Генерално, добро се чувствувате, но можни се различни повреди, судир со законот, но и внатрешни незадоволства. Последново е најопасно, зашто полека се таложи и влијае врз здравјето. Психата е на удар, па и склоноста кон болести од овој тип.
БИК
Друштвената црта на карактерот е изразена, па обидете се да ја остварите. Кога ќе си зададете некоја обврска, нема сила која може да ве спречи во нејзината реализација. Ви одговара друштвото на истомисленици, посебно ако во вас лежи уметничка нитка.
БЛИЗНАЦИ
Напнатоста и стресовите во љубовниот живот може да доведат до разделба. Дали партнерот е вистинското лице? Се сомневате дека грешите во нешто, а најлошо е што немате храброст да преземете конкретен чекор.
РАК
Се чувствувате одлично. Ќе се олабавите по многубројните обврските во изминатава недела. На емотивен план почнува да ви се случува нешто убаво. Планетите малку доцнат со исполнувањето на желбите, но во животот ви го носат она што најмногу ви е потребна љубов.
ЛАВ
Ќе ја сфатите трагичноста на еден однос, па обидете се да излезете од него на најбезболен начин. Ќе биде тешко, можеби и потешко отколку што очекувавте, зашто се укажува на тоа дека во прашање е лоша комбинација, а вие сте незадоволни.
ДЕВИЦА
Потребна ви е дополнителна енергија за да ја преминете пречката која е пред вас. Прашање е колку имате желба да ја надминете кризната ситуација. Ја немате поддршката од партнерот, а тоа дополнително ве нервира. Оставени сте сами на себе.
ТЕРЕЗИЈА
Ќе го минете викендов во друштво на луѓе, сјај и луксуз. Имате изразени уметнички склоности, па ви пречат сите останати ситуации кои не ги исполнуваат вашите строги критериуми. Ќе почнете нова љубовна врска или ќе ја зацврстите старата.
СКОРПИЈА
Се расп��авате со партнерот, а бидејќи сте пречувствителни на неговите критики, имате уште посилна причина за нервоза. Размислете дали ви е потребно сево ова? Дистанцирајте се од него извесен период и со ладна глава размислете за тоа што ви се случува.
СТРЕЛЕЦ
Благодарение на позитивниот пристап кон животот и решавањето на деловните проблеми, се наоѓате во фаза на здобивање добра. Борбата за моќ во областа за која моментно сте заинтересирани се исплатува. Ќе минете супер со Лавови и Овни.
ЈАРЕЦ
Поемотивни сте отколку што би требало да бидете. Ги барате грешките и таму каде што ги нема, а тие првенствено се однесуваат на децата и на партнерот. Пожелно е да се занимавате со спорт за да го потрошите вишокот енергија.
ВОДОЛИЈА
Постојат морални норми, зарем не? Иако сте по природа алтруист, размислете дали некаде грешите, па обидете се да се поправите. Правдата е бавна, но достижна. Одбегнувајте ги конфликтите, посебно со лица родени во знакот на Овен.
РИБИ
Имате силна желба за доминација. Бидејќи повеќемина припадници на знаков не се свесни за сопствените слабости, ќе влезете во проблеми. Доколку ги немате, пак, во вас преовладува духовната компонента на личноста, а материјалната страна е во тој случај занемарена.