Број 3313  вторник, 22 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хироскоп

ОВЕН

Претпазливо анализирајте ги новите случувања или, пак, важните промени на работната сцена. Немојте да дозволите некој неправедно да го оспорува вашето влијание или заслуга за успехот што сте го оствариле. Постојано се обидувате да избегнете емотивна одговорност пред блиското лице.



БИК

Не ви се допаѓа нечие однесување, но не можете да ги промените основните услови или правила што ги диктираат вашите соработници. Не трошете ја својата драгоцена енергија на ситуации што не поминуваат забележано на работното место. Чувствувате емотивна несигурност, но прикривањето на вистината лошо влијае на блиското лице.



БЛИЗНАЦИ

Не можете во целина да ги остварите своите намери, но не откажувајте се од своите амбициозни цели и барајте разумно решение. Нечии идеи звучат многу поинтересно во моментот додека се слушаат отколку кога ќе започнат да се реализираат. На средбата со саканото лице не го постигнувате посакуваниот ефект.



РАК

Загрижени сте поради нечии зборови, но имате причина за тоа. За да ги остварите своите работно-финансиски интереси, мора да имате малку лукавост или да функционирате по одредени правила. Важно ви е да ги доведете работите под совршена контрола. Ви пречи еуфоријата на однесувањето на партнерот.



ЛАВ

Премногу сте горди да проговорите за своите проблеми или, пак, да побарате нечија интервенција. Потребно е да се ослободите од погрешната навика и да прифатите нечија идеја како добар патоказ. Успешните секогаш бараат добар совет. Немате причина да верувате во спонтан расплет на случувањата или љубовната среќа.



ДЕВИЦА

Прифатете ја скромната работна понуда и немојте да ги потценувате интелектуалните способности на луѓето од вашата околина. Збунети сте пред соработниците и поради тоа вашето објаснување звучи неубедливо. Потребно е добро да ги усогласите своите мисли и чувства за да го зачувате своето достоинство.



ТЕРЕЗИЈА

Непотребно се инволвирате во ситуација што не ја познавате доволно и така ги нервирате своите соработници. Прифатете ја добронамерната критика и немојте да ги одолжувате своите планови, важно е да го реализирате договорот. Потребна ви е поголема дискреција.



СКОРПИЈА

Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но не треба дополнително да ве оптоварува тоа или да го менува првобитниот став за работно-финансиската соработка. Порано или подоцна, се' ќе си дојде на свое место. Ви недостасува трпеливост, а на вашиот партнер емотивна храброст за соочување.



СТРЕЛЕЦ

Новите информации ви изгледаат како добра можност, но на работното место се' може да се измени. Големата амбиција или потребата за собирање материјални резултати не треба да ве наведе на погрешно однесување пред соработниците. Претпазливо анализирајте го однесувањето на блиското лице, слушнете ги неговите желби.



ЈАРЕЦ

Постојано инсистирате во своите намери и преземате одреден ризик во деловната соработка. Ако имате добро претчувство, препуштете и се на својата интуиција. Нов��от успех треба дополнително да ве мотивира. На љубовниот состанок немојте да дозволите на вашиот партнер да му недостасува инспирација.



ВОДОЛИЈА

Некој го критикува вашиот начин на работа или стилот на однесување. Нема потреба да се спротивставувате на мислењето на другите, бидете разумни и прифатете нечии совети. Потрудете се ја завршите започнатата работа во предвидениот рок. На состанокот со блиското лице, не прикривајте ја вистината.



РИБИ

Незаинтересирани сте на средбата со соработниците. Поради лошата процена, можни се додатни компликации, кои ја доведуваат во прашање реализацијата на заедничкиот план. Насочете ги своите мисли во позитивен правец. Постои лице кое ви подарува искрени чувства и емотивно внимание, затоа уживајте во заедничката среќа.










#
Најди! во Утрински