Неуспехот на својата политика во пензиската сфера Владата го покрива со средства од буџетот
Во минатонеделната колумна напишав дека предложениот ребаланс на буџетот со предвидените зголемувања на буџетските трансфери до пензискиот и здравствениот фонд покажуваат дека е доведено во прашање функционирањето на двата клучни фонда во државата и дека со одложувањето на решавањето на проблемот, последиците ќе бидат поголеми. На тоа деновиве укажуваат голем број експерти и новинари, кои ја следат економската област. Но, тоа како да не предизвикува интересирање кај најповиканите, односно кај надлежните министри.
Уште со доаѓањето на власт оваа Влада ја промовира политиката дека секоја мерка што ќе ја преземе ќе ја гледа исклучиво низ призмата на владиниот рејтинг и бројот на евентуални гласови на следните избори. Во таа насока беа насочени и активностите во социјалните фондови. Затоа воопшто не е чудно што минатата недела на реакцијата на тешко болните од хронична миелоична леукемија, ��инистерот за здравство наместо да им одговори на нивните барања, тој на средбата со медиумите ни соопшти дека затвориле три слаткарници. Нека ми извинат, но кој им е виновен на болните од оваа тешка болест кога се само шеесетина и според владината политика, се мала бројка гласови за избори.
Во согласност со својата политика на потенцијални гласачи, Владата посебно внимание им посвети на пензионерите. Анализите на изборните резултати покажуваа дека до 2006 година ВМРО-ДПМНЕ послабо стои кај оваа категорија гласачи. Затоа, уште во почетокот од практицирањето на власта пред четири години, извршија измени на Законот за пензиско и инвалидско осигурување. Според тие измени, пензиите можат да се зголемуваат и со посебна одлука на Владата, покрај дотогаш редовното усогласување со движењето на индексот на трошоците за живот и просечно исплатената плата на вработените. Оваа можност Владата досега реално ја искористи, би се рекло ја злоупотреби, само во 2008 година, пред и веднаш по вонредните парламентарни избори.
Во прилог на оваа Влада, кога се во прашање пензиите, во почетокот на нејзиниот мандат и' одеше од рака стапувањето во сила на претходно одложениот закон, според кој, право на пензија се остварува само по основа на навршување старост од 64, односно 62 години. Тоа придонесе речиси да стагнира бројот на корисници на пензија во последните три години, наспроти порастот за 20.000 од 2002 до 2006 година. Задржувањето на бројот на пензионери на исто ниво отвораше простор за зголемување на пензиите. Сепак, и покрај оваа поволност, владината политика во пензиската сфера се соочува со фијаско. Така, дури и површните анализи покажуваат дека ваквата политика е неодржлива на подолг рок.
Гледано од аспект на пензионерите, тие се на прв поглед задоволни од оваа политика. Но, тоа задоволство е привидно, бидејќи анализите покажуваат дека во однос на некои параметри, пензиите не се повисоки во однос на оние од пред четири години. Така, еден од параметрите што треба да го покаже вистинскиот пораст на пензиите, е соодносот со исплатената просечна плата во државата. Споредбата на 2006 година со исплатата на пензиите во 2009 година покажува дека денешните пензии се помали во однос на оние од пред четири години. Имено, во 2006 година старосните пензии биле 63 проценти од просечната плата, а денес се 55 проценти. Тоа значи дека денешните пензии се за повеќе од десетина проценти помали ако се споредат со пензиите од пред четири години според просечната плата. Сепак, тоа што најмногу треба да ги загрижува не само пензионерите, туку и пошироката јавност, е одржувањето стабилност на изворното финансирање на фондот на долг рок.
Големиот успех со кој се фали Владата, наводното намалување на стапката за придонес за пензиско инвалидско осигурување веќе ги покажа негативните страни. Претпоставките врз кои се темелеше намалувањето беа во очекувањата за пораст на вработеноста. Тоа требаше да значи и зголемени приходи во фондот по основа на придонеси за новопријавени вработени. И тука е најголемата утка на владата. Наместо зголемување, податоците покажуваат дека во 2009 година бројот на вработени за кои се плаќаат придонес за пензии е помал за десет илјади лица во однос на претходната година. Таа бројка, веројатно, ќе беше уште поголема ако не беа партиските вработувања во државната администрација. Намалувањето на стапката за придонес за пензиско инвалидско осигурување ќе имаше реален одраз само ако беше проследена со зголемен број вработени во реалниот сектор, а не пораст на вработеноста во администрацијата.
