Број 3282  петок, 14 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Магазин

Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Мирко Попов

диџеј

Петок е ден за мојата најомилена радиоемисија „Главна струја“ на Канал 103 (од 13 до 16 часот.), што ја работам повеќе од 15 години и сметам дека во неа е сублимирано најдоброто од мене како музички радиопрезентер. Доцното попладне е резервирано за релаксирање и подготовка на диџеј-сетот за вечерва во „Инди паб“, каде што настапувам веднаш по концертот на легендарните Т.Б. Трачери.

Арта Кури

сопственичка на кафе-барот „Дамар“

Денот ми почнува со музика во уши, на велосипед брзам на работа во Светска здравствена организација, имам неколку состаноци, а останатиот дел од денот го минувам пред компјутер. Попладне одам на ручек во Дебар Маало, а потоа ме чека подготовка за тематската журка што ја правиме обично во петоците во „Дамар”.

Ивица Маринковиќ

водител

Од утрово, па се' до 15 часот ќе бидам зафатен со подготовките околу патувањето што секоја година го организира летниот екокамп „Котиледонија“. Овој пат, со децата ќе одиме за Пониква. Во попладневните часови имаме нов гостин и уште едно снимање на популарната детска емисија „Ај ти замижи“.


#
Најди! во Утрински