Број 3619  петок, 01 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Анализа

Си велам

Груевски и Ахмети не брзаат за ЕУ

Ерол Ризаов

Само без европеизација може да се има апсолутна власт

На Никола Груевски и на Али Ахмети не им се брза со евроатлантските интеграции колку и да тврдат дека тоа е најголем приоритет и врвен стратегиски интерес на Македонија и на нејзините граѓани. Ако внимателно се анализираат сите потези во последните пет години откако Груевски стана премиер, се доаѓа до трагичен заклучок дека, всушност, стратегијата за членство во ЕУ и во НАТО е да не се дозволи Македонија да се европеизира или да прифати високи западноевропски стандарди на демократија, европски правила на работа, на правна држава, висок с��епен на толерантност, компромис, одговорност за управувањето со државата дома и нула проблеми во односите со соседите.

Политичките и економските реформи по бриселски терк во Македонија се во сериозен застој. Во такви услови Груевски и Ахмети ја поделија власта како воен плен. Министерствата и функциите беа поважни од заедничката програма на Владата за евроатлантски интеграции. Притоа, Груевски и Ахмети сосема заборавија дека партиите што не влегоа во Владата имаа повеќе гласови на изборите. ДУИ повторно разочара со определбата да управува со министерствата и со фондовите кои располагаат со повеќе пари отколку да влијае пресудно за поголема демократизација и европеизација на Македонија. ДУИ испушти историска шанса на чело на парламентот да ја постави Теута Арифи, која ќе покажеше што значи парламентарна демократија, вака уште четири години ќе гледаме арогантна партиска гласачка машина.

Проблемот со името е извонредно добар параван за затскривање на доктрината да се одложуваат европските стандарди на владеење и на живеење.

Само без европските норми може да се има апсолутна власт добиена по демократски пат како неприкосновена волја на народот. Тоа е можно со мирни избори на уплашен народ и со озаконета политичка корупција со кредит од ММФ во износ од 220 милион евра. Владата уште не кажува колку и за што се потрошени тие пари дадени за сосема друга намена, а не за предизборен комодитет. Се споменува неофицијално бројката од 150 милиони евра исплатени пари повеќе во месецот на предизборната кампања отколку што е вообичаено во тоа време кога нема избори. Сега ќе ги враќаме парите предвреме на врат на нос, што мислите кој ќе го плати цехот. Само така може да се владее без никаква контрола и одговорност. Во таква држава може да прави судски записник дактилографка без да бидат сослушани обвинетите и сведоците. За тоа претседателот на судот на чувствува одговорност. Во таква држава специјалната полиција може да убие невино момче на 100 метри од премиерот, а потоа граѓаните да се лажат јавно два дена дека тоа не се случило. И за тоа никој не е одговорен освен полицаецот од обезбедувањето на премиерот. Соучесниците што знаеле за убиството, а молчеле, наместо на суд, одат на конференција за печат да кажат дека не чувствуваат одговорност, ни кривична ни морална. Во таква држава лесно може да се скрши „кичмата“ на младешкиот бунт и порив за правда и слобода. Во таква држава се задушува синдикалното движење, социјалните и студентските протести со познатиот ракопис на ВМРО-ДПМНЕ: контрапротести пред опозицијата.

Во меѓувреме, ќе си проаѓаат крај нас возовите за Брисел. Не' шишнаа Бугарија и Романија како јапонските шинкансен возови, иако поодамна пред нив бевме на перонот. Реагиравме како балкански геџо: нека оди возот, важно билетот е кај нас. Помина и Хрватска, крај нас онака полека како патнички, дански кралевски, со германска влеча и со големо задоцнување. Ама помина и замина. На 1 јули 2013 ќе стаса во Брисел. На товарните возови веќе се качуваат Србите, Црногорците, Албанците и Бошњаците и каде и да е, за некоја година ќе стигнат и тие во Европа, онака пренатоварени како последниот воз од Катанга. Македонија останува на слеп колосек, чека воз без возен ред. Го чека, галиба, „Ориент експрес“ од Истанбул за Париз. Несреќата е во тоа што никој не ни кажува дека тој воз со децении веќе не сообраќа. Уште татни со парна локомотива само во романите на Агата Кристи и на фотографиите во турскиот музеј на возови.

