Дали вујко е подобар стрелец од мама? Ви кажува ли нешто оваа асоцијација? Прашуваме, затоа што македонското општество стана општество во кое се игра играта на асоцијации. Погодете кој е, би можел да биде насловот на играта.
Токму со прашањето „погодете кој е“ се занимава македонската јавност откако завчера одекна веста дека во двор на универзитетски професор од Тетово атерираат кодошки досиеја. Некој ги фрлил и си заминал, се правда професорот Шпенд Љуши, на чија адреса пристигна жешката пратка.
Во досиејата - купови докази дека извесни албански високи политички личности под шифрирани имиња „вујко“, „стрелец“ и „мама“, во периодот меѓу 1980 -1990 година соработувале со југословенските тајни служби. Ги кодошеле своите пријатели и соборци од албанското движење на отпорот. И сите до еден се од редовите на челниците на Демократската унија за интеграција (ДУИ), коалициски пар��нер во Владата.
Дури ни нивните имиња веќе не се тајна. Муса Џафери и Фазли Велиу сами се огласија вчера, а се чека на реакција и од Г’зим Острени, кој се наоѓа во Америка во посета на синот.
Но, и сопственикот на дворот во кој слетаа тајните досиеја, исто така, е нечиј вујко. Брат е на пратеничката Садие Илјази од конкурентската Демократска партија на Албанците (ДПА), што е факт кој слободно може да се користи за дискредитација на досиејата. Или на „досиејата“.
Има и еден друг момент. Еден од посочените кодоши кој е, исто така, нечиј вујко, своевремено му напиша на Груевски дека е новиот Слободан Милошевиќ на Балканот. И, конечно, досиејата не стасаа по анонимен пат до Комисијата за лустрација, туку ги донесе лице што е блиско до ДПА. Ја извршувало својата граѓанска должност. Или можеби партиска. Така што, работите се позаплеткани отколку што изгледа на прв момент.
Сепак, едно е сигурно. Веќе нема сомневања дека лустрацијата се претвори во лов на вештерки. Поле за меѓусебни политички пресметки. Засега тие експлодираа во албанскиот двор, но прашање на време е кога тоа ќе се случи и во македонскиот. Или во дворецот.
И затоа, она што сега е неопходно да се направи е да се врати контролата над процесот на лустрацијата. Бидејќи е јасно дека контролата е загубена, а лустрацијата стана улична забава во која секој ужива се' додека не се пресели и во неговиот двор. Сеедно дали фрлена или уредно доставена.
За политичкиот амбиент што го создава уличната лустрација и да не зборуваме. Македонија и официјално стана земја чии институции се покажаа некадарни да го направат она што земјите од поранешниот источен блок го направија одамна. Наместо лустрацијата да биде позитивен процес што ќе и' помогне на земјава, таа се претвора во обратното.
Ако Македонија сака да биде држава во која институциите на системот го имаат главниот збор во државните процеси, веднаш мора да прекине уличното лустрирање. Логично е дека до него немаше ни да дојде доколку Комисијата за лустрација добро ја завршеше работата, без политички калкулации и подлегнување на притисоци. Вака како што одат работите изгледа дека Комисијата го спроведе овој важен процес без потребната темелност, па дури и одважност, со што остави простор за упади.
Конечно, кога е во прашање лустрацијата, навистина нема оправдувања зошто се развлекува низ улиците. Додека за застојот во другите политики на земјата може да се адресираат обвинувања до Грција, Брисел или до Вашингтон, за лустрирањето не важат никакви поплаки. Тоа е операција што се изведува ексклузивно на македонска клиника.
А еве го и последниот аргумент: за татковината се работи. Гледано во тој контекст, вистинската лустрација е патриотска должност. Срамота е во држава со толку многу патриоти на глава на жител (некои цинично велат дека е само еден), да се компромитира еден таков важен чин.
