Број 2872  петок, 26 декември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен



Доколку успеете да ја изразите вашата креативност, ќе ги добиете признанијата за кои толку долго мечтаевте. На многу лица родени во знакот на Овен им се насмевнува среќата на емотивното поле. Можеби последните денови од годината навестуваат интересни случувања кои можат од корен да ги променат вашите планови.





Бик



Во периодов бурно реагирате спрема вашите соработници, иако секогаш немате право на тоа. Станувате се' понервозни и почувствителни. Можеби е време да размислите од каде доаѓа вашата фрустрација, која во многу нешта има поврзаност со емотивната состојба.





Близнаци



Се' уште се чувствувате идентично расположени. Ништо посебно не се случува, па мислите дека апатијата во која западнавте нема никогаш да заврши. Се' доаѓа на свое место, кога констелацијата на ѕвездите го налага тоа. Затоа бидете трпеливи и почекајте.





Рак



Потребата да ги намалите физичките активности е и повеќе од изразена, па затоа не претерувајте и внимавајте на своето здравје. Со лицата родени во знакот на Бик ќе имате одлична комуникација од која може да се изроди идеална врска. Можеби е крајно време да помислите на малите слатки радости што ги носи животот.





Лав



Машките претставници на знакот постојано имаат потреба за љубов. Моментално кај нив е изразена желбата за доминација, страст и авантура. Со оглед на арогантната природа, кога лавовите не го добиваат тоа што го сакаат, целиот свет се соочува со нивниот проблем. Но, кога станува збор за почитување на емоциите, лавовите го имаат првото место.







Девица



Не ви е лесно, но секогаш наоѓате утеха во луѓето околу вас, сфаќајќи дека не сте единствени. Бидејќи умеете да бидете себични, во периодов го оставате настрана партнерот, иако немате реална причина за тоа. Внимавајте да не наидете на жежок оган со некој од вашите соработници.





Терезија



Здравствената ситуација е на удар оваа недела. Можеби и треба малку почесто да го посетувате лекарот или барем да намалите со динамичното темпо на живеење. Претпразничната атмосфера искористете ја да ги наполните батериите за она што следува потоа.





Скорпија



Бидејќи на професионално поле работите одат во насока што ја посакувате, грижите ги нема. Но, она што ви недостасува е емотивната поддршка од партнерот која, за жал, не ја чувствувате. Можеби проблемот е во вашата индиферентност. Размислете како да ги вратите работите во колосек додека не биде доцна.





Стрелец



Се соочувате со проблеми. И покрај советите на вашите соработници, вие и понатаму ја терате својата политика, која постојано се покажува како неефикасна. Околината нема зошто да го поднесува вашето нетрпение, па можеби е време малку да ги смирите страстите и да размислите со ладна глава.





Јарец



Овие денови планетите ве советуваат да не донесувате брзи одлуки за кои можеби подоцна сериозно ќе зажалите. Поради вашата субјективна природа, треба да сфатите дека не можат сите да се раководат според вашите правила на игра. Мора и вие да научите што значи зборот балансирање.





Водолија



Немате причина да изгледате тажно, бидејќи го добивте она што го посакувавте. Задоволството е двојно, бидејќи паралелно ви поаѓа од рака и љубовта и материјалното богатство. Ѕвездите велат дека за вас другите денови во годината ќе донесат многу убави нешта, затоа бидете трпеливи и почекајте.





Риби



Нарушувањата во функционирањето се само проблем што настанал поради влошената здравствена состојба. Се' се сведува на недостаток на виталноста и сознанието дека изминатава година навистина бевте измачени со здравјето. Чувството на инхибиција ќе потрае до крајот, по што следуваат моменти на релаксирање.



Најди! во Утрински
Барај со НАБУ