Да му е..м мајката на турскиот султан што не' остави сираци на Балканите. Останавме осамени на Балканот оти сите ни завидуваат. Не не' сакаат оти сме многу умни, чокак’ллии, културни, образовани, толерантни, богати, недостижни во секој поглед. Не' мразат оти имаме богата и славна историја од македонскиот неолит и она свирче од пред 30.000 години што уште свири, па преку старите антички цивилизации се' е наше. Старите кралеви и цареви од пред Филип Втори уште од Кеопс и Тутанкамон до Александар Македонски, се' е македонско. Наши се Дедал и Икар, Јустинијан, Костантин Велики, династијата на Птоломеите, Цезар, Октавијан и Клеопатра, Дикоклецијан, Господ Исус Христос и природно мајка му св. Дева Марија. Сите се наши. Еве, прашајте ги Паско Кузман и Вангел Божиновски, ќе видите дека е така. Од нас повеќе бараат само Грците. Тие го сакаат сето ова што е наше и плус го бараат целиот космос. Тоа е логично оти зборот космос е старогрчки и природно и' припаѓа на Грција.

И цела Европа и' припаѓа на Грција. Европа зазема високо место во старогрчката митологија. Европа е феникиска принцеза девица што ја киднапирал грчкиот врховен бог Зевс, ја однел на Крит и ја силувал секој ден повеќе пати преправен во бел бик. Потоа Европа откако малку навикнала на силување и почнало тоа да и' се допаѓа, станала прва кралица на Крит. А двата континента, Азија и денешна Европа, се карале кој да го земе нејзиното име. Затоа Грција може неказнето да ја силува Европа секој ден колку сака и кога сака. Или преправена во банкрот или во бел слон сеедно, на Европа уште и' е убаво. Грција, како и на Македонија, може да и' забрани на Европа така да се вика бидејќи тоа е нејзино име што задира во грчкото достоинство и гордост, а поттикнува и на иредентизам. Не можат европските варвари да ја европеизираат аристократска Елада, како што овие вулгарос славомакедонико можат да ја варваризираат денешна Грција.

Па, ако вселената е нивна. Ако Европа и целиот свет се нивни. Ако е нивна целата античка историја и култура како тогаш да влеземе во Европа. Јас имам за тоа безболно решение. Како што Вардар се спои со ФК „Миравци“ и повторно остана во Првата лига, така треба да се фузионираме со некој што е во првата лига во Европа. На пример, со Бугарија, Грција.... за НАТО може и со Албанија или со Турција. Може и да се поделиме, па кој сака со Словенија, со Хрватска, со Бугарија, со Грција, со Албанија, со Турција. Тие што ќе почекаат малку, можат да одбираат и со Србија, со Црна Гора или со Косово. Си велам дека најдобро е преку Паљурци да се споиме со Ватикан. Така најбргу ќе стасаме во Европа.

Има само еден мал проблем. Миравци не сака да се фузионира со Вардар.

Сака не сака, ќе мора. Во Македонија може и да испаднете и да влезете во прва лига со препорака на власта. За спојување со Ватикан, треба ли нешто да менуваме. Ништо. Само верата.


