Број 3368  четврток, 26 август 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Сузана Спасовска

пејачка

Постојано сум во трчаница , преокупирана со обврските околу организацијата на „Лешочкиот фолк-фест“, кој на 27 август ќе се одржи во манастирскиот комплекс во Лешок. Денеска треба да се погрижам и за финализирањето на мојата песна, како и за гардеробата за настап. Кога си во организација, грижата за својот настап, обично, останува на крај.

Драган Ѓурчевски

спортски работник

Денот ќе ми мине во знакот на промоцијата на мојата прва книга ,,Доживотното учење во спортските организации“, што ќе се одржи во „Бест вестерн“ точно напладне. И покрај слатките обврски ќе украдам време за дневната доза пливање и, секако, за дружба со пријателите и мала прослава на моето првенче.

Нино Величковски

пејач

Денеска завршувам некои обврски околу Тамбурашкиот фестивал во Куманово, што ќе се одржи на 27 и 28 август. Потоа заминувам за Охрид каде што настапувам на „Охрид фест- Охридски трубадури“ со песната „Лечи ме од спомени“. Кондициските подготовки за фестивалите ги правам во култниот кумановски „Корнер - етно ресторан Баба Цана“.


#
Најди! во Утрински