Нема причина да ја провоцирате својата љубовна среќа, потребно е да остварите позитивен ефект во секој поглед. Доколку постои ново лице кое емотивно ве привлекува, бидете доволно дискретни со своето однесување. Погрешен потег или љубовен ризик може да ве воведе во дополнителни компликации.
Бик
Ви недостасува емотивна поддршка, но не дозволувајте некој да ги менува вашите потреби или основни критериуми. Партнерот често се откажува од вас од непознати причини, така што ви ја отвора емотивната празнина. Потајно со обидувате да остварите романтичен состанок или да почувствувате нов импулс. Се' е можно кога се совпаѓаат вашите чувства и мисли.
Близнаци
Иако ве води амбицијата, понекогаш знаете да бидете нереални кога станува збор за проценување на вашите можности. Многу подобро ќе биде доколку научите да ги балансирате нештата и тогаш кога изгледаат неостварливи. Емотивната состојба во наредните денови би требало да ви го поправи расположението.
Рак
Наскоро ве очекува некоја заслужена награда или материјална добивка како потврда за вашите професионални способности и влијанија. Партнерот се обидува да ве расположив на секој начин и да ги исполни вашите очекувања. Емотивно разбирање и заемно дополнување на љубовен план претставува позитивен чекор на некои претходни случувања што ве загрижувале.
Лав
Бидете претпазливи во вложување пари и имот. Ви годи сознанието дека се наоѓате во центарот на вниманието, различните ситуации на вас влијаат мошне сериозно. Во љубовниот живот доживувате нова радост и ви годи блискоста и односот со партнерот. Понекогаш и малите нешта имаат големо значење ако правилно ги вреднувате и ги разменувате со блискиот.
Девица
Партнерот се обидува да ги реши заедничките дилеми и ја очекува вашата емотивна поддршка. Се' има смисла ако постои заеднички договор, пристоен однос и добра волја. Не дозволувајте некој отстрана да ви ја наруши семејната хармонија или љубовниот однос. Зачувајте го својот свет на интима само за блиски и драги луѓе.
Вага
Во зависност од личното интересирање или мотивација, бирате работна варијанта која носи најдобри резултати. Имате добро претчувство и сакате да ги остварите своите љубовни потреби. Чувствувате емотивна инспирација и сите околу вас ги забележувате, како да се наоѓате на златен пиедестал. Направете се' што е потребно за да освоите нечие внимание и да добиете искрена наклонетост.
Скорпија
Ве очекува добивка и можност за успешно креирање или практично приспособување на работните планови. На љубовно поле посакувате повеќе возбудување и нежности со љубеното лице. Потребно ви е малку туркање за да ги почувствувате занесот, среќата или емотивна инспирација. Доколку сте слободни, одговорете на нечии пораки или додворување. Ве очекува задоволство во ново друштво. Водете се од својот внатрешен ��мпулс.
Стрелец
Важно е правилно да се наметнете или да ги истакнете своите способности. Изгледате задоволно на љубовно поле, покрај вас се наоѓа лице кое искрено се грижи за вашите емотивни желби и потреби. Доколку сте слободни, ве очекуваат покани за состанок. Ќе ви годи нечие интересирање и нова љубовна романса. Добро сте расположени кога се во прашање нови емотивни предизвици.
Јарец
Нема потреба да губите драгоцена енергија, упорно се обидувате да го промените однесувањето на партнерот или да влијаете врз случувањата што не зависат од вашата волја. Секогаш постои златна граница помеѓу љубовни желби и реални можности и тоа од двете страни. Зачувајте ја емотивната блискост со драгото лице.
Водолија
Важно е да бидете правилно информирани за новите случувања на работната сцена и да нудите практични решенија од заеднички интерес. Во своето еуфорично расположение, заборавате некои семејни обврски или некое драго лице. Партнерот можеби нема да има доволно слух за вашите нови изговори, бидете доследни во она што го зборувате или ветувате.
Риби
Задоволството што ве следи во односот со саканото лице го претставува најубавиот дел од од стварноста, која влијае на вашето расположение и на занесот. Емотивна инспирација и мечтаењето се неисцрпни ако се наоѓате во вистинско друштво или со лице кое ве плени со добри мисли. Зачувајте го емотивно-романтичарскиот поглед на светот околу вас.