Загина возач на „Сканија“ во Струшко
Албанскиот државјанин Фатмир Дервиши (50) загина во сообраќајна несреќа што се случи на магистралниот пат село Подмолје – ГК „Ќафасан“. Несреќата се случила завчера во 10,50 часот, во близина на раскрсницата за село Мали Влај, Струшко, кога албанскиот државјанин со камион-влекач „сканија“ излетал од коловозот и се превртел.
Во незгодата Дервиши се здобил со повреди, од кои починал на самото место. (Х.Р.) |