Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Политика

Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“

Денешните изданија на овие три весници се последни, а стотина новинари заминуваат на принуден одмор

Љубиша Станковиќ


Весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“, кои ги издава компанијата „Плус продукција“, од денеска нема да се печатат, а стотина новинари од сите три редакции заминуваат на принуден одмор.

На ваков чекор се одлучиле трите редакции по состанок што го одржале со менаџментот на компанијата. По сугестија на луѓето што ги водат весниците, била донесена одлука со која излегувањето на сите три дневни весници се стопира, а новинарите ќе заминат на едномесечен принуден одмор. Како што неофицијално се дознава, уредништвата на вес��иците од менаџментот побарале едно долгорочно решение со кое „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ би можело да излегуваат непречено, а колку-толку би се норамализирала и исплатата на платите на вработените. На ваквите барања било одговорено дека е невозможно да се реагира во краток рок и дека фирмата не може повеќе да го сервисира натамошното излегување на весниците.

„Денеска на продажните места ќе излезат последните броеви на ’Време’, ’Шпиц’ и ’Коха е ре’. Повеќе не сме во можност да ги издаваме весниците бидејќи немаме ниту хартија ниту бои, а познато е и тоа дека ни беа одземани и возилата со кои ги дистрибуиравме весниците“, вели Коле Чашуле, главен и одговорен уредник на весникот „Време“.

Иако во јавноста беа пласирани одредени шпекулации што упатуваа на тоа дека состојбите ќе се санираат за еден месец, неизвесно е дали ќе се случи тоа и дали ќе бидат обезбедени милион евра колку што побарува Управата за јавни приходи од „Плус продукција“.

Компанијата што стои зад трите весници не знае колку точно треба да и' плати на УЈП на име неплатени даноци за изминатите шест години. Всушност, се' започна со побарување што беше двојно помало од она што сега го испорача УЈП, но кога беше доставено даночното решение, тоа гласеше на милион евра.

Дали овие три весници ќе згаснат засекогаш или за нив ќе се најде купувач, ќе покаже времето. Продажбата на весниците не ја исклучи и главниот уредник на „Шпиц“, Бранко Героски, но тој е на мислење дека и доколку се најде купувач, не треба да се исклучи можноста долгот повторно да биде зголемен. Токму поради долгот што го има „Плус продукција“ кон УЈП, трите весници од „Перо Наков“ во изминативе неколку месеци наидуваа на големи пречки. Печатницата „Мисирков“, каде што се печатеа трите весници, со тешки маки набавуваше хартија и материјали за печатење, а даночниците запленија и десетина комби-возила со кои се дистрибуираа весниците, а од средината на минатата недела „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“ го намалија и бројот на страници и се печатеа во црно-бела техника. На десетиците новинари од трите дневни весници вчера поддршка им даде Синдикатот на новинарите.