#
Статијата е прочитана 2898 пати.

Испрати коментар

Од: Сергеј
Датум: 01.07.2011 00:18:48
Тоа е и суштината на ова збеснато подигнување „антички“ споменици - смислен план на Груевски како да го одржува во живот конфликтот со Грција и проблемот со името, за да тој самиот се оджи на власт претставувајќи се како „спастител, заштитник и патриот“. Толку. ( http://otpor.log.ph/ )
Од: Prilep
Датум: 01.07.2011 00:30:15
G-dine Erol mnogu lefterno i so silni poraki,razmisluvanja i konstatacii zacineti so dobra doza humor. Mora da priznaam tekstov na nekoj nacin me relaksirase i mi gi vrati sekavanjata na neodamna vodeni razgovori so nekoi "personi". Inace sega vo Makedonija e top tema deka definitivno ako ovaa garnitura ne dojdese na vlast nie nikogas nemase da znaeme deka sme anticki makedonci odnosno potomci na (Aleksandar i negoviot ljubovnik Hefestion). Odma da kazam jas ne sum. Tuku muabetot e stignat dotamu deka Kleopatra poteknuvala nekade od okolinata na JURUMLERI. I posle toj muabet strasno seriozen na covek mu doaga da izvrsi samoubistvo od smeenje
Од: Kako brzo vo EU i NATO?
Датум: 01.07.2011 00:37:42
Taa ideja za spojuvanje so nekoja zemja koja e clenka na EU i NATO i brz vlez vo dvete asocijacii, vece pred povece od 5 meseci seriozno preku kolumna ja predlozi eden "veleucen" profesor, poranesen diplomat i sega aktuelen sovetnik na pretsedatelot.Ja kaza i ostana ziv, a posle toa zaneme.
Од: 3G
Датум: 01.07.2011 00:52:01
VARDAR-DPMNE(Miravci).
Од: gimi
Датум: 01.07.2011 01:34:37
Одлично г-дине Ризаов Вашата разочараност од изборниот резултат конечно излезе на виделина.Не е ни чудно 5 години во опозиција не се малку, а со оглед на тоа дека треба да поминат и нови 4 год. ќе има за што да пишувате.Дали можеби заборавивте на непишаното правило дека по формирањето на нова влада во првите 100 дена треба да се воздржите од критика? Па Вие не почекавте ни да се формира влада, а удривте со критика.Велите дека апсолутната власт била добиена по демократски пат како неприкосновена волја на народот, ама тој бил уплашен. Уплашен од што г-дине Ризаов,од можноста слободно да ја изрази својата волја?Пред неколку дена беа дојдени луѓе од ММФ и не слушнав да кажаа дека нешто не било како што треба со дел од парите потрошени во предизборието.Што се однесува до Вашата прогноза за влез во ЕУ да почекаме малку па да видиме, досега се што прогнозиравте се промашивте.Изгледа дека навивате за послабиот тим кој губи 6 пати во низа.
Од: bate Vane
Датум: 01.07.2011 04:32:37
Erol,,!! abe odi na odmor,odmorise malku,daj im shansa na toa mladite da pishat malku!! Ili penzionirajse kako Mancho,i od tamu kako penzioner pishi kolumni!!Daj ni malku svetlost vo "" Utrinski""da ja vidime novata generacija novinari!!Otvori prozor,nadvor silno svetnal den!!
Од: Lazo Stefanov
Датум: 01.07.2011 06:07:15
Odlicna kolumna, samo bi dodal uste edna pricina za usporuvanjeto na priblizjuvanjeto kon Evropa - prestruktuiranje na sopstvenosta na kapatalot vo Makedonija. Se e pomalku vazno, dodeka ,,nie i nasite,, ne se nagrabame, zatoa sto utre so pari e polesno da se vladee.
Од: seirdzija
Датум: 01.07.2011 07:16:18
Da te dopolnam bidejki si ja pisuval kolumnata pred da slusnes za menicite medju pratenicite:) Poznato e deka samo MAGARETO ne go menuva svoeto mislenje,a sega doznavame deka i pratenicite ne smeat da go menuvaat svoeto mislenje.Ovaa e vrvno dostignuvanje vo makedonskata demokratija i poimot "magareska stolica",dobiva nova dimenzija,a i mnogu visoko kotira...duri do parlamentot.Bi sakal da me ubedi nekoj deka pratenicite ke rabotat za nesto povece od licniot interes.....od magaresko stolce....NEVERUVAM......
