Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Скопје

Нема ни хигиена ни пари од Законот за јавна чистота

Никој не кажува ни колку средства се собрани ни каде отидоа парите од казните

Снежана Калабакова

Помина речиси една година откако е донесен Законот за јавна чистота, а сликата со хигиената по автобуските постојки, на тротоарите, улиците и парковите и тоа во централното градско подрачје остана непроменета. И натаму нема нови кошници за смет, тротоарите се послани со догорчиња од цигари, а тревниците со разни отпадоци. А, Законот беше мошне ригорозен, за фрлено догорчено казната изнесуваше 50 евра.

Се чини никој веќе не казнува на автобуските постојки за фрлено ѓубре, ниту на улиците за паркирање до контејнер или во тревната површина. А веднаш по донесувањето на Законот, јавноста беше буквално бомбардирана со информации колку казни биле изречени, колкумина платиле во готово, а колкумина ја одработиле казната. Од собраните средства освен нови кошници за отпадоци во Градскиот парк и контејнерите што ги обезбеди Владата, не видовме ништо друго. Јавноста не дозна ниту колку средства се собрани од казнетите граѓани ниту, пак, каде отидоа тие пари.

Од градската Канцеларија за информирање велат дека буџетот на Скопје не предвидува средства за поставување кошници за отпадоци, освен оние што ги постави во Градскиот парк и средствата што ги обезбеди за набавка на новите контејнери. Толкав е, велат, наследениот буџет.

Одговор на прашањето не добивме ниту во Министерството за транспорт и врски. Оттаму велат дека средствата кои по основа на санкционирање согласно со Законот за јавна чистота се прибираат од страна на комуналните редари, се распоредуваат во буџетот на Општината во која е направен прекршокот, додека средствата кои по овој основа ги прибираат полициски службеници, односно МВР се распоредуваат во буџетот на државата. За добивање точни бројки, не' упатија до Министерството за финансии, односно до единиците на локалната самоуправа.

Во скопските општини Гази Баба и Бутел велат дека многу малку пари биле собрани од казните што биле изречени на самото место. Со оглед на стандардот на граѓаните, најголем дел од казнуваните избирале да одработат општествено корисна работа.

„Од јануари до август Секторот за внатрешни работи на Скопје има утврдено 6.769 прекршоци од Законот за јавна чистота. Од нив 452 граѓани платиле глоба, а 1.069 добиле налози за да ја одработат казната. Против 5.309 граѓани кои ниту платиле глоба ниту, пак, во полициските станици донеле потврда за извршена општествено корисна работа, биле поднесени прекршочни пријави“, вели Лиза Бендевска, портпарол во СВР-Скопје.

Од Транспорт и врски информираат дека во периодот од 22 септември лани до 15 годинава, Државниот комунален инспекторат има извршено вкупно 214 контроли на општините во Република Македонија за надзор на спроведувањето на Законот за јавна чистота. Во овој период била извршена контрола и на вкупно 79 јавни претпријатија, каде што било укажано на спроведувањето на одредбите од Законот за комунални дејности и другите закони од областа на комуналните дејности.










#
Статијата е прочитана 648 пати.

Испрати коментар

Од: jimmy1
Датум: 16.09.2009 05:55:37
A kade otidoa parite od kaznite za plukanje, frlanje dogorce, knigina i red drugo???? Po se izgleda vo dzebot na Grujo ili vo novite stanovi od 'Nadezda", ili pak vo "skrivalisteto" sto Grujo go gradi vo Cekoslovacka. Ova e stramota, gi derat lugeto do gola koza za svoi licni interesi. Nekoj ke mora da odgovara za site ovie ujdurmi sto se slucuvaat kaj nas, nekomu treba rejtingot naglo da mu padne, ispod NULA.
Од: abv
Датум: 16.09.2009 07:21:33
Licno so svoi oci imam videno kako se pluka, se frlaat pikavci, se menjavaat na deca peleni i se ostavaat na ulica, tocno kaj min. za transport i vrski, preku Vardar, i nikoj ne reagirase na tie raboti, Sakam da prasam, dali na toj del od gradov se dvizat inspektori?
Од: zap ev
Датум: 16.09.2009 11:21:31
vo mak nema pari za cistota ama ni za bolni,stari,nevraboteni,hendikepoirani,ama ima pari za luksuszni koli so sofer za politicari ne samo za ministri tuku i za lokalni politicari i direktori a na zapad ministri odat na rabota so tocak pa politicarite im solat pamet na narod vo mak mak bila siromasna.
Од: Oskar.
Датум: 16.09.2009 13:58:09
Problemot na nehigienata ne e vo nemanjeto na korpi za otpadoci, koi vo centarot na gradot gi ima poveke od dovolno, problemot e vo sovesta i kulturata na graganite. Pred sekoj bankomat ima korpa za otpadoci a livcinjata od avtomataot se rasturaat naokolu?. Neophodna e komunalna policija koja 24 casa na den ke patrolira i kaznuva, no ne so vaka drakonski kazni. So dosegasnata kampanjska kontrola nema da imame uspeh vo sozdavanje na red vo bilo koja oblast od naseto ziveenje kako higiena, vozenje, parkiranje, zastita na zelenilo, premin na ulici, isfrlanje na smet i dr. Edena od pricinite za prepolnite kontejneri e frlanjeto vo niv na kartonska ambalaza so koi neracionalno se ispolnuvaat kontejnerite, poradi sto gjubreto se rasfrla okolu kontejnerite. Ovoj problem e tolku banalen sto moze da se resi vednas, samo ako se ima volja kaj nadleznite od Opstinite i K. Higiena. Bi ja zamolil avtorkata da gi potseti.

Најди! во Утрински
Скопје
Движењето на кејот ќе биде блокирано најмалку три години
Руска и кинеска амбасада во касарната „Илинден“