На две локации на подрачјето на општината Аеродром се подигнати 40 кубици смет, градежен шут и друг вид отпад. Со подигањето на сметот автоматски се исчистија две диви депонии, едната во населбата Лисиче зад Реонскиот центар „Аеродром“, кај складиштето „Атом“, а се расчистуваше и депонијата на булеварот „Трета македонска бригада“ спроти ТЦ „Тинекс“. Акцијата ја спроведоа општинарите во соработка со ЈП „Комунална хигиена“, која ангажираше соодветна механизација. (Дс.Т.)
Градска депонија во Кичево е направена во непосредна близина на болницата и игралиштето,а тоа е оддалечено на 5оо до 6оо м. од центарот.Молиме некои од Владата да превземе мерки и да ги казни градоначалникот и Комуналец, што немаат и незнаат да најдат решение и секој ден некому плакаат да е палат депонијата,а тоа значи еколошка бомба врз здравјето на населението.Благодарам на утрински.Молам Владата под хтно да испрати инспекција,ова се случува веке скоро цело лето откако се почнати пожарите,а може има и врска со пожарите да се прикрие депонијата...