#
Статијата е прочитана 2468 пати.

Испрати коментар

Од: stevo
Датум: 02.07.2011 03:14:34
site treba da si plakame danok
Од: Lazo Stefanov
Датум: 02.07.2011 04:33:11
Koga onie sto se na vlast ne rabotat za pogolemi covekovi prava, natamosen dmokratski razvoj i vazjenje na pravoto, a opozicijata sosema malku posvetuva vnimanie na toa - ni se slucuvaat vakvite raboti.
Од: Raspucin
Датум: 02.07.2011 06:05:04
So neplaten danok i se na rab za zatvaranje.Jas sto redovno go plakam sepak se spremam da zatvoram no koga bi mi gi vratile parite sto sum gi uplatil od 2006 do sega bi zaposlil uste 4 luge i bi rabotel seuste.Ili ke imame drzava ili ne.Site treba da se ramnopravni pred zakonot.
Од: vlado
Датум: 02.07.2011 07:05:17
Site treba da si placame danok, za da moze da se hrani partiskata administracija, koja sto za obicen dokument ke te seta i ke te matka so meseci. Barem da zaposlea pismeni luge. Vaka, em gi placas, em koga ke otides na salter, kako da si im dosol da prosis, a ne da baras da ti zavrsat ona za sto si platil odnapred. I na kraj, ispaga onaa makedonskata: rani kuce da te lae.
Од: читател
Датум: 02.07.2011 07:57:44
Мора да се плати данок и мора да се умре. Ако не се плати данок побргу ќе се умре. Ова мора да го научат сите!
Од: citatelka
Датум: 02.07.2011 08:34:11
Tocno e deka site treba da si plakaat danok, no toa treba da vazi za site vklucitelno i za provladinite mediumi. Steta e sto prostorot poleka se cisti od "nepozelnite" mediumi, loso e se da se gleda belo ili crno. Ni treba pluralnost i razlicnost. Grozen bese komentarot na Milenko vcera deka denes (petok) e praznik za novinarstvoto (se znae na sto aludirase) koga tri mediuma zgasnaa, a vo Utrinski pocnaa da se delat otkazni resenija. Duri i na najlutiot neprijatel ne bi mu posakala da prestane da raboti. Licnata borba treba da se sfati kako sudir na stavovi i tezi, a ne demonstracija nar na mok i drskost. Poleka no sigurno vleguvame vo mediumsko ednoumie.
Од: Столе
Датум: 02.07.2011 08:44:29
Не се во право тие што наредија да згаснат весниците ич не се во право !!!!!
Од: Mirko
Датум: 02.07.2011 09:02:10
Dali bas site plakaat realen danok? Ili, pak ima rangiranje i plakanje po partiska pripadnost?
Од: nina
Датум: 02.07.2011 09:37:55
Site treba da plakame danok, no se somnevam deka Stojmenov I Zingo plakaat!!!! No da, tie se zastiteni od Guevski....
Од: velija
Датум: 02.07.2011 10:20:12
Многу ми е жал за луѓето што ке си останат без работа на денешно време тоа е тешко ама од друга страна ми е ќејф што повеќе нема да можат да го лажат Македонскиот народ со сите лажни и прачани колумни. За све е крив горепотпишаниот другите се само "курбан".! Како викаат "кој со ѓаолот тикви садит од глава си ги мават"
Од: Citatel
Датум: 02.07.2011 10:23:58
A kaj se parite od danokot?
Од: Trajce
Датум: 02.07.2011 12:20:37
Me interesira kade isceznaa parite vo sise. I dali tie plakale danok kako sto treba?
Од: Boshko
Датум: 02.07.2011 12:35:05
I utrinski ne e daleku od zatvoranjeto,ne deka ne chini tuku mu e trn vo ochite na Nikola i ushte mnogu drugi kako nego. A do kolku i Utrinski go snema togash nema da chitam nikoj drug vesnik. Pozdrav Boshko.
Од: trpe od gradsko
Датум: 02.07.2011 12:46:22
Zalosno...sigurno ne e dobro da se unistuvaat vesnicite...I ako pricina se danocite, koe uste ne dokazano so pravosilna sudska presuda...Sigurno so ova ne dobro da zgasnuvaat...tuku da se najde nacin tie da rabotat za demokratijata i nezavisnosta na slobodata na pisaniot zbor...Vaka se dobiva vpecatok dali vlasta ima ist arsin za site..ili selektivnost kako vo komunizmot...procenete vide narode...???
Од: Rezzilov
Датум: 02.07.2011 14:08:20
Наведените весници згаснаа поради тоа што не си ја исполнија задачата за која беа и наменски формирани - рушење на власта на ВМРО и Никола Груевски:Народот им пресуди.
Од: Кадавер
Датум: 02.07.2011 18:27:42
jas i drugi 80 luge ,sum proglasen tehn.višok uste 2006 (pred izborite), jas na 56 godini starost, samo 12meseci primav po 50 evra, nieden vesnik ne pišuvaše za takvite kako mene, a ne ima dosta. Pa sega me zabole ako novinarite se na prinuden odmor... neka rabotat nešto, zdravi pravi se , ima vo Makedonija zemja za obrabotuvanje, taman da go dolovat ambientot na zemjodelcite..
Од: mitko dimitrovski
Датум: 02.07.2011 20:45:08
Do CITATELKA : Da draga citatelke ,prostorot trba da se ocisti od nepozelnite i antimakedonski mediumi i od onie sto ne plakaat danoci na drzavata,vo pravo ste,Vi cestitam!
Од: rojkas
Датум: 03.07.2011 07:44:17
Iskren da bidam,i jas gi citav Spic i Vreme i iako ne se soglasuvav vo nivnite site komentari,no koga ne si vo moznost da rabotis komercijalno(ne plakas i danok) se znae kluc na vrata p.s. E ako dojdese SDSM nekako ke se iskompeziraa....
Од: Joncce od REK
Датум: 03.07.2011 11:29:15
nema da zgasnat samo izdanijata na Velija. Pred zgasnuvanje se i lokalnite mediumi od Bitola, zatoa sto REK na celo so CCingoski i lingurot Papasterevski ne im plakjaat za cela godina, a vesnicite gi zemaat. Duri i milencceto na VMRO, TV_Orbis e vo nemilost, zaradi badzanakot Konjanovski. Nikoj ne moze da me ubdei deka toa ne e smisleno zaradi vrsenje pritisok i vlijanie.
Од: zoko od vekot
Датум: 03.07.2011 13:38:54
Koj se gavolot tikvi sadi od glava mu se krsat. Zalno no vistinito. E toa im se sluci na ovie tri vesnici.
Од: vasco beleski
Датум: 03.07.2011 23:02:49
nikade vo svetot nema nezavisen vesnik a pogotovo vo makedonija nitu eden vesnik ne zalsuzuva da go nosi epitetot nezavisen megutoa tie na velija bea ispod sekoe nivo ja sneznam sto voopsot komentrate dali da ili ne za nkoj koj sto non stop ja kradel drzavata a veruvajte od nekade mora das e pocne so stopiranje na kriminaot a sega e samo pocetok

Најди! во Утрински
Политика
Печатените рецепти не ги намалија нервозите
Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

"""