Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Економија

САД ја спасуваат „Ситигруп“ со 20 милијарди долари

„Ситигруп“ ја доби најновата помош откако минатата недела нејзините акции паднаа 60 отсто

ЊУЈОРК - Американската влада ја спасува корпорацијата „Ситигруп“, преземајќи на себе да протурка поголем дел од потенцијалните загуби од 306 милијарди долари од високоризичната актива и да инјектира нов капитал од 20 милијарди долари, што претставува досега најголемо спасување на една банка. Спасувањето на „Ситигруп“ ги означува најновите владини напори да го запре се' подлабокото финансиско пропаѓање што предизвика исчезнување или банкротство на компаниите како што се „Бер Стернс“, „Леман брадерс холдингс“ и „Вашингтон мјучуал“.

Новиот капитал на владата од 20 милијарди долари следува покрај 25 милијарди долари што ги внесе во втората најголема американска банка според активата, а во замена ќе добие преферирани удели со дивиденда од 8 отсто.

„Ситигруп“ ја доби најновата помош откако нејзините акции опаднаа 60 отсто минатата недела и достигнаа 3,77 долари, во услови на загриженост дека нема доволно капитал да опстане. Банката проценува капитални бенефиции од 40 милијарди долари, делумно од владините гаранции. Во замена за спасувањето, дивидендата на „Ситигруп“ ќе биде избришана. Банката не може да плаќа повеќе од еден цент за акција по квартал во наредните три години без согласност од владата. Кварталната дивиденда сега изнесува 16 центи.

„Ситигруп“ е најмногу меѓународно распространета од која било американска банка, со операции во над сто земји. Се сметаше дека банката е премногу голема за да се дозволи да пропадне, бидејќи какво било пропаѓање би можело да предизвика финансиски хаос во светот. „За да се стабилизира капиталот во акции, моравме да го оставиме зад нас прашањето за способноста на ’Ситигруп’ да го издржи тоа што ќе дојде“, рече главниот финансиски претставник Гери Критенден.

Банката со седиште во Њујорк ќе се обиде да ги модифицира проблематичните хипотеки во портфељот од 306 милијарди долари додека владата се обидува да ги заштити сопствениците на куќи од запленување.

Главниот извршен директор Викрам Пандит и главниот менаџмент ќе ги задржат работните места и покрај интервенцијата, но владата ќе треба да го каже последниот збор за извршните платежни пакети. Повеќе детали за надоместот ќе бидат познати следната недела, јавија претставници на владата.

„Ситигруп“ проценува дека помошта ќе и' овозможи капитална стапка од 14,8 отсто, повеќе од два пати од она што и' е потребно на владата. Банката соопшти дека, исто така, ќе добие зголемен пристап до попустите на Банката на федерални резерви и со тоа ќе ја дополни ликвидноста. Банката на федералните резерви, Министерството за финансии и ФДИЦ ги опишаа мерките како „потребни да зајакне финансискиот систем и да се заштитат американските даночни обврзници и американската економија“. Владата го најави пакетот помалку од една недела откако Пандит изнесе планови за намалување на работната сила на „Ситигруп“ за 300.000 до почетокот на идната година од 375.000, колку што имаше на крајот од 2007 година. (Ројтерс)


Статијата е прочитана 303 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Економија
Зошто „Макошпед“ ја изгуби дозволата?
„Телеком Словенија“ сака да го купи „Космофон“
Канцеларијата на ММФ во земјава се затвора во мај
ИК банка со три нови пакет-производи
„Т-мобиле“ ќе добие лиценца за 3Г-технологија
Министерот за труд се надева дека кризата ќе не' заобиколи
По подолго време, Берзата малку позелени
„Хипо“ преку Бугарија посредно и во Македонија
Бензинот поевтинува за 4,5 денари, дизелот за 3,5
Британската влада најави намалување на ДДВ
ММФ