Многу сериозни закани се испречуваат пред Македонија: раст на невработеноста, пораст на и онака високиот трговски дефицит, пад на домашниот бруто-производ, намалени буџетски приходи... До ова ќе дојде како последица на состојбите во домашните металуршки комбинати кои директно вработуваат околу 6.000 лица. Кај нив најбрзо и најостро удри светската економска криза.
Уште пред два месеца, поради драстичниот пад на цената на металите на берзите и стопираните порачки за странските пазари, компаниите го преполовија производството, а дел запреа цели производствени процеси. Над 1.500 работници се веќе дома, на принуден одмор, со 70 отсто плата и нивниот број постојано расте. Најстрашното допрва доаѓа, економистите прогнозираат натамошен пад на цената на металите, уште најмалку шест месеци.
Од „Фени“ неодамна најавија дека покрај над 100 лица на принуден одмор, од почетокот на следната година ќе отпуштаат од работа уште најмалку толку работници. Црни прогнози има и кај текстилните компании, кои, исто така, испратија на принуден одмор стотици работници. Фирмите деновиве се пожалија дека во 2009 година очекуваат за 70 отсто помало производство, кое сега е преполовено.
Како резултат на ова, ќе се намали сумата на придонесите што се слеваат во буџетот по основа на плати, ќе паднат девизните приливи од извозот на металските компании, чие учество во вкупниот извоз е над 40 проценти и, на крајот, наредната година ќе се намали и БДП, поради намалениот процент на учеството на металските фирми во него. Тој досега изнесуваше над 12 отсто.
Гласните апели за помош на компаниите Владата се' уште не ги слуша. Се пали црвено светло за македонската економија, па Владата и бизнисмените не смеат да се однесуваат потценувачки спрема глобалната криза. Моментно е важно, пред се', да се направи нешто за металскиот сектор, како најпогоден, и за малите и за средните претпријатија, поради нивното значително влијание на трговскиот дефицит. На ова неодамна предупредија економските аналитичари. Кризата влијае и врз банкарскиот сектор, кој ги зголеми каматите и драстично го намали кредитирањето.
Владата сигурно не може да влијае на светските збиднувања, но на домашен терен има каде да дејствува. Десетте нејзини мерки, донесени неодамна за спас на фирмите, се многу општи и нема директно да влијаат врз металските фирми, категорично тврдат раководствата на компаниите. Се укинуваат некои царини, но прашање е колку увоз воопшто ќе се реализира ако се знае дека има застој на нарачките од странство, а цената на металите и натаму паѓа. Па, фирмите воопшто не размислуваат да увезуваат и да произведуваат, затоа што тоа ќе им донесе само финансиска загуба. Тие побараа од Владата да им ги ублажи состојбите со конкретни мерки, како што е продажбата на евтина домашна струја и пониски транспортни услуги од железницата. Владата не одговори на нивните барања. Тоа биле приватни компании и само за нив не е в ред да се носат посебни мерки.
Сепак, сега да се дејствува е поедноставно, затоа што подоцна, по неколку месеци, кога ќе тресне БДП, ќе скокне трговскиот дефицит и ќе се појави буџетска дупка од намалените придонеси од плати, може да биде доцна. Во Германија, каде што кризата остави стотици илјади лица на принуден одмор, Владата експресно ги смени законите и им овозможи на компаниите од индустријата, наместо шест месеци, да можат да ги остават работниците на принуден подолго време, 18 месеци.
Можеби не е лошо Владата да размисли да го примени ова и кај нас. Секоја мерка е подобра отколку компаниите, кои по долгогодишна транзициска пауза, конечно, живнаа и ја кренаа и домашната економија, да стават клуч на врата.
Зарем народот уште верува дека Груевски е Дедо Мраз, па за некоја (идна, по 100 чекори- години) владеење ќе направи „економски бум“? Бум навистина направи оваа влада, троши пари неброени за саморекамирање, а од нивното фалење народот е се погладен, секој ден за секое партиско вработување на грбот на народот остануваат без работа по стотина работници од металургијата, рудниците, трговијата. За оваа влада единствено е важно државната каса да е полна за наместени тендери, а народот нека плаќа скапи даноци.
Од: makedonec
Датум: 09.12.2008 01:40:16
a be sramota vladata,mora da prevzeme nesto za da se spasat golemite fabriki.podobro e tie da rabotat,bidejki imaat mn.vrabotenia istovremeno ja polnat kasata na drzavata.ne mi jasno zosto nemaat sluh za golemite metalurski kombinati,tuku donesoa merki za pretprijatija od 3 vraboteni.ovie kompanii vlijaat i na trgovskiot deficit,mislam na golemite.koja e politikata na vladata,dali da se zatvorat kompaniite?sto ke pravi makedonija bez i taa mala industrija sto ja imase do sega??
Од: miki
Датум: 09.12.2008 07:20:51
Ima metalurgiskata industrija pari od minatite godini,koga metalite bea deset pati povisoki.Neka trosat od rezervite.Ama poznavajki gi direktorite [citaj SDSM] se znae koja e celta.
Од: Инженер
Датум: 09.12.2008 07:52:46
Може Владата да им понуди на фирмите од металургијата да понудат свои акции на берзата, Владата да ги купи и потоа да најде државен интерес да ги оплоди своите инвестиции, односно акции, преку разни мерки. Зашто металуршките компании не го сакаат тоа? Како се движи цената на нивните акции, паѓа? Ги нудат ли на берза? И во кризни моменти решение може да се најде, но не може да се гледа само својот сопственички интерес.
Од: zoki
Датум: 09.12.2008 17:27:32
Maja a sto ne gi prasa kade im e akumulacijata sto ja napravija dodeka cenite na metalite bea vo nebo. Kakvi gluposti, u pazarno stopanstvo da dobijat poevtina struja. Pa znaete li deka WTO ke ne sotre bre . Imaat li ovie firmi biznis strategija, ako imaat taka i neka se ponasaat.