Неуспехот на својата политика во оваа сфера Владата го покрива со средства од буџетот. Од година во година се зголемува трансферот на буџетски средства во пензискиот фонд. Така, во 2006 година буџетските трансфери до фондот беа помалку од десет милијарди. Годинава, со дополнителните 500 милиони во ребалансот, буџетската инјекција во фондот изнесува над 14 милијарди денари, со тенденција за нивно зголемување. Наједноставно кажано, добивањето на пензионерските гласови во 2008 година повлече зголемување за 40 отсто на трансферот од буџетот до фондот, односно половина од предвидениот буџетски дефицит е во функција на исплата на пензиите. Сепак, пополнувањето на дупката во пензискиот фонд со трансфери од буџетот оди тешко и има граница. Во последно време Владата се обидува да ја помести таа граница со задолжување преку државните записи, кои се емитуваат некој ден пред исплатата на пензиите, но и тоа има праг на издржливост. Не случајно премиерот и��јави дека Владата ќе обезбеди пари за пензии, бидејќи знае дека покрај здравствениот фонс, се ниша и пензискиот.
Политиката на актуелната Влада во поглед на пензиите неминовно ќе доведе до реформи. Порано или подоцна, тоа е неизбежно. Најдобро би било доколку има зголемена економска активност со пораст на домашната економија и отворање нови работни места во реалниот сектор. Но, очигледно, тоа не е белег на актуелната власт. Затоа, колку и да сакаме да измислиме некој друг начин за реформи на пензискиот систем, Владата со својата политика на крајот ќе не принуди да избираме само меѓу две можности, општопознати и во теоријата и во практиката. Едната можност е зголемување на старосната граница за заминување во пензија, што сега го применуваат одредени земји од ЕУ, другата е зголемување на стапката за придонеси. И едната и другата се неповолни за осигурениците, бидејќи или се продолжува нивното работење или им се намалуваат платите поради зголемени трошоци на работодавачите. Затоа не напразно најголемите протести се поврзани со реформите во пензиската сфера.
Преку Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се остварува правото од пензиско осигурување. Јавниот (државниот) пензиски фонд се заснова врз принципот на генерациска солидарност. Поедноставно речено, денешните вработени обезбедуваат средства за сегашните пензионери, а некои други генерации во иднина ќе издвојуваат средства за нас. Оттука произлегува и обврската дека прашањето за стабилност на пензискиот фонд не треба да ги засега само пензионерите, туку сите граѓани.
Одговорноста во реализацијата на приходите и расходите, како и стабилноста на фондот, е исклучиво кај Владата. Таа ја има и управувачката и менаџерската улога во фондот. За жал, актуелната Влада досега фондот го гледа само во функција на остварување на дневнополитички интереси, а цената во иднина ќе ја плати некоја друга владејачка гарнитура.
Vazno gi zgolemija,a sega so nema da gi zemame toa ne e bitno.
Од: zoran
Датум: 22.06.2010 00:32:40
За пензионерите може и да нема ако владее СДСМ ама за тебе секогаш има.
Од: ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 06:42:12
Многу сакам паралели за оние кој сакаат да се вратат на власт.Така имаме своевремено кратење 4 пензии а се во интерес на пензионерите,помали пари за храна и лекови.Во здравството имаме притворање на преседател на партиска здравствена комисија за мито,у тука гледам голем придонес за опоравување во овој сегмент.Замислете вака во опозиција а камоли на власт.Чекам осврт и за градоначалниците.
Од: Mitre od dolnodupeni
Датум: 22.06.2010 08:19:00
Колку е голем проблемот со средства за исплата на платите нека каже минист��рот Ставревски, но да не лаже.Се чини дека проблемот станува се поголем.Ме интересира дали јавните (државни) претпријатија земаат плати на време?.Господ нека и е напомош на владата која ќе ја наследи сегашнава.Дури тогаш ќе се види кој и кому и колку должи.
Од: Од Мирко
Датум: 22.06.2010 09:07:57
Наместо според Законот,редовно ускладување на пензиите според порастот на платите, оваа власт ќе го применува нејзиното изменување на Законот,според кое пензиите можат да се зголемуваат и со одлука на владата,па власта тоа ќе го прави со ветување само пред избори и со некој процент после избори.Така ќе дојде,до обезвреднување на пензиите во однос на платите.
Статијата е добар приказ на состојбите во пензиската свера ,но ќе помине непрочитана од пензионерите.
