Брoj 2782  вторник, 09 септември 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Скопје

Лифтот на Милениумски крст пуштен во погон

Груевски беше меѓу првите што го сефтоса лифтот и панорамски го гледаше Скопје

Со благослов од архиепископот г.г. Стефан, вчера беше пуштен во употреба лифтот на Милениумскиот крст. Сефте панорамско разгледување на Скопје направи премиерот Никола Груевски, кој беше дел од првата тура од осум лица што се качи во лифтот. Возењето во него трае речиси три минути, при што тој минува низ средината на крстот, искачувајќи висина од 45 метри. Од фондацијата „Милениумски крст“ најавија дека денеска ќе ја утврдат цената на билетот за користење на лифтот, но, најверојатно, нема да изнесува повеќе од 50 денари. Парите од картите ќе се користат за одржување на објектот.

Благоја Дојчиновски, претседател на „Милениумски крст“, вчера најави дека Фондацијата интензивно работи на реализација на најголемата планирана инвестиција на комплексот, односно жичницата. Проценето е дека таа ќе биде готова во почетокот од идната година. Периодов во комплексот се работи на поплочување на платформите и на изградбата на 11-те дуќани во кои ќе се продаваат сувенири, свеќи, икони. Во задниот дел, пак, на комплексот се градат четири јавни тоалети.

Инаку, дали поради последните случувања со Владата или, пак, затоа што се' уште е на службено патување во странство, вчера на Водно не беше присутен градоначалникот Трифун Костовски. (Дс.Т.)


Статијата е прочитана 630 пати.

Испрати коментар

Од: mane
Датум: 09.09.2008 05:02:06
Господине Премиер фала ви многу. Ве молиме еднаш месечно да го песетувате крстот. Со ваш себап Паркови и зеленило во Саботата и Неделата се испокршија од работа чистејки го патот. Дури и прашината ја дуваа со моторни вентилатори. Еве доказ дека јавните претпријатија работат кампањски. Не погледаа дека одводните канали се полни со земја и обраснати со грмушки и дрва, па после секое врнење има нанос на асвалтот кој никој не го чисти. Ете какви сме.
Од: maki
Датум: 09.09.2008 09:01:02
kakov lift kakvi bakraci, sekoe cudo za tri dena. Tolku ke raboti liftot. Ke vidite, zosto nema koj da ja plaka strujata za krstot a kamoli za odrzuvanje na liftot. Dzabe frleni pari !!!
Од: marta
Датум: 09.09.2008 10:32:48
Bar crkvata treba da znae sto e sveto mesto. Ii i tie kako i premierot ni vospostavuvaat novi pravila i kanoni koj vazat samo za nas. Do koga ke talkame niz maglata koja ni ja pusta Gruevski, posveten na samiot sebe i namerata da apsolutisticki valadee.
Од: elena
Датум: 09.09.2008 10:37:40
Zabeleska do fondacijata "mileniumski krst" i organizatorite na proektot zicarnica: Vodno e edinstvenoto pribeziste od gradskata guzva i smog. Celata idila se gubi so realizacija na vakvata ideja. Vodno im pripaga na planinarite, na rekreativcite, na vljubenicite vo prirodata, na site onie koi sakaat da go iskacat vrvot. Seto toa go unistuvate so vakvi resenija. Mozete za pocetok vo vashata fondacija da najdete clen koj redovno go iskacuva Vodno za da vi objasni kakvo unistuvanje ke napravite. Vo ova naogam samo lokalen patriotizam kade se vodi bitkata za osvojuvanje na tolpata, na narodot. Poglednete malku podaleku.
Од: Sara
Датум: 09.09.2008 10:39:05
Sram za edna demokratija, posle se cudite zosto Albancite ne plakaat danok.. Im se drogiraat deca po ulici i luga nemaat osnovni sredstva za egzistencija; nim do krstovi i crkivi im dojde, i Tarzan i vrbi vo Vardar, se drugo sredija...
Од: NL
Датум: 09.09.2008 11:54:44
ludjevo vo Makedonija(mislam na site Albanci,Makedonci,Romi,)ziveat vo siromastija nemaat nikakva socijalna bezbednost a golemive se raspravaat so gradenje na krst, Kolku kosta seto toa?Kolku kosta strujata sto go osvetluva krstot?
Од: Dejan
Датум: 09.09.2008 12:05:24
Sekogash koga gi citam komentarite na citatelite se smeam no i mi se place od niv. Na primer, nikoj ne kaza BRAVO site kukaat i naogjaat mana na neshto shto e pozitivno napraveno. Shto e pozitivno napraveno: 1. Lift, ludjeto ce se iskacuvaat, prihodi ce se sobiraat, strujata ce se plati za osvetluvanje.PROSTO no koj da misli tolku daleku. 2. Planinarite koi se kacuvale i koi planiraat da se kacuvaat po Vodno ke moze da koristat TOALET sega, bidejki cetiri toalet ce bidat izgradeni. PROSTO no koj da misli. 3. Turisti ke se sobiraat, pa nekoj ce mora da cisti i da odrzuva po asfaltniot pat. Shto znaci deka i higienata ce se zgolemi dokolku ima koj da cisti. Sve na sve pozitivnoto e povekje od negativnoto, ama koj da misli.
Од: dimitar
Датум: 09.09.2008 12:10:55
Neka ni e vecen praznikot, drzavata i verata!
Од: Do nedokrstenite
Датум: 09.09.2008 14:56:21
Fala mu na gospod i toa se desi!! Ako Gruevski ne stavi raka, nisto ne mrdnuva vo drzavata od mesto. Na nekoi nedokrsteni komunjari gledam i toa im smeta. Ne rekle za djabe deka od krstot samo gjaolot bega.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Скопје
И универзална сала ќе се обновува со владини пари
Телевизор и систем за СОС-селото
Завршува изградбата на фудбалското игралиште во Текија
Подигнати 40 кубици смет од две депонии