Најтажната работа Груевски допрва го чека: кога никој веќе нема да верува во здивеаната пропаганда
„Нека се' оди по ѓаволите!“ - рече ненадејно налутено Остап. „Се' е измислица. Не постои никаков Рио де Женеиро, ни Америка, ни Европа. Нема ништо. И воопшто, јас знам, последниот град е - Шепетовска, од кој се разбиваат брановите на Атлантскиот Океан“.
Иљф и Петров, Златното теле
Дали случајот Македонија станува лудачки занимлив или занимливо лудачки?! Обично Тричковски во своите колумни нуди одговори на ваквите дилеми. Нам, кои се крчкаме под задушливото стаклено ѕвоно, светот однадвор може да ни изгледа лудачки занимлив (се сеќавате на филмот „Total Recаll“ - потрагата на Шварценегер по сопствената меморија - кога целата онаа чудна и хибридна човечка менажерија на крајот на филмот почна да се задушува, во недостиг од воздух?!). На набљудувачите кои не' гледаат и на кои полека почнува да им станува досадно, островот Македонија (кој се отцепува од брегот и запловува, како во оној друг балкански филм) им изгледа само занимливо лудачки, оти тие, па и во однос на целиот Балкан, ја надминаа фазата на „лудачки занимливо“.
Власта на Груевски, значи - тоа ми е зборот - се' помалку може да се анализира или насочува со некој нормален политички или теориски дискурс. Тоа незрело и политички сосема неодговорно друштво (своевиден „Балон на вампирите“) е толку многу забегано во своите автистични светови што на јавноста (барем на оној кутар дел од јавноста што со цевки се обидува да прошмрка троа воздух надвор од стакленото ѕвоно) и' преостануваат само метафорите и сатирата. Само изобличувачките огледала, значи, можат да ја доловат целата историска и политичка карикатуралност на нашите новокомпонирани управувачи („балонот на вампирите“, инаку, може да се замисли и како оние стаклени топки што се ставаат над телевизорот и се превртуваат кога треба да падне „снег“ или кога она што било долу ќе т��еба волшебно алхемиски да стане горе).
Бесмислено е ова што ни се случува. Садењето дрвца. Отворањето срце. Казните за плукање, мочање и цртање. Патриотските фискални сметки. Децата приштекани на компјутери, а кај и да е и вода ќе пуштат во базенот. Занимливо лудачките непрекинати кампањи кои го величаат непрекинатиот и незапирлив труд на власта. Бесмислено е за само две години владеење да потрошиш повеќе десетици милиони евра од граѓаните, исклучиво со цел да ја билдаш својата неумоливо грда слика во огледало (тука го имаме, колега Фрчкоски, не само „синдромот на Доријан Греј“ туку и синдромот на маќеата на Пепелашка). И бесмислено е, притоа, згора на се' - налет парите, налет десетиците редакции, агенции и продукции што го опслужуваат скромното македонско кралче-Сонце - и држејќи ја л’снатата чизма над вратот на речиси се' што мрда во Македонија, да им се закануваш со парични казни од по 100.000 евра (ко да мочнале негде, ко да плукнале, ил не дај боже графит исцртале) на неколкуте несреќници што се осмелиле да ги забришат огледалцата и да наслушнат по дупките дали има нешто ново за ушите на Трајан (баш ги спомнувам, Тричковски и Фрчкоски, предавник до предавник, блудни дејства со Бакојани, неморал на јавно место, шири тоа обвинителниот акт!, ама пред тоа да поминат и низ цртаниот филм, т.е. низ „топлиот зајак“ на нашите избрани „народни новинари“).
На периферијата на Москва постои еден мошне интересен „Птичји пазар“ (реков, подобро со метафори; тешко е, инаку, поаналитички да се зборува во оваа долина на ехото и плачот). На тој пазар можат да се купат соколи, специјално тренирани за да ги растеруваат гулабите („соколи со цокули“). Тие соколи ги купуваат во Кремљ за кремљските куполи да останат сјајни и златни, а Црвениот плоштад чист. Но, она што мене ми е интересно на „Птичјиот пазар“ се ластовиците. Поситните дилери ги нудат тие ластовици за само неколку рубли. А финтата со тие ластовици е во нивното ослободување, а не во поседувањето. Само за пар рубли човек може да ослободи ластовица. „Ослободи го срцето“, што би рекле маркетиншките махери на кралчето-Сонце (кои се тотални идиоти, би рекол доктор Хаус, и не би погрешил).
Да ја објаснам метафората? Можеби подоцна. Сега ќе кажам друга, со доктор Хаус, кога веќе го спомнувам: низ преславната Принстонска болница енергично се шетаат доктор Вилсон и доктор Хаус со својата повредена нога и со својот стап. Во еден момент Хаус збунето прашува: „Па кај одиме ние?“ А Вилсон злобно му вели: „Нигде. Само знам дека те боли ногата од одење“.
Ете, на тоа ми личи нашиот лет во место, нашето гризење на сопствената сосема несварлива опашка. Агентите на кралчето-Сонце ловат ластовици. Цел мандат - исклучиво тоа. А сентименталниот народ исто толку доследно - два мандата, ако треба! - на птичјиот пазар под име „Македонија“ постојано ги откупува ластовиците („Садиме дрвца, ослободуваме срца“). А Вилсон вели: „Нигде не одиме. Онака, те шетам, затворам фигури, метафори“.
Ми се чини дека најтажната работа Груевски допрва го чека: кога никој веќе нема да верува во здивеаната пропаганда. Кога со потсмев ќе се отфрлаат како најевтина реклама дури и добрите работи што ги прави оваа Влада. И кога веќе тотално нема да знаеме што е рекламен трик, а што стварност.
„Пали, кога не си ја знаеш вистината“, му вели поискусниот Дарко Дамески на младиот Слободан Димитриевиќ (кој тргнува, во очај, да пали се') на крајот на филмот на Бранко Гапо, „Време без војна“. „Пали, кралче-Сонце! Со своите лекокрили зраци спржи се'!“ За следната година пак да посадиме дванаесет милиони дрвца. И да ослободиме дванаесет милиони ластовици.
Najtragicno burazeru e sto niti ovie gi sakam-nisto ne praat a i tie tvoite "sveti milenici" koi i voopsto ne gi ni spomenuvas niti kritikuvas-ni zapalija i ekonomija i drzava i koren a za zal i dushata na narodot.Zborovite na pokojniot Darko Dameski koj go spomena pri krajot na tekstot-kako da se moto za site nasi politicari Kolja-bez isklucok.Nemoj mnogu ednostrano da gi gledas rabotite oti za zal kaj nas CELOKUPNATA politika e za REMONT!!!Nemame sredna opcija sto e nas hendikep.A Kolja i od vasiite a i od ovie portokalive se vide-nisto ne biva.Skrshena casha-ne se lepi Kolja.Inteligenten si megjutoa iskoristi ja tvojata inteligencija za promoviranje na svez politicki duh-ako i voopsto go ima kaj nas.A od site ovie politicki kurtizani koi dosega se iznaredija vo poslednive 17 god.(bez isklucok od pretsedatel na drzava,premieri,ministercinja,birokratcinja)se e luk i voda.Treba rabota,rabota i samo rabota a so portokalovi VMRO vski reklami i haluciniracki levi sonca napred-NEMA!!!
Од: do nikola g.
Датум: 25.11.2008 01:24:30
realno kazano, Makedonijo razbudise.
Од: majk johanesburgmam
Датум: 25.11.2008 01:25:47
od NIKOLCETA zenamu ne vide air avie ocekuvate sto ovoj koga ce nurni ni CATO ne go kreva adzebot cego napolni debelo belki ce se rodi drug TITO ce gi odnesi vo pretor na ostrovceno kaj zmiine
Од: vesna
Датум: 25.11.2008 01:40:12
Ti smetnuvam kapa, Gelevski!
Pozdrav,
Од: Gramat.
Датум: 25.11.2008 08:04:02
Ubavo napisano i ok,.Si citam komentari ucestvuvam interesni raboti se slucuvat vo Biroto za Metrologija .Zamisli otvaram sajtovi na Birota po svetot i op utre vo nasiot glaven grad ima nekoja pametna rabota posle tolku vreme organizacija na Biroto Metr.ke ni dojdat i stranci.Nasive so direktorot spijat od Skopje citam na Bom.gov.mk nema nisto napisano za tova si velam stranskite se pobrzi podobro e vo ilegala nikoj da ne znae,sto velis Kolja.neznaeme angl.a ideme na strucni simpoziumi kade nema prevodi od Angl.na maked.duri vo Avstralija sme bile golemi fraeri .Mi kazuvat edni prijateli prijatelce citaj a ja kazuvam ne dosta e znae Grujo sve za Biroto dozna od prof,ne slusaj izvini ama tamu raboti personalot od 08.30 do 11.45 a posle ostanuvat edvaj 10% na svojte rabotni mesta.Sto velis Direk.ke go pustele li poznatite firmi vo Mak.tvojot covek vo paris,zemi malce raboti po zemjata tuka se parite,stvori,simni se do labarotirite,prasaj da ne vleguval nekoj porano od strana ne vrabot
Од: Saso
Датум: 25.11.2008 08:59:34
Ubavo napisano gelevski. I tocno.E sega, sto da se pravi so komentarite od tipot - abe, znaeme deka ovie ne cinat, ama mnogu losi bea i prethodnite. Toa znaci deka nemame kvalitetni politicari ili ne znaeme da izbirame. Kade e resenieto? Aj da se napravi zakon ako edna vlast ne cini da ne im se dava blanko 4 godisen mandat, tuku vednas da se smenat..Ako ima drugo care kazete, a ne samo ne cinele i onie i ovie, zosto drzavata se poveke tone.
Од: Ilija
Датум: 25.11.2008 09:00:58
Odlicen tekst. Aj sega daj i nekoja metafora za SDSM. Jas ne sum tolku dobar so metaforite, no zatoa sum odlicen so gestovite. Za zal toa sto go mislam za SDSM ne moze da go vidite.
Од: Aтанасија
Датум: 25.11.2008 10:39:24
Добро,според цитатите,вакви нешта се случувале и во други времиња и во други средни.Секаде и секогаш имало по некоја креатура која креирала креатурности.
Ова не е утеха,зашто се однесува на нас,ние го живееме нашиот живот изкреатуриран од креатура-со огранишувања во секој поглед.
Но,авторот сигурно дека не се обраќа на читатели,како мене,туку на Примадоната и нејзините придружнички.А тие пак си имаат огледало пред себе,си се глдаат и си се бендисуваат.Ова мепотсетува на една индиска приказна,кога пред принцот полтроните ставиле огледало за надвор од него да не ги види страдањана на народот.Нашата власт е покреатурна-па сама си стави огледало-си се гледа и си се бендисува.
Нешто и за нас,читателите-доста со тоа дека тие пред нив не биле подобри.Ги избравме овие за да бидат подобри.толку.
Од: do Gelevski
Датум: 25.11.2008 10:54:36
Statijava mi zvuci kako grakanje na gavran ,a pocrna boja nemam videno.Sto ke kazes za dusickite od Vadovo od Lerinsko.Razmisli mozda mozes da naucis nesto od niv .
Од: petar
Датум: 25.11.2008 12:06:42
dali bilo komunizam ,socijalizam kapitalizam ,centralizam i neznam koje drugo opsestveno ureduvanje narodot e "bos" i gladen nemojte da se nadevate deka nekoj ke vi dade poveke. sekoj gleda toj da si go napolni dzebot neli e na vlast. sega e poloso si rotiraat kako dusa im saka a nie ke si se dopisuvame a ne znaeme deka go branime VOLKOT
Од: Petre
Датум: 25.11.2008 12:45:27
ako avtorot ne e politicki nafatiran, neka pogledne kako e n.pr. vo Hrvatska, a vsusnost i kaj nas pa i za vreme na poranesnata vlada isto se ispolnuvaa "zadacite" od EU...
..znaci NEKA ja iskritikuva i EU, a ne da bide partiski vojnik... zosto koga nekogas ke dojdat pak na vlast negovite, se od ova sto go kritikuva ke ostane...plus sigurno nekoj novi zaebancii
Од: 1984
Датум: 25.11.2008 13:03:08
македонија економски и политички може да опстане само ако и дозволат, а оваа влада сака со сила и тоа да и биде и биде одземано. ако навистина имала таква намера тогаш сме се излажале во капацитетот на владата,бидејќи навистина тоа добро го прави, а ако тоа го прави од незнаеење е тогаш сите ние сме за жалеење заедно со владата.
Од: mudar
Датум: 25.11.2008 14:12:02
E moj komentatori pa ne naucivte edno osnovno pravilo (se odnesuva na tie kako Ilija) izbori se gubat za nedobro rabotenje SDSM gi izgubi izborite narodot e kazni dade doverba na DPMNE i sega ovie dve ipol godini kazete sto e podobreno i sto e napraveno od vetenoto a ne i vie kako papagalite -portparoli na DPMNE neznaat drugo i osven da kazat vie napravivte vakaq ,vie napravivte onaka pa nekavivleze ednas vo vasite glavi DPMNE e na vlast a ne SDSM i kazete sto ste napravile a ne sto nekoj napravil za toa narodot kaznuva dosta se ponasate iako ste na vlas da lomotite kako daste vo opozicija i glumite deka ste zrtvi i drug vie kriv za nesposobnosta ve procita narodot dosta e so vremeplov i falbi.
Од: ljupco,bitola
Датум: 25.11.2008 14:48:27
Немам коментар,останав без текст.Поцрна статија не сум прочитал поодамна.Имам само едно прашање за авторот.Имено,ме интересира дали догодина ќе свети сонцето,пошто неговата политичка опција најверојатно, ќе ги загуби и локалните и председателските избори?
Од: Eli
Датум: 25.11.2008 15:02:33
nekoi nastani ednostavno ne ni dozvoluvaat da gi zaboravime kolku i da se trudime. srekata ,,na ovie prostori,, veke odamna se smeta za luksuz.edna grupa na shizici koi se postojano se fizicki i intelektualno aktivni 24casa 7 dena vo nedelata shto so svoite angazmani uspevaat da gi ostvarat osnovnite covecki,nacionalni i drugi vrednosti.
a najdobrata metafora veke odamna e smilsena-
nasata stvarnost visi kako mrsulce na nos
G-dne Gelevski bez omalovazuvanje na vasite vrednosti, opservacijata na vasiot tekst treba da pocne i zavrsi na filmovite na kaliforniskiot guverner (Svarceneger). Predolgoto bitisuvanje vo minatiot muvlosan sistem ostavilo nepopravlivi degenerativni posledici vrz vasiot politicki pogled zacineti so prekratkata i siromasna parlamentarna demokratija vo Makedonija.