Број 3422  среда, 03 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Фељтон
Вести








Site Meter
На прво место

На Иванов не му пречи што му чепкаат во дворот

Претседателот не пушта ниту глас кога партијата што го номинираше му одзема ингеренции во безбедносната сфера

Оливера Војновска


Шефот на државата, Ѓорге Иванов, во времето кога како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ ја водеше битката за највисоката функција, изјавуваше дека му пречат размислувањата во стилот „претседателот е обична англиска кралица“.

„Претседателот треба да биде врзното ткиво меѓу сите институционални субјекти во хиерархијата на системот. Неговите ингеренции се можеби ограничени, но улогата што тој треба да ја има во насока на постигнување национално единство е поголема од она што моментно го пропишува Уставот“, велеше универзитетскиот професор пред да седне во претседателскиот Кабинет во вилата „Македонија“ на Водно. И несомнено Иванов искрено веруваше во тоа во моментите кога отвораше нова животна страница за себе и за Македонија. Но, многу брзо се помири со протоколарната улога во македонската политичка реалност.

Македонскиот претседател стана речиси незабележителен, премногу тивок. Не пушти ниту глас кога партијата што го номинираше му влезе во претседателскиот двор за да му одземе дел од уставните ингеренции во безбедносната сфера. До него како да не допреа предупредувањата од експертската јавност дека Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) ќе се претвори во „монструм“.

Иванов долго време молчеше за најавите за претопување на Агенцијата за разузнавање (која е во негова надлежност) со УБК, за деновиве, конечно, да каже: „Зошто да ми пречи?“ А, слушнавме и дека нема да го искористи правото на вето доколку законот биде усвоен во Собранието.

На претседателот можеби не му пречи тоа што се редуцираат неговите ингеренции. Можеби тој навистина се надева дека во државата ќе „изградиме функционален, координиран и интегриран безбедносен систем“. Меѓутоа, прашањето е колку интегрирањето на разузнавачките служби и концентрацијата на моќ во една институција е здраво за едно општество.

Експратеникот и поранешен претседател на Комисијата за надзор над работата на УБК и на АР, Есад Рахиќ, во најавеното спојување на Агенцијата за разузнавање и УБК препознава јасни намери за формирање „страшно моќна служба што ќе го покаже реалниот шеф во државата“. Според него, Македонија е во холивудска треска. „Сите нешто глумат, освен Сашо Мијалков. Груевски глуми премиер, а вистинскиот шеф е Мијалков. Не само во УБК, туку и во државата“, смета Рахиќ.

Ниту еден македонски претседател немал идеални односи со Владата, независно дали биле од иста политичка провиниенција. Но, исто така, досега не е видена ваква рамнодушност, кога и да се посегнувало по претседателските надлежности. Ја паметиме, на пример, жестоката реакција на експретседателот Киро Глигоров кога во 1996 година Владата предводена од СДСМ и Бранко Црвенковски, сакаше да му го одземе правото да потпишува ратификации на меѓународни договори, по што се премисли.

Советникот за безбедносни прашања на двајца претседатели (Борис Трајковски и Црвенковск��), професорот Стево Пендаровски напомнува дека ова не е прв обид за спојување на двете специјални безбедносни служби. „Сериозни најави за концентрирање на тајните служби во еден центар имаше и во време на владата на Љупчо Георгиевски, но претседателот Трајковски се спротивстави. Независно што ја имаа политичката моќ јасно им кажуваше: ова нема да ви помине“, вели Пендаровски.

Обиди да се чепка во ингеренциите на претседателот имало и за време мандатот на Црвенковски. Пендаровски се потсетува на преписката меѓу Владата и претседателот за Законот за надворешни работи. Разликите се пеглале најмалку три месеци, а законскиот текст претрпел неколку верзии пред да влезе во собраниска процедура. „Позицијата на Иванов е несфатлива. Најпрво го немаше да излезе со став за ова прашање, па потоа кажа една реченица и однапред се откажа од правото на вето. Тој не смее да стои настрана за прашање што се однесува на неговата надлежност, особено кога се осмислува новиот безбедносен концепт. Претседателот треба да го води процесот за да не излезе оштетен“, смета Пендаровски. За него е нелогично претседат��лот да има сериозни надлежности во надворешната политика, а да нема ингеренции во надворешното разузнавање.