Од: ivona
Датум: 22.06.2010 09:13:32
zgolemeni penzii,nema,besplatno zdravstvo,nema-tuku rasturen klinicki centar po site osnovi i hajtragicno nemaveke strucen i iskusen lekar vo klinicki site si otidoa vo privatniot sektor,obicniot smrtnik bez pari nekaumre toa e celta na ovie reformi na vmro-ovcite nepismeni ,treto dete koi rodija nemozat da si gi dobijat parite za stimulacija na ntalitetot, ne moze da gi dobijat i porodolnite i obicnite boleduvahja,da ne zboruvame za nadomestocite za hendikipiranite,a za sredstvata od posebniot fond za vrabotuvahje na licata so posebni potrebi se kasni godina ipol bez razlika dali se za adaptacija na rabotno mesto koe treba da e prioritet,za vrabotuvahje se ceka dve godini a, asredstva za rabota,da ne vi kazuvam ,pogolema tragedija vo drzavava nemalo od 1944god po osloboduvahjeto NARODE MAKEDONSKI OVIE NE SE ZA DRZAVA samo za nivnite familii i nivnite nepismeni partiski vojnici koi gi unazadija i unistija drzavnite institucii za toa treba da odgovara NEKOJ -VMRO i GRUJO.
Од: Dragan od Ohrid
Датум: 22.06.2010 09:19:12
Ke ima ke ima penzii gospodine Najdovski zatoa sto koga bese Ljupco na vlast tie 8%sto gi dade Brane im gi zede sega koga je Grujo im gi pokaci za 30%izmisluvate lagi a koj vi veruva be
Од: srebre
Датум: 22.06.2010 09:23:34
jas uste koga vmro gi zgolemi penziite i platite kazav ova e mucka na vmro nema pokritie za sevo ova,grujo vo toa vreme stampase pari denari 150% povece od vr na branko i zatoa dojde do zgolemuvanje na ceni no toa kako avtoort veli nemoe da e odrzivo za na vek tikvata pukna,e sega pak vikam so mnogu prost dokaz deka vr od sds bese evtinija pa neli burek kostase 25den i bese 4 pati pogolem od denesen asega cini 60-0den znaci nee poskap 3pati tuku 12 pati e ajde sega odi kazi na vmrovci koga bese podobro...........
Од: В. Кратовалиев
Датум: 22.06.2010 10:20:10
Секој има право да критикува, но човекот, кој се потпишува како "авторот е поранешен пратеник" нема право за пензиите, уста да отвори, а еве зошто.
Кога неговата партија, беше на власт во коалиција со СДСМ, а тој пратеник ги намалуваа пензиите, ги исплатуваа со задоцнување по два-три месеци и по групи, додека ВМРО ги врати тие "легендарни" 8%, редовно и без тнр. групи ги исплатува секогаш во првата недела а пред празници и на 1. во месецот. Народот за таквите како него велат БЕЗ СРАМ И ПЕРДЕ.
Од: Nafta vo Sveti Nikole
Датум: 22.06.2010 10:39:04
Namaluvanje na stapkata na pridonesi za penzisko i zdravstveno osiguruvanje bese eden cisto diletantski populisticki potez , koj ne se temelese na nikakvi ekonsomski pretpostavki. Poradi toa Vladata e primorana da alimentira se povece budjetski sredstva vo ovie fondovi so emituvanje na razni blagajnicki zapisi i pozajmuvanja,no seto toa ima odreden krajk. Na krajot tiokvata mora da pukne so totalen raspad na ovie fondovi. ako ne se prevzemat navreme odredeni merki koi gi spomena i avtorot. Na sekoj populizam i ekonomski diletantizam ednas mora da mu dojde kraj. Tesko na onaa vlada sto ce dojde posle ovie "finsnsiski sarlatani" Navistina ne ce moze da gi zakrpi site dupki vo ekonomijata i finansiite koi gi naporavija, osem ako ne otkrieme nafta vo Sveti Nikole.
Од: До ФЕЛИКС
Датум: 22.06.2010 11:09:59
Човече .болен ли си ,пијан ли си ????Дај олади веќе ,ова твоиве коментари будат нагон на повраќање.Па денес сме 2010 г. не сме 2006 г.!Читај го текстот и пи��увај за сегашнава состојба,за фондот за здравство ,за состојбите во пензискиот фонд ,зголемени пензии со позајмени пари ( заем од странство со 10% камата)за поврат на ддв на фирмите ,за долгот кон градежните фирми,за неисплатени боледувања на родилките ,за неисплатени степендии на студентите за.....
Од: Komentator
Датум: 22.06.2010 15:04:52
More ..lesno ti e tebe Dragce od Ohrid...ako ne dobies penzija ke se kacis vo kajceto po nekoja pastrmka ili belvica ke caris...onaka za meze ako ne za rucek...a sto praime nie skopjanistava eptem zavisnici od penzija ..more Drakce od Vardar fajde nema samo gomna plivaat ribi ni za lek...a koga go gledam onoj "vasiot" Pasko sto zarasnal vo kosa kako srednovekoven vitez...verojatno i od istorija ne se zivee i pokraj toa sto se zakitil sto tri sata kako radari da mu se za navoganje na "istoriski vistini"......!!!