Почитуваната г-ѓа Крамарска греши кога вели да државата т.е власта разбирасе е виновна за рушење на основните цели на лустрацијата.Тие се срушени у��те кога почна лустрирањето на судијата од ,,нашите редови,,.Уште тогаш срипаа неаргументирано и опозицијата и независните опозициски медиуми,и коментатори тука и др.Да беше обратното ќе имавме каноноди од опсервации за кодошлокот а вака,,руши и пливајј,,
Од: забеган.
Датум: 16.10.2010 13:05:36
Лесна работа.Тие што се во власта ќе си земат пусулчина дека се чисти.А Тачи нека си штампа досија колку сака.
Од: mihajlo
Датум: 16.10.2010 13:25:29
Se prasuvam,dali vo Makedonija moze nesto dobro da se izvede.Ako covek saka da napravi dokumentarec od ovaa valkanica ce promasi.Promasuvanjeto ce bide vo nedovetnosta vo koe nekoj nitu amaterski prikaz nee vo sostojba da ovekoveci.Covek da se krsti so nasive dejanija.Ova smo pokazuva deka ne ne biva za nisto.Za da ne se brukame povece otkolku sto se obrukavme,najdobro e celava rabota da se prekine i komisija i zakon i toj sto go predlozi.Site tie se za nigde.Predlagacot saka da ostane zapameten,no ne mu uspeva.Zakonot e za nigde bidejci opfaca period na edoumie,vreme koga kodosenjeto se smetase za "privilegija". Komisijata,odnosno nejzinite clenovi,sustestva od najnizok vid,ednostavno bezkicmenici.Covek se prasuva kako li samo gi najdoa ovie ludje,kako da gi izvadija od naftalin.Zatoa prekin so ovaa rasomonijada,bruka nad brukite.
Од: seirdzija
Датум: 16.10.2010 15:08:41
gledam seir kako gospodava sto se prepoznaa se potat. I jas se potev koga istite i mnogu kako niv na sekoj cekor me sopnuvaa etiketirajki me deka ne sum dovolno dobar albanec zatoa sto nekoj od moeto semejstvo nekogas bil vraboten vo drzavna uprava.- razlikata e sto toj nekoj ne kodosel tuku si ja vrsel rabota za sto bil platen. I znam deka jas ne sum edinstveniot. I znam deka posocenite ne se edinstvenite. Daj boze da gi zadavi sekoj zalak leb sto go kupile so parite od kodosenje, neka se skrijat da ne gi vidi veke nikoj a ne uste da napagjaat deka toa e maslo ne nekoj drug
Од: Феличита
Датум: 16.10.2010 15:09:01
Процесот на лустрација забега уште кога Латас за 3 секунди доби пусулче од министерката,а продолжи со гласањето во Комисијата со кое Канал 005 се спаси.Портокалчињата го жртвуваа своето дете од Уставен,си рекоа:ај,ќе направиме друго.Останатото е музика!
Од: Komentator
Датум: 16.10.2010 17:54:53
Bravo...gospodine pod Seirdija"...porano slusav od moite priateli Albanci deka imaat takov problem..stom rabotele vo drzavna sluzba procem i kako sekoj gradanin na ovaa drzava go imal toa pravo ..po zatrueno mislenje na nivnite komsii i rodnini bile "kodosi" protiv albanskata kauza...I pokraj toa sto ima mnogu tenka linija pomegu kodos i lojalen gradanin zavisi od koj aspekt i etnicki sostav gledas...sosema go razbiram gospodinot koj imal problemi sto govorat deka vo drzava Danska citaj nekogasna i denesna drzava imalo nesto skapano ...a toa sega tesko da se odeli od koj e kriv koj ne...Samo edno znam od koga postoi termin drzava taa delumno se odrzava so "kodosi" cuvari na istata ...i sega neznam zosto lustracija..samo za eden period fiksirana ..taa e "fenomen" na celata covekova istorija ..a za zal so nea poveke surovo gori od suvoto...!!!