Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

Бабамовски: Ивановски не беше кодош!

Малолетник не може да биде соработник на службите за државна безбедност, тврдеше поранешниот раководител во УДБА

Гордана Дувњак

Малолетник не може да биде соработник на службите за државна безбедност, бидејќи таквото лице е се' уште кривично и материјално неодговорно. Малолетничка група може само да биде оперативно опсервирана за да се следат нејзините активности, но доколку не се докаже нејзиното штетно криминално дејствување, полициското досие во рок од шест месеци треба да биде уништено. Треба да се прави разлика меѓу полициско досие на репресирано лице и соработничко, бидејќи тие се водат на различни места. Постои посебна процедура за формирање соработничко досие и за дерегистрација, како и за наградување на кодошот. Недозволиво е со молив да се допишува на досието, бидејќи тоа е траен документ, а го пишувале на македонски јазикот.

Ова го тврдеше Иван Бабамовски, стручен помагач на Управниот суд, кој по барање на тужителот Трендафил Ивановски сведочеше на вчерашната јавна седница што се одржа во големата сала на Врховен суд. Тричлениот Судски совет на Управниот суд дополнително ќе одлучи дали ќе да ја прифати жалбата на поранешниот претседател на Уставен суд, кој го оспори решението на Комисијата за лустрација, која утврди дека во младоста соработувал со безбедносните служби. Поради сложеноста на предметот, судиите рекоа дека им е потребно време за донесување конечна одлука.

И по вчерашното рочиште тужителот и тужената страна останаа на своите поранешни ставови. Ивановски, дека станува збор за полициско досие на репресирано лице, а не за соработничко, во кое има многу нелогичности, грешки и фабрикации. А, претседателот на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев, сметаше дека се потврдиле нивните наоди, а понудениот експерт бил во функција на тужителот и не треба да се земе предвид како вештачење.

Поранешниот пензиониран раководител во УДБА и публицист од областа на безбедноста и разузнавањето, на расправата не беше доволно прецизен дали полициско досие може да се трансформира во соработничко. Најпрво рече „тешко“, за малку подоцна самиот да се коригира и да каже - никако. За време на сведочењето, кога во детали ја објаснуваше постапката за формирање досиеја, тој беше опоменат од судиите да не се изјаснува околу конкретниот случај. Но, за време на паузата, по барање на новинарите да го каже сопствениот став околу конкретниот случај, Бабамовски беше дециден: „Ивановски никако не можел да биде кодош. Како малолетник со 16 години тој можел да биде само информатор на кој му се заканиле дека ќе биде избркан од гимназијата“. Тој тврдеше дека за време на неговата професионална кариера не сретнал досие со псевдоним „Средношколец“, или „Ламбе“.

Во тајните служби, како што рече поранешниот вработен во УДБА, не сретнал ни досиеја со псевдоним „Вујко“, „Ибар“, „Мајка“, „Стрелец“. Но, тој се прашува како тие се нашле во рацете на одредени поединци. Како што кажа, несериозно и недозволиво било такви досиеја да се растураат по улица.

„Најгласни лустратори сега се оние што треба и сами да бидат лустрирани, бидејќи некои од нив се министри, а во тоа време обвинуваа луѓе токму врз сознанијата добиени од соработнички досиеја“, рече Бабамовски.

Инаку, за ангажирањето соработници на безбедносните служби имало посебни правила. Се воделе три вида до��иеја: лични, соработнички и збирни, во кои биле документирани сите добиени сознанија за некој оперативен случај. Немало потреба од посебна согласност за личните досиеја, бидејќи постапката била тајна. Но, за разлика од нив, за формирање соработничко досие била потребна согласност и одобрување од непосреден старешина. Псевдонимот на соработникот може да му биде променет, доколку е пробиен. Извештаите немале печат, бидејќи биле за интерна употреба. Наградата на соработниците им се давала, обично, во кеш, без потврда, но по „дебело образложение“ од оперативецот. Парите, кои за исклучителни информации можеле да достигнат дури и до еден милион долари, ги одобрувал повисокиот надлежен, а на крајот од секоја година се правел отчет. Но, како што беше речено на вчерашното сведочење, во службата на УДБА постоела „голема доверба“ и „не биле расипници“.


