 26,3 отсто од сиромашните во земјава. (А.П.)


Статијата е прочитана 645 пати.

Испрати коментар

Од: Albanec
Датум: 13.12.2008 01:32:08
Za zal, partiskite kniski si go cinat svoeto, se vrabotuvat samo clenovi na partiite na vlast, a drugite neka ostanat siromasni. Ova e zalosno navistina, malku se stimulirat mladite da davat svo dopriens za drzavata, tia povke gledat izlez da bidat clen na nekoja politicka partia, iako ima slucaji koji ne se slagat so niv, no poradi rabotno mesto mora da bide niven clen! Sramota za drzavata vaka ako prodolzi. Sega uste globalnata kriza!
Од: МК
Датум: 13.12.2008 02:11:55
Вакви колумни да имаше повеќе кога Сдсм беа на власт последните 12 години... да ги потсетевте можеби ќе направеја нешто да ја стимулираат или раэвијат нашата децениска транэиција во слободна капиталистичка економија... Тогаш не ќе имаше потреба од вакви колумни... Но реалноста сите ја энаеме.. Сдсм ја испусти државата... Предавници!
Од: LEFTERIJA
Датум: 13.12.2008 11:28:19
si velam i ednata i drugata dvete partiii so godini na vlast samo se menuvaa i ja dokrajcuvaa drzavata a sega ovie na kraj i go otpejaa ''oce nas'' poarno amin mili boze otide se vo crna dupka steta za narodot za onoj obicen makedonec siromav i naiven a se sto vladeese so godini i sto se borese za fotelja si napravi ubav zivot i uste podobra idnina do treta generacija -aram da im e i prokleto bilo.
Од: jas
Датум: 13.12.2008 11:35:10
Niedna vlada do sega ne se angazira da ja sredi ekonomskata situacija siromastijata nevrabotenosta. narodot vo ovaa drzava ne zivee tuku prezivuva!!!!! Se vodat kampanji za raganje deca a sto ke im pruzis na tie deca siromastija, ili ke izleguvame na televizija i ke se zalime dajte ni pomos decata nemaat leb da jadat. Taka li da ragame deca vo siromastija, jas nemam rabota, nemam za mene a kako ke ranam deca?????!!!!!!!
Од: До МК
Датум: 13.12.2008 16:38:04
МК СДСМ точно е ја испуштија државата ама заборави да кажеш дека твојот Грујо и Ставревски ке ја завијат во таква црнина Македонија што и твоите портокалови наочари во блиска иднина ке почнат да гледат само црнило.
Од: Трпе
Датум: 13.12.2008 17:22:29
Кој вели дека во Македонија има сиромаштија.Народот си живее како во едно мало царство.По улиците гледаме бесни џипови и полни кафеани со народ Владата троши за музеи,компјутери,патишта до ски центри со убави скокалници.Животот во Македонија е како во бајки.Царот е срекен и народот е срекен.Само ме плаши кога народот е гласен се е добро но лошо ке биде ако замолчи е тогаш царот мора да си ги собира парталите.
Од: kole
Датум: 13.12.2008 17:48:28
Ostvaruvame... veli Gruevski!!?
Од: Risto
Датум: 13.12.2008 23:30:16
Ako nad milion Makedonci otisle preku leto vo stranstvo ,ako skoro 70% imaet internet ,za nova godina nema slobodno mesto vo hotelite,kafeanite se prepolni,ulicite prenatrupani od vozila jas ne gleda kade e siromastijata.Na hartija vistina e taka ama ako gledas realno podobro se zivee nego vo vremeto na SDSM na Branko .
Од: Gevgelicanec
Датум: 14.12.2008 01:11:45
ne be kakva siromastija nas ne ne zafaka svetskata kriza dajte ve molam nemojte so tie komentari,svrtete na Sitel ili citajte vecer ke vidite deka vo Makedonija se e rozovo,med i mleko tece po ulicite.SRAMOTA GRUJO ODI SI JA ZAKOPA DRZAVATA!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: makedon usa
Датум: 14.12.2008 10:51:00
pusti trpe ti izgleda ne zivejs vo makedonija kako e dojdena rabotata gospod da vi pomozit i zdravje da vi dajt zosto neznam i onoj gore dali mozit da ja ispravit situacijata vo makedonija
Од: andre
Датум: 14.12.2008 12:08:27
trpe e vo pravo,jas poznavam ludje vo mak sto prodavat na avtopazar,ciganski pazar i kajti ne i zemat po 4-5-7000 dnevno cisti pari i imat topla voda vo cesma cela godina i nov mebel itelijanski a istite se vodat bez rabota barat ednokratni pari sekoj mesec......a vo Kumanovo ima mnogu sto rabotat vo srbija,crna gora,avganistan a se voadat socijajalni slucai i primat socijala.....
Од: До Ристо
Датум: 14.12.2008 15:07:01
Знаеш ли што е милион б?

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Македонија
Радовиш пред економски колапс
Ракот на дојка во пораст, мамографијата несигурна
Збрка околу рецептите за лекови
Рибниот фонд во Велес се уништува
Реконструирана машката зграда во СД „Стив Наумов“
Систем за управување со отпад во три општини
Ќе се зголемат платите во МАНУ