Број 2857  вторник, 09 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Што прават денеска

Што прават денеска

Бобан Бабунски
тренер на ФК Работнички

Денот редовно ми започнува околу 7,30 часот, кога се упатувам кон клубот. Заеднички појадок со играчите, па анализа на претходниот меч и подготовка за идниот пред да започнеме со тренигот. Потоа, уште една анализа за време на ручекот и во клубот сме некаде до 16-17 часот. Потоа и дома продолжувам со подготовка на утрешниот тренинг. Цел ден со фудбал.

Петар Горко
актер

Вечерва, во Битолскиот народен театар ја играме „Црна се чума зададе“, а кога ја имаме таа претстава на репертоарот, тогаш речиси цел ден сме во театар. Прво имаме распејување, па техничка проба... за вечерта на сцената да ја изведеме претставата во полн сјај.

Ване Јовчев
музичар

Стандарден работен ден по продолжениот празничен викенд. Пред да одам на работа, малку играме со синот. Работните обврски започнуваат со редовните часови со учениците, па продолжувам со проба со училишниот мандолински оркестар. Попладне, имам проба со „Синтезис“ и вечер уште една проба, но со Мандолинскиот оркестар при МКЦ.

 

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