Од: mimi
Датум: 01.07.2011 08:52:49
Interesno bi bilo kako bugarite gledaat na ovaa nasa antikvizacija i slicni raboti. Toa moze da se vidi na sledniot sajt: http://www.dnes.bg/redakcia/2010/11/08/dilma-e-makedonka-diadoto-na-sarkozi-e-ot-gevgeliia.103203
Од: do Gimi
Датум: 01.07.2011 08:55:29
Sto Gimi, Vladata e formirana i izglasana?!?Ne sum vo tek...
Од: Балканец
Датум: 01.07.2011 09:22:01
Најмногу искрени поздрави, господине Ризаов. Добра колумна, интелигентна и со чувство за хумор. Интелигентна нација е онаа која може да се шегува со себе. Вашата колумна со мали корекции во полна сила може да се однесува и за Бугарија.
Од: miki
Датум: 01.07.2011 09:27:16
Erol Rizaov povtorno nemilosrdno, hirurski precizno ja otslikuva sostojbata kaj nas, moralnata beda i psiholoskiot pad vo koj sme zapadnati..No zacuduva sto ni toj kako da nema hrabrost da go kaze ona sto veke jasno se gleda-deka FAKTORITE koi go kontroliraat Balkanot vsusnost GO PODRZUVAAT ova sto ni se slucuva!!
Од: забеган.
Датум: 01.07.2011 09:34:59
Го прочитав само насловот.Па кај да брзат за нив Македонија им испадна една добитна комбинација ко да играле ЛОТО од милионски суми.Само ко ќе ги тресне Арамот неќе знат како се викат.
Од: Goran Bitola
Датум: 01.07.2011 09:38:01
Mnogu jako! Erol, eve da ti dadam idei za nekoja naredna kolumna. Nemoj da go zaboravis generalot Pikolomini koj go zapalil Skopje, ama poradi toa go stignalo prokletstvo (isto kako Lord Karnarvon vo Egipet) i nabrzo umrel od cuma vo Prizren. Ili, slucajno mi popadna v race Voena Istorija na Makedonija (!!!) vo koja procitav deka Srbite nikogas nemale da go izbrkaat Zeki Pasha vo Kumanovskata Bitka ako turskata armija ne bila napadnata od lokalnite makedonski selani so bombi!
Од: Nikola
Датум: 01.07.2011 09:48:36
Otkako na Lj.Georgievski i na Antonio Milososki ne im uspea da ne napravat Bugari, sega DPMNE so Grujo pravi da sme bez identitet, a so toa po nekoe vreme-nevreme ce mora da prifatime bugarski koreni! DPMNE ostvaruva, no ne idnina, tuku bugarski ideali!
Од: Гјулсевен
Датум: 01.07.2011 10:21:46
Господине Ерол многу ја сакате оваа држава не ли? Ако можеш да ми одговориш на ова прашање алал да ти е. Само не кажа ти во кој дел од таа поделена Македонија ќе останеш со твоето име ипрезиме.
Од: Rezzilov
Датум: 01.07.2011 11:10:21
Ако е и од Ерол,премногу е!Изгубивте со 6:0 и уште солите памет!Дај,покријте се!“Трагичен заклучок“,“нула проблеми со соседите“.Ај.ко си толку паметен,на кој начин?Да се прифатат нацифашистичките барања на јужниве?А после барањата на другите соседи?Кој од тие барања му одат во прилог на Македонскиот народ?
Од: tup-glup
Датум: 01.07.2011 11:45:03
Овој текст ме потсети на моите расмислувања кои ги имав (а богами и сеуште ги имам) во последните две години, кои беа одлучувачки причини поради кои ја напуштив земјата како и континентот Европа. Апатија и депресија, низ целата ороспија Вавлионска, како еден мој мил професор ја нарекуваше. Ако на господата од ЕУ не им текнува дека Грција, како на размазено дете треба да се исплеска по газето од време на време, како тогаш ние ке го решиме нашето најтешко прашање освен да го смениме името. Тоа им е јасно и на господата од ВМРО а и од ДУИ, и името ќе го решат (читај сменат) на крајот од нивниот мандат, бидејќи секако после тоа ги губат изборите за неколку децении (мислам на ВМРО). А кој има време за чекање го севетувам да остане во нашата мила државичка...