Имено, главни надлежности на Агенцијата за разузнавање се да собира политички, економски и одбранбени информации надвор од државата во врска со одбраната и безбедноста на земјата. „Има квалитативна разлика меѓу ’информира’ и ’директна надлежност’ и ’давање задачи’. Не може претседателот овој тип податоци да ги добива посредно“, вели Пендаровски. Според постојното решение, директорот на Агенцијата го поставува претседателот на државата.

Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, неодамна соопшти дека нацрт-законот за безбедносните служби предвидува постоење на две безбедносни служби, цивилна и воено-разузнавачка. Според овој концепт, цивилните служби, односно Агенцијата за разузнавање и УБК ќе се спојат во една служба, а военото разузнавање и натаму останува во ингеренции на Министерството за одбрана. Новата служба, која ќе се нарекува Управа за државна безбедност, ќе биде под раководство на координативно тело со кое ќе раководи министерот за внатрешни работи. Претседателот на државата ќе има свој претставник во координативното тело што ќе управува со споената безбедносна служба.

Контрола врз работата на тајните служби ја има Собранието, и тоа преку три комисии: Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и УБК, Комисијата за надзор на спроведувањето на прислушувањето во МВР и МО и Комисијата за одбрана и безбедност. Ниту еден состав на Комисијата за надзор на Агенцијата за разузнавање и на УБК досега не направила вистински надзор на овие служби.

Експратеникот Рахиќ признава дека ова собраниско тело има само формален карактер. За да профункционира во вистинска смисла на зборот недостасува соодветна законска регулатива со која ќе се зајакне моќта на Комисијата. Сепак, проблемот го лоцира и во нејзиниот персонален состав. „Со чесни исклучоци, таму членуваат луѓе што немаат никаква врска со работењето на безбедните служби. А такви лица намерно се предлагаат за да не може да ги контролираат службите“, убеден е Рахиќ. Како претседател на Комисијата неколку пати го канел директорот на УБК, Сашо Мијалков. „Не дојде ниту еднаш на Комисија, како замена испраќаше второкласни службеници“, ни вели Рахиќ.

Претседател на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за разузнавање и УБК е независниот пратеник Бесим Догани, а заменик-претседател е Даут Реџепи-Лека, исто така, независен пратеник. Ова тело досега се состанало неколку пати, но само формално.




#
Статијата е прочитана 1163 пати.

Испрати коментар

Од: ljube ljube
Датум: 03.11.2010 12:30:05
sto ima toj da se sekira za toa.toj ne e postaven da bide nekoj. se znae koj kosi,a koj voda nosi. tuku neka pazat ivanovi da ne gi napusti apetitot pa da se sliznat vo kilazata
Од: Трпе
Датум: 03.11.2010 14:21:14
На наш Ѓоле,така му се има погодено,како да има вечерано со господ или дванаесете апостоли.Но и мнозинството како си го пронајде ,човекот по мерка за претседател.Некој вчера спомна ,дека Ѓоле ке се побуни ,само ако му ја скратат кујната.
Од: b
Датум: 03.11.2010 14:52:01
Како ќе каже шефот. И никако поинаку.
Од: sime
Датум: 03.11.2010 22:04:46
Ova go osecam ne kao ponizuvanje na Predsedatelot tuku drzavata.

Најди! во Утрински
На прво место
Бабамовски






Bulgaria and Russia expected to sign gas pipe agreement
One third of cigarettes in Bulgaria are 'illegal'
Falling credit rating reveals Croatia's economic crisis