Број 2846  вторник, 25 ноември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Хороскоп
Овен



Имате повеќе причина да се чувствувате убаво. Емотивната состојба ви е подобрена и функционирате под силен еротски импулс. Меѓутоа, внимавајте да не ги запоставите останатите работи, за кои сте свесни дека ќе мора да има брза реализација. Ветувањата секогаш вредат кога ќе се остварат, затоа внимавајте како ги интерпретирате нештата во однос на другите.





Бик



Моментално Биковите се чувствуваат среќно, бидејќи успеале да ги совладаат сите проблеми поврзани со саканото лице. Бидејќи во периодов нема да се случува ништо спектакуларно во останатите сфери на животот, може да се олабавите и да уживате во убавите моменти. Наспроти негативните мисли, оптимизмот ви се враќа на голема врата.





Близнаци



На индиректен начин ги искажувате емоциите поврзани со партнерот. Многу повеќе ви одговара да верувате во приказните отколку да се покажете како вистински заводник на дело. Уметничката страна ви помага полесно да го разберете спротивниот пол, па затоа е можно работите да се поместат од мртва точка.





Рак



Родените во првата декада би можеле да се соочат со различни болести од субјективна природа, па вината ќе се трудат да ја пронајдат кај другите. Заборавајќи на фактот дека секој добива колку што заслужува, депресивната страна на Раковите ќе биде изразена во текот на целата недела. Ништо не паѓа од небо, па затоа ќе мора да се подготвите и да вложите малку повеќе труд во се'.





Лав



Постојано изразувате незадоволство во врска со нешто. Понекогаш имате право, но понекогаш навистина сакате да претерувате и да драматизирате за да го добиете соодветното внимание. Партнерот ви пречи, работата не оди според планираното, а здравјето и нервниот систем се повеќе од чувствителни. Повредената суета, сепак, се лекува.





Девица



Искористете ја шансата која ретко се дава и на тој начин ќе успеете да ги реализирате идните планови. Моментално ве окупираат страста и љубовта, па не можете доволно да и' се посветите на професионалната страна. Бидејќи имате нагласена сексуалност, вашиот фокус ќе биде свртен кон партнерот. На вас останува да ги бирате времето и местото.



Вага



Родените во овој знак поминуваат низ бурен период од животот. Констелацијата на ѕвездите им налага да ги активираат страстите и емоциите, но секогаш да бидат внимателни кон кого ги насочуваат. Треба да се биде умерен во се', затоа што претерувањето не води никаде.





Скорпија



Ништо не ви поаѓа од рака, па затоа не форсирајте ги нештата. Нека се одвиваат работите според некој свој колосек во кој вие ќе учествувате, но нема да ги диктирате правилата на игра. Доколку сте во врска со Лав, знаете дека работите одат топло-ладно. За нив важи правилото дека сакаат онолку колку што добиваат.





Стрелец



Не сте свесни за сопствената агресивност и притисокот што го вршите врз околината. Сакате по секоја цена да реализирате некаков план, па затоа не бирате ниту средства ниту начин како да дојдете до целта. Можеби ви е потребен мал одмор и релаксирање во природа. Не мора секогаш работите да се решаваат по една иста траекторија.





Јарец



Планетите за оваа недела ви препорачуваат помалку да мудрувате, а повеќе да реализирате некои од заборавените обврски. Бидејќи е вистински момент да ја соопштите важната вест, не одложувајте го времето, туку тргнете во напад. Се' што ќе направите ќе се одрази позитивно во однос на останатите. Работите едноставно ви одат од рака.





Водолија



Потребно е да се активирате на професионален план. Ве очекува успех во сите сфери на живеење, особено оние животни сегменти кои се поврзани со комуникацијата и пријателите, но затоа внимавајте на здравјето. Како знак сте склони кон претерување, па затоа внимавајте малку на себе.





Риби



Доколку се сметате за жртва на околностите, тогаш станува збор за ваше субјективно убедување кое постојано ве мачи. Не мачете се со таквите мисли, туку едноставно почнете со реализација на она што некогаш ви било важно, добрата комуникација со луѓето. Сигурно имате попаметна работа отколку да се нервирате за туѓите животи.
Најди! во Утрински
Барај со НАБУ