Број 3087  среда, 16 септември 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Site Meter
Хороскоп

Дневен хороскоп


Овен

Пријателите ве разоткрија. Сфатија дека сте користољубиви. Но, како и да е треба да ве прифатат. Тоа што вие сте такви е ваш проблем. Веројатно долго време сте биле жртва на разни шпекулации, до таа мера што ви се смачило.



Бик

Моментално знаете што сакате. Иако сте превртливи во ставовите, тоа не мора по правило да биди лошо. Од честите промени на ставовите може да профитирате, било да е во прашање партнерство, брак или работа. Самотијата ви годи. Можна е кожна инфекција.



Близнаци

Некои нешта се кристално јасни. Подобро се чувствувате кога не знаевте на што сте. Тогаш можевте да се надевате и да фантазирате. Вака од нешто ќе треба да се одречите, а некои луѓе да ги ставите на вистинското место. Болно е се' што денес доживувате, но и корисно. Обидете се од настаните да извлечите лекција за иднината.





Рак

Тешко ви тргнува од рака да се контролирате. Склоноста кон расправии и драматични ситуации моментално е евидентна, а оние кои не ве познаваат добро ќе се шокираат. Партнерот спрема тоа е рамнодушен, не ве сфаќа сериозно. Обидете се да се релаксирате во близина на во��а.



Лав

Нервниот систем ви е напнат. Може тоа е заради тоа што се работите забрзано. Затоа обидете се да ја потисните состојбата на хроничното незадоволство. Доколку контактирате со Водолии, обидете се да го забележите вашиот дел од одговорноста. Или променете се себе или партнерот.



Девица

Многу Девици се занимаваат со книжевност и поголемит дел од слободното време го поминуваат во добра литература. Исклучително здрав интелект, изобилство од идеи и многу планови ви се вртат низ глава. Обидете се од се да се дистанцирате. Во самотија наоѓате одговор на сите ваши прашања.



Терезија

Под услов да не сте без пари, ќе се чувствувате фантастично. Во секоја работа ја гледате убавата страна склони сте да уживате во ситниците и максимално да се посветите на другите. Доколку ве фати беспарица, ќе почнете да размислувате дали претерувате во расходите.



Скорпија

Функционирете по системот топло-ладно. На момент се ви изгледа едноставно, проблем и не постои, за малку подоцна да почнете да паничите. Како да ја надмините кризната ситуација? Ви се совтеува смиреност. Најпосле го остварувате она за што долго време сте сонувале.



Стрелец

Од другите го очекувате невозможното, па разочарувањето е очекувана појава. Сметате дека во врската или партнерството сте оштетена страна, па планирате да се повлечите од игра. Ставот е погрешен. Ви се советува да издржите до крај, но до следниот пат добро размислете што од кој треба да очекувате.



Јарец

Смислата за убави нешта е изразена, а желбата во неа да уживате уште повеќе. Ништо себеси не си ускратувате. Дружењето со Лавовите и Терезиите, влијае на вашето позитивно расположение. Тоа е барем лесно. Посветете им максимално внимание, но не ги занемарувајте ниту Стрелците, бидејќи тие се одлична варијанта.



Водолија

Не сте во форма. Треба да се стрпите и да бидете помалку невротичен. Не претерувајте со конзумирање на храна, пијалок и секс, бидејќи не е вистински момент за тоа. Контролирајте се. Одмарајте се со добра книга, филм или шетање во природа.



Риби

Често ве обзема чувството на несигурност, па се повлекувате во ваш сопствен свет. препуштајќи се на пасивниот стил на живот. Главата горе, посматрајте го животот од поубавата страна и уживајте во ситниците. Не заборавате ни на љубовта, ни на менталното здравје.




















































































































#
Најди! во Утрински