Од: Миле - Охрид
Датум: 01.07.2011 12:34:17
Иако самиот смета дека е саркастичен, Ризаов почна да еволуира. Направи добра анализа и не сакајќи ги вклучи важните одредници во нашиот натамошен однос кон проблемот со името. Јас ги препознав следниве точки. Доследна борба за разобличување на грчките шовинистички уцени и предавничката улога нивните инсталации во Република Македонија. Почитување на меѓународното право и вредностите кои произлегуваат од него, како наш придонес во зачувивање на принципите и темелните вредностите кои се преточени во голем број на меѓународни повелби и конвенции.Зачувивањето на правото на Македонците да постојат е важна вредност во тој корпус. И на крај, консенсуално, силно и бескомпромисно спроведување на реформите за достигнување на стандардите на функционалните демократии во ЕУ. Колку побрзо ги имплементираме најдобрите практики на тие држави , толку брзо ќе слабнее притисокот за самоукинување на Македонците и бришење на Република Македонија од картата на светот.
Од: srebre
Датум: 01.07.2011 14:42:10
bravo erol konecno i ti sfati kako ce zavrsime no ti ja pozvas istorijata i znaes se kako ce zavrso samo treba mnogu vreme pa neli e podobro otvoreno da si kazeme....fuzija i zivotot ce bide evropski blagosostojba bravo erol ova ti e najdobar text na site vreminja.........
Од: kliment
Датум: 01.07.2011 15:25:34
Ve razbiram gospodine Rizaov vo potpolnost, pokraj site vasi zalaganja vo site dosegasni kampanji pak ostanavme vo opozicija. Si velam ovoj narod kako da ne ni veruva.
Од: perica
Датум: 01.07.2011 16:35:53
Ja netreba da ja menuvam verata posto sum ateist,za tebe erol neznam ama najverojatni i ti ne trba da menuvas?
Од: do neinformiranite
Датум: 01.07.2011 17:32:46
Drzavite od Balkanot koi sakaat da vlezat vo EU ne se blisku do clenstvo kako sto misli Erol.Nasiot zapaden sosed se izrezili so lokalnite izbori,a ne samo so niv i se odaleci od EU.Bosna e nefunkcionalna drzava so nesigurno opstojuvanje.Srbija vekje pocnaa da ja ucenuvaat so Kosovo.Hrvatska moze pak da bide blokirana od Slovenija.Do onoj so psevdonim Nikola.Partijata na vlast ne e kako Ljubco.Ovaa partija na vlast gi afirmira antickite koreni na Makedoncite,a ne ideali od nasiot istocen sosed.Duri i recisi nema kontakti so istocniot sosed.Ti ne si bistar ili pisuvas za inat.Za onoj tup-glup poraka deka VMRO nitu na krajot od mandatot nema da menuva ime,nitu bilo koga.Zatoa i na slednite i na narednite izbori ke pobeduva najmnogu poradi toa.
Од: ?!
Датум: 01.07.2011 21:08:24
Навистина веќе ништо не е како вчера,и веќе ништо нема да биде како денес.Веќе одамна светот зад себе ги руши дрвцата врз кои седат шините,по кои требало да се движат возовите.Затоа по се изгледа не ни се брза никаде.А и што да брзаме.Кога конечно се ќе биде наше ,сите ќе дојдат овде.Само не се знае дали и ние ќе дојдеме.
Од: George
Датум: 01.07.2011 22:11:48
Razocaruvacka analiza, no ete ke prifatime deka vlasta vo poslednive 5 godini so namera go pravela toa sto go veli avtorot. Zosto togas juzniot sosed neve fraer pa da rece: Nikola be, i pokraj seta kriza imame pari od EU pa nie ke gi platime spomenicite, se raduvame so sirenjeto na nasata kultura, Makedonija ja priznavame vednas, pa ke turneme tolku napred sto ke go fati hrvatskiot voz? Hmm, kolkavi se sansite ova da bide realnost? Moe mislenje e deka tokmu vakvite lica kako avtorot se kocnicarite.

Најди! во Утрински
Анализа

"""