Хороскоп
ОВЕН
Правите планови врзани за странство или подобрување и усовршување на вашите квалитети во некое поле од животот. Ако работата вклучува и патување, концентрирани сте на контакти и дискусии во таа насока. Од еден состанок имате високи очекувања. Бидете брзи и решителни!
БИК
Ви се случуваат интересни нешта – барем не ви е здодевно. На моменти сте нервозни, подготвени секој момент да пламнете, а брзо потоа да се смирите и да бидете мирни како бубачка. Од што произлегува ова расположение? На партнерот, секако. Безуспешно се обидувате да го игнорирате тој факт.
БЛИЗНАЦИ
Имате многу желби, но можностите се мали. Оваа состојба може да ве доведе до незадоволство и општа слабост. Денот ќе го минете во обид да се надминат проблемите. Кога подобро ќе размислите, ќе ја сфатите безмисленоста на ситуацијата и дека залудно сте вознемирени.
РАК
Пред вас се возбудливи настани. Доколку не сте подготвени, може премногу да ве изнервираат. Бидејќи лицата родени во овој период, многу скришно и со лажна наивност, знаат на време да почувствуваат опасност, се надеваме дека набрзо ќе ја надминете. Претпазливо со електрични апарати!
ЛАВ
Прекрасен ден во секој поглед. Задоволни сте од соработката со колегите, физичките врски, со заедничките искуства, во еден збор – со сами себе. Ве очекува извесен настап пред јавноста, во зависност од она што го работите. Некои учествуваат на ТВ-програма, некои ќе одат на јавен собир. Добро се чувствувате.
ДЕВИЦА
Кога сфаќате каде лежи успехот и на што конкретно може да влијаете, ќе ви биде многу полесно. Бидејќи сте симбол на одговорен, трудољубив човек, ќе пронајдете решение за проблемите. Свртете се кон работните обврски. Нека не ве оптоварува партерот, опуштете се и чекајте го неговиот следен потег.
ТЕРЕЗИЈА
Не претерувајте со нежностите и бесот. Избегнувајте несогласување со парнерот, затоа што може многу лесно да излезете од нив со поразена страна. Можно е хормоналната природа да ви создава непријатности. Некои терезии ќе почувствуваат силна сексуална потреба. Доколку не ја искористат, ќе наидат проблеми.
СКОРПИЈА
Ве очекува успешен ден, проследен со куп обврски, но и конкретни резултати. Кризата е зад вас, па може да уживате во сопствените задоволства. За разлика од претходните денови кога бевте подготвени да се впуштите во секаков конфликт, денеска сте прилично мирни.
СТРЕЛЕЦ
Поработете и размислете за себе. Дали сте свесни за сопствените мани? Колку сте подготвени да промените нешто? Дали воопшто ја знаете причината за здравствените проблеми? Дали сте свесни за човечката ограниченост во просторот и во времето? Има безброј прашања, но само еден одговор.
ЈАРЕЦ
Повеќе околности влијаат на новонастанатите проблеми. И покрај се', упорно ги занемарувате основните обврски, но и задоволства. Чувствувате мала разочараност, мислејќи дека другите имаат предност. На емотивен план се можни разделувања, а притоа и осаменост.
ВОДОЛИЈА
Што е со водолиите? Што сакате? Доколку ни сами не го знаете одговорот на овие прашања, обидете се да се посоветувате со некој од страна. Со рак или терезија, сами изберете, но во секој случај ќе добиете одличен совет. Доколку некој се обиде да се шегува на ваша сметка, покажете му заби.
РИБИ
Ви се нудат одлични можности за развој на менталните и на физич��ите способности. Но, дискутабилно е колку, всушност, ќе успеете да ги искористите. Денот е поволен за писателите, сликарите и визионерите. Изберете го патот, а притоа внимавајте со комуникациите и повеќе шетајте.
|