Број 3620  сабота, 02 јули 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Насловна








Site Meter
Политика

Колективна оставка на Советот на честа на ЗНМ

Сите членови на Советот на честа при Здружението на новинари на Македонија вчера си поднеле оставка, потврдила за Макфакс Ида Протуѓер, претседателка на Советот.

Членови на Советот на честа при ЗНМ беа Ида Протуѓер – Алфа телевизија, Аднан Ајдари – МТВ – Албанска редакција, Александар Чомовски – А1 телевизија, Иван Блажевски - Алсат-М телевизија, Катерина Блажевска – „Дневник“, Сања Васиќ – Телма ТВ и новинарот Жарко Јордановски.

„Советот на честа констатира дека нема на располагање други алатки за да може неговите препораки да го постигнат очекуваниот ефект. Колективната оставка на членовите на Советот на честа е и знак на протест за состојбата во која се најде македонското новинарство, кое стана целосен заложник на интересите на сопствениците на медиумите и на останатите центри на моќ, главно, на политичките партии, наместо да и' служи на јавноста и на вистината. Принципите на Кодексот бескрупулозно се кршат, а новинарите не покажуваат сила да се изборат за професијата што треба да биде дел од креирањето на демократскиот амбиент и на јавното мислење. Довербата во медиумите падна на најниско можно ниво“, се вели во официјалното соопштение на Советот.

Оттаму велат дека ЗНМ иницирал постапка за формирање ново тело - Етички совет.

„Сегашната ситуација не' поразува и како луѓе и како новинари. Не гледаме можност во рамките на сегашните услови да ги штитиме достоинството и принципите на новинарството“, велат членовите на Советот на честа по својата колективна оставка.

Советот на честа е единственото саморегулативно тело на новинарите во Македонија. Неговата основна задача е да се грижи и да ги промовира етичките принципи, критериуми и стандарди на професионалното и одговорно новинарство набележани во Кодексот на новинарите на Македонија.


#
Статијата е прочитана 869 пати.

Испрати коментар

Од: cetiri musketari
Датум: 02.07.2011 01:15:25
Predlagam da vo Sovetot na cesta na ZNM da bide sostaven od najcesnite novinari i mediumski rabotnici sto makedonija gi ima,a toa se gvartetot na musketari: Milenko,Latas, Janko i Mirka . Samo tie mozat da ja opravat rabotata.Vecerva go slusav laf-muabetot sto si go vodea Janko i Milenko na kanal 5 i me izede tudja sramota,mi idese da propadnam vo zemja od sram.Pa zarem nemaat malku sram i obraz. Cela Makedonija gi znae do koska kakvi se , a vami treskaat takvi gluposti covek da se cudi.Barem neka ne postedat od onie trabunjanja. Takvi gluposti , pateticni egzalatacii( (Janko pri krajot zapadna vo trans i mu se javi nekoe "Otkorovenie" pa pocna mesijanski da ne ubeduva deka spasot se blizi, pa eve ako kletvite ne pomagaat molitvite ce pomognat Gospod pa se setel i na nas i ce recel dosta ovaj narod go izmacuvaat pa ce ni go pratel Sv. Djordjija da ne spasi od ovie iskusenija.Znaci Armagedon se blizi,Treba samo da se molime i da gi slusame 4-cata musketari.
Од: patriot
Датум: 02.07.2011 10:45:25
samo taka pocnaa instlaciite komunjarski da se raspagjaat po sest porazi konecno svativte deka narodot ne e so vas sega na red e i srd , sekoj mora da ja ponese odgovornosta za svojata rabota pa i novinarite komunjarski,sovet na cesta so comovski zastitnik na milionski kriminal ????
Од: Kate
Датум: 02.07.2011 10:49:40
Ida protuger raboti za Alfa, t.e. direktno za sdsm na BC. Taa nema pravo da bara slobodno novinarstvo bidejki e del od medium vo partiska shema na BC, Shema, Savova,Mincev, kako sto pred toa beshe so Bucko i comp.
Од: и.
Датум: 02.07.2011 11:31:36
Ми се чини дека не е најмудро да се дава оставка. Квалитетните и непристрасни новинари се многу силно силно оружје во ова профашистичко шизоидно лудило и не смеат да се повлечат, бидејќи просторот што ќе го остават веднаш ќе биде нападнат и од миленковци латасовци, мирковци... Мора да се изнајдат механизми на активна и континурирана борба.
Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 02.07.2011 22:46:06
Cestitki za solidarnosta.Samo taka moze da se odi napred. Site sme so kvaliteti i mani .
Од: ivo
Датум: 03.07.2011 02:09:29
A sto mislat novinarite ? Mislat deka najdobrite pravnici se sudii , advokati, opstinari, ili vladini sluzbenici? Mislat deka najdobrite filozofi , poeti, slikari, intelektualci se vo MANU? Mislat deka najdobrite ekonomisti se najdobri vo biznisot ! Vo Makedonija postoi opsta kriza na profesiite , so zastrasuvacka povrsnost i politikantsko - prisluznicka servilnost kon vlastite, kon pomoknite, kon pobogatite ,kon partiite, kon "avtoritetite"! Novinarite se "prekubrojni" zatoa sto kolku novinari, tolku "kolumnisti-eksperti" od partiite!?Nivoto na politikata ako e prizemno, kakvo moze da bide izvestuvanjeto i komentiranjeto? .... Sreka sto "samo" Janko i Milenko se na "sloboden pazar". Partiite plakaat 500.000 evra za eden cas reklami ( kako sto bese objaveno) a ovie dvajca, uspevaat da imaat emisii od cas i polovina! Logicno bi bilo deka uspevaat da "priberat" reklami za terminot vo vrednost od nad 750.000 evra , za da ostane nesto i za niv !?Ugledajte se na niv , ako se uspesni!

Најди! во Утрински
Политика
Згаснаа весниците „Време“, „Шпиц“ и „Коха е ре“
Печатените рецепти не ги намалија нервозите

"""