Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Поглед

Искубано јато за НАТО

Димитар Чулев

Проширувањето на НАТО со три нови членки од таканаречената Јадранска група изгледа дефинитивно пропаѓа и, како што стојат сега работите, наместо „тројка“, Алијансата ќе добие „единица“. Новата членка Албанија.

По минатогодишното грчко вето на влезот на Македонија, Јадранската тројка е на патот да падне за два члена. Речиси неверојатно изгледа, но Хрватска од завчера, исто така, се наоѓа пред сериозна опасност да добие „двојка“ за прием поради словенечкото спротивставување.

Како веќе рамноправен член на Алијансата, Словенија активно ја користи политиката што тоа и' го овозможува и аспирациите на Хрватска се обидува да ги искористи за крупно пазарење за да ги реши сите отворени прашања со соседот на начин, кој ќе биде максимално во корист на Љубљана.

Доколку се распише референдум во Словенија за членството на Хрватска во НАТО, тоа посредно ќе значи дека Хрватска ќе го пропушти април и Самитот на НАТО каде што требаше да се официјализира членството.

Македонија, која беше иницијатор на регионалниот приод што требаше да ги подготви земјите за заеднички влез во НАТО, уште лани извиси. За личен неуспех сегашното извисување ќе го смета и хрватскиот претседател Стипе Месиќ, кој велеше дека „не во јато, туку како фрегата кон НАТО“, мислејќи притоа дека напредокот на секоја земја треб�� поединечно да се оценува.

Значи, само Албанија, која во 1997 внатрешно имплодираше во бунт во кој беа ограбени касарните и која се' уште лежи (и одвреме-навреме се тресе од експлозии) на неоткриени бункери од времето на Енвер Хоџа ги исполни критериумите на НАТО.


Статијата е прочитана 1458 пати.

Испрати коментар

Од: Trpe original
Датум: 20.02.2009 03:47:17
odlicen tekst g-dine Chulev.Pozdrav
Од: lola
Датум: 20.02.2009 08:21:37
i od mene petka za odlicniot komentar od novinaror.Ama kakvo fajde koga tie od nato ne go citaat tuku slepo gledaat samo vo albanija
Од: no name
Датум: 20.02.2009 09:01:55
Pa mozebi toa se kriteriumite za vlez vo NATO.
Од: Dejan
Датум: 20.02.2009 12:00:20
Najposle iskren tekst okolu zaclenuvanjeto vo NATO. Fino e da se znae koj moze vo NATO, a koj ne i koi se kriteriumite. Znaci nie treba da se otkazeme od identitetot, Hrvatska od teritorija itn. Ne sum siguren deka NATO i EU vredat tolku.
Од: Zabegan2
Датум: 20.02.2009 12:19:22
Odsekogash si bil jasen i glasen.

Најди! во Утрински
Втора страница
Verbatim
Грција под голем притисок на Стразбур за малцинствата
Грција се одлучила за вето уште во 2007