#
Статијата е прочитана 1446 пати.

Испрати коментар

Од: Moris
Датум: 03.11.2010 13:20:37
Od kade znae kumanovecot Babanovski deka ne bil ili deka bil. Tragicnoe ova od bivsi UDBA sluzbenici da ni kazuvaat koj bil a koj ne bil.
Од: Se tece nisto nese menuva
Датум: 03.11.2010 16:02:06
Tragicno e i zalno takvi poslusnici i fluidi kako pretsedatelot na komisijata da resavaat koj bil ,a koj ne bil kodos.Ce dojde vreme za svojata rabota i toj i tie sto sedat so nego da dadat odgovor na se ovo sto go pravat ili nego pravat.Ako e tolku siguren vo toa sto go tvrdi neka pogledne vo kamerite koga zboruva ,a ne da gleda vo crnata zemja,mozebi od sramovi.
Од: јас
Датум: 03.11.2010 16:49:22
Па Moris кого сакаш друг да прашаш за тоа кој бил а кој не бил кодош , ако не човек од разузнавањео?! Да не треба оној со репчено да го прачаме или оној точакоски да ни каже на прес кој бил , акој не бил кодош?!Очигледна е местенката од портокалите за овој случај..Ама не им требаше воопшто ( ама кој да има мозок од нив , па да размисли малку ?Па секако човекот си одеше за еден месец од функција..А сега друг Бранко , пак ќе им станува ноќна мора !!
Од: Stojan Stojanov
Датум: 03.11.2010 16:54:45
gospodine Babamovski Ve molam pred celata Makedonska javnost da odgovorite.Kako maloletnik moze da bide informator i mnogu lica koi gi kodosel da bidat represirani i da dozivuvaat teski traumi bidejki se zalagale za samostojna i nezavisna Makedonija.Da ne slucajno Vie ste udbasot koj go prisilil Trendafil da bide informator,asega go branite.Grevot samo gospod moze da vi oprosti na dvajcata.
Од: karokan "gambit"
Датум: 03.11.2010 18:36:15
Na Moris vece mu odgovorile,ako voopsto moze i da mu se "odgovori",bidejki po ona sto go napisal (kumanovecot-kako da toa treba da bide lice od druga planeta) i ne bara odgovor.Takvite imaat odgovor za se-ulicarski i tesko onoj koj potpadne vo nivnata mreza.(ce uspeat da go ubedat i Nikola Tesla deka elektricnata energija e od gospod,a ne deka ja proizvel coveckiot um). G-dinot,pak Stojan Stojanov,ne e daleku od Moris, ocigledno rabotata na bezbednosta mu e poznata kako na Krali Marko lap top kompjuterite,pa i ne e cudno sto sam postavuva prasanja i sam si dava odgovori.(Covek so zavrseno sredno obrazovanie preku vrski tolku i moze). Inaku Trendafil Ivanovski e kodos kolku sto e kodos i Ljube Boskovski - politicki nakalemeni kodosluci. E tuka,g-dine Stojanov ni gospod moze da ni pomogne!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
Од: ДАВИД
Датум: 03.11.2010 20:08:26
Тешко нас со таквите медиокритетчиња, чии имиња погоре беа спомнати, кој со опавче на тилот, како да е хан Аспарух или Омурта, а другиот портпарол, кој џвака пакост и од устата истура шаржери,а ете ја кројат судбита и ја предизвикуваат трагедијата на земјава. Досегашниот претседател на Уставен суд не им беше по мерка, сега и новоизбраниот не ги задоволува нивните вкусови, зашто не се партиски морончиња обоени потокалово.
Од: Професорка
Датум: 03.11.2010 20:50:50
Предлагам да ни направат бесплатна лоботомија на сите кои мислиме поинаку, и тоа во петок кога се бесплатни автобусите. Па добро бе, како само Ивановски кои имаше храброст да не направи лакрдија од Уставен суд, го направија кодош, а сите за кои и Србите тврдеа дека биле, испаднаа чисти? Еден ден ќе и се суди на Ко��исијата.
Од: trpe
Датум: 04.11.2010 10:53:49
a ke go obelodenat li toj sto gi izdade ihformaciite za dvizenje na policajci i vojnici poradi koj upadnaa vo stapica i zaginaa policajcite i vojnicite vo Vejce i Karpalak ??

Најди! во Утрински
На прво место
На Иванов не му пречи што му чепкаат во дворот






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis