Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп



Овен

Сите нервози и вишок на меоции се врзани за куќата и родителите. Морате некако да с еизборите со тоа, зашто само во тој случај ќе имате корист. Во спротивно, потиснувањето на проблемите може да доведе до психосоматски болести, стомачни тегоби, а во подоцнежниот стадиум и до нервоза придружена со агресивно однесување. Не грижете се, се' ќе пребродите успешно, благодарение на поддршката на саканата личност.



Бик

Само под услов во претходниот период да сте постапувале правилно, можете да се надевате на поволен исход. Во спротивно, проблемите само се собираат. Партнерот прави се' да се сомневате во оправданоста на врската. Свртете се кон себе и сочекајте поповолен момент, кога ќе бидете во ситуација проблемите да ги согледате објективно и правилно.



Близнаци

Бидејќи ги победивте вирусите и слабоста на имунитетот, се разочаравте во врска со извесни случувања - пасивни сте. Се одморате. Нервозата полека стивнува, па се обидувате позрело да размислувате. По којзнае кој пат донесувате одлука дека нема да постапувате погрешно, но таа кратко трае. Набргу ќе продолжите по старо.



Рак

Ги држите конците во раце. Одлучни сте и истрајни, па никој не се сомнева во успехот. Околината се чуди како ви поаѓа од рака толку добро да функционирате. Можеби малку ве потцениле, и тоа затоа што ни самите вие не верувате доволно во себе. Таа своја состојба несвесно ја проектирате и на околината.



Лав

Доколку се свртите на работата и креативните потенцијали, ве очекува успех. Во спротивно - фрустрациите не ви бегаат, особено ако по секоја цена посакувате невозможно и тоа на план на најдлабоката интима. Во последно време ви е доста од фрустрации, па обидете се на секаков начин да ги избегнете. Излезот е во вас и конкретните деловни потези.



Девица

Извесни планови паѓаат во вода. Оваа загуба мора стоички да ја поднесете и да се свртите на нештата што бараат внимание. Никој не се сомнева в�� успех кога се во прашање Девиците. Сите астролошки знаци имаат квалитети, а вашиот посебно. Затоа морате во секој миг да биде свесни за своите предности. Храбро, напред!



Терезија

Доколку ви појде од рака да се опуштите и со кафе со пријателите да функционирате нормално - се' ќе биде во ред. Посветете внимание на своето ментално здравје, не се оптоварувајте со бесмислици и удоволете си себеси. Пожелно е да правите работи што прават задоволни. Но, тоа морате да го правите сами. Помош- не очекувајте!



Скорпија

Имате желба да сакате и да бидете сакани, но ситуацијата не е розова. Или партнерот ги изневерил вашите очекувања, или сте избрале погрешна личност. Во секој случај сте нерасположени. Не се обидувајте тврдоглаво да дојдете до вистината. Повлечете се од игра и мудро сочекајте ги своите пет минути. Одговорот ќе дојде сам по себе.



Стрелец

Само доколку го осмислите овој ден, ќе бидете задоволни. Тоа може да биде дружење, спорт, или било каков хоби - се' е индивидуално. Важно е однапред да ги испланирате содржините што ќе ве активираат. Не дозволувајте си празен од, зашто може да бидете нервозни. Засилена е смислата за филозофско - религиозни теми.



Јарец

Пред вас е креативен и убав ден, така што немате причина да се жалите. Уживајте во тивката среќа, но првенствено морате да решите некои работи сами со себе. Треба да знаете до која мерка да се жртвувате за најблиските, зашто тие почнаа да ја злоупотребуваат вашата добрина. не се давајте!



Водолија

Се грижите за здравјето, иако станува збор за безначајни работи. Бидејќи домот е моменталниот центар на случувања, настијувате амбиентот да го направите попријатен. Пријателите што не сте ги виделе долго, ќе уживаат во вашите специјалитети. Дружењето е работа на којашто треба да се фокусирате, зашто ве спасува од депресивните мисли.



Риби

Само доколку се залагате за надминување на проблемите, ќе може да уживате во плодовите. Во спротивно, грижите ќе влијаат на вашиот кревок нервен систем. Партнерот може многу да ви помогне во совладување на проблемите. За возврат, пружете му барем малку нежност.


#
Најди! во Утрински

"""