Број 3647  четврток, 04 август 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести








Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Огненка Герасимовска

пијанистка

Завчера се вратив од Израел, каде што изминативе шест месеци предавав пијано на Националниот конзерваториум за музика во Ерусалим. Деновиве ги средувам впечатоците, искуството и знаењето со кои се стекнав таму. Исто така се запознавам со новитетите во Скопје и уживам опкружена со моите пријатели и семејството.

Јасмина Поповска

актерка

Деновиве настојувам чесно да се изморам за да си го заслужам одморот на кој ќе заминам кон крајот на неделава. Всушност доволно исцрпуваат и самите подготовки за одмор. Освен подготовките, деновиве интензивно се дружам со пријатели дојдени од Австралија. Сакам повеќе време да минам со нив пред да заминам за Сардинија.

Росана Сариќ-Тодоровска

пејачка

Штотуку сум вратена од одмор, кој годинава ми беше најпатриотски - десетина дена во Маврово. Сега со зголемено ниво на ентузијазам им се посветувам на обврските на работното место. Ми се чини дека сега најубаво човек може да се одмори во Скопје - градот е испразнет, па сообраќајот и се' друго е порелаксирано.


#
Најди! во Утрински

"""