Број 2917  петок, 20 февруари 2009
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Наука

Претходен број


Site Meter
Втора страница

Грција под голем притисок на Стразбур за малцинствата


Томас Хамарберг најголемиот дел од извештајот и' го посветува на положбата на признатото муслиманско малцинство во Тракија, а потоа на непризнатото македонско малцинство

Комесарот за човекови права бара Атина да признае дека постои македонско национално малцинство

Од нашиот дописник
Тони Гламчевски

Нанси - Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Томас Хамарберг, отворено бара од грчките власти да признаат дека во Грција постојат и други малцинства, освен официјално признатото муслиманско малцинство во Тракија. Тој тука, меѓу другото, мисли и на македонското малцинство.

Тоа е главната поента од извештајот објавен во Стразбур по посетата на Хамарберг на Грција од 8 до 10 декември 2008 година. За време на посетата, тој се сретна и разговараше со претставници на властите, на домашните и на меѓународните невладини организации, а имаше средби и со членови на малцинските групи што живеат во Грција.

Томас Хамарберг најголемиот дел од извештајот и' го посветува на положбата на признатото муслиманско малцинство во Тракија, а потоа на непризнатото македонско малцинство. Општ е заклучокот дека припадниците на малцинствата во Грција се изложени и понекогаш страдаат од стереотипи и дискриминација, посебно при вработувањата. Имено, лицата што сакаат да го изразат својот македонски, турски или друг идентитет се судираат со неприј��телско расположение од населението во Грција.

Комесарот за човекови права на СЕ во својот извештај ги повторува истите забелешки направени пред неколку години од Европската комисија за борба против расизмот и нетрпеливоста (ЕКРИ), како и од органите на Обединетите нации - Комитетот за економски, социјални и културни права, кој во Финалните опсервации од 2004 побара од Грција да ја преиспита својата позиција во однос на другите етнички, религиозни или јазични малцинства кои се наоѓаат на нејзина територија, во согласност со меѓународните норми, со акцент на фактот дека и други етнички групи бараат да го добијат статутот на малцинство, кој го ужива само муслиманското малцинство. Односно, таа да им дозволи слободно да го уживаат правото на своја култура, слободно да ја практикуваат религијата и слободно да го зборуваат јазикот. Оттука и повикот на комесарот за човекови права до грчките власти да признаат дека постојат и други малцинства освен муслиманското.


Собир на Македонците во Грција

Од Грција е побарано да направи напори за да ги заштити правата на малцинствата, во што се подразбира и правото на слободно здружување. За таа цел, Хамарберг советува создавање еден механизам за заштита на малцинските права, во согласност со нормите на Советот на Европа за да се осигура континуитетот на дијалогот на сите нивоа со малцинските групи во Грција.

Во извештајот комесарот за човекови права на СЕ констатира дека е направен мал напредок во почитувањата на малцинските права во споредба со минатите години, но сепак, ја повторува загриженоста поради упорното одбивање на грчките власти да признаат дека во Грција постојат и други малцинства, освен официјално признатото муслиманско малцинство во Тракија. Тој тука, пред се', мисли и на македонското малцинство, при што во извештајот ги наведува пресудите на Европскиот суд за човекови права за одбивањето на грчките судови да го регистрираат Домот на македонската култура во Лерин, поради тоа што неговите основачи ја промовирале идејата дека во Грција постои македонско малцинство.

Десет години по пресудата, комесарот бил информиран дека ова здружение се' уште не регистрирано, иако грчките власти во 2000 година го информирале Комитетот на министрите на Советот на Европа дека грчките судови ќе ги почитуваат одлуките на Европскиот суд за човекови права.

Хамарберг, исто така, повторува дека припадниците на македонската заедница побарале од грчките власти да го признаат нивното право на самоопределување и дека во Грција постои македонско национално малцинство. Грчките власти тврдат дека Грција е „приврзаник на правото на секое лице слободно да го култивира својот идентитет и дека припадниците на муслиманското малцинство во Тракија се слободни да го искажат своето потекло, да го зборуваат својот јазик и да ја практикуваат својата религија, обичаите и традициите“. Комесарот, сепак, забележува дека „лицата кои се со ромско потекло и кои живеат во регионот на Тракија не се сметаат како припадници на малцинство, туку како социјална кревка група“.

Според Хамарберг, постоењето малцински групи, без разлика дали тие се „национални“, „религиозни“ или „јазични“, не треба да се смета како важен фактор на поделби, туку како важен фактор за збогатување на грчкото општество. Затоа тој бара од властите на нашиот јужен сосед да се покажат отворени кон разновидноста во своето општество и да преземат мерки за да им дозволат на постојните малцински групи на нивна територија да се самоопределуваат и да го изразуваат својот идентитет.

Комесарот за човекови права е свесен дека можат да се појават тензии, но репресивниот пристап, односно елиминацијата на плурализмот, не е вистинскиот одговор. Од централните, регионалните и локалните власти на Грција се бара да ја охрабруваат толеранцијата и да воспостават отворен дијалог со сите малцински групи. Во тој контекст се бара повторно донесување од страна на Грција на еден национален план за акција во областа на човековите права.

Комесарот за човекови права потсетува и на членот 27 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, ратификуван од Грција на 5 мај 1997 година, во кој стои дека „во државите во кои постојат етнички, религиозни или јазични малцинства, лицата кои им припаѓаат на тие малцинства не можат да бидат лишени од своето право, заедно со другите членови на својата група, да имаат сопствен културен живот, слободно да ја практикуваат својата религија и да го зборуваат својот јазик“.

Во однос на пактот, Комитетот за човекови права на Обединетите нации потсети дека во согласност со одредбите на пактот, земјата што го ратификувала е должна да се грижи овие права да не бидат негирани и да ги заштити од сите видови кршења. Слично како и Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства.

Меѓу бројните препораки упатени до грчките власти, комесарот за човекови права бара од нив без одлагање да ги потпишат и да ги ратификуваат главните документи на Советот на Европа. Тука, пред се', ги наведува Европската рамковна конвенција за заштита на националните малцинства, Конвенцијата за државјанство и Протоколот 4 од Европската конвенција за правата на човекот. Хамарберг потсетува и на Договорот од Лозана од 1923 година, со кој е предвидено заштита на малцинските групи.

Од грчките власти, исто така, се бара да им ги вратат одземените државјанства на припадниците на националните малцинства, а за тие кои живеат во странство или на нивните наследници да ја преиспитаат и можноста да им дадат и отштета.


Статијата е прочитана 818 пати.

Испрати коментар

Од: kris
Датум: 20.02.2009 00:41:30
sekoja cest na Tomas ali nemam nikakva doverba deka nesto ke mrdni od mrtva tocka. Grcija e ekspert vo pravilata na eu lavirintot i sigurno e deka ke najdat nacin da go udavat prasanjeto za makedoncite kaj niv! nisto cudno ako sega ne se zdruzat so bugarite za taa cel! Fuere samo pred edna nedela izjavi deka ne znael deka imalo makedonci vo sosednite zemji, to vi e znak kolku se rastimani a se znae od rastiman orkestar nema harmonija!
Од: vesna
Датум: 20.02.2009 07:58:01
Grcija ceka da umrat site zivi Egejci, pred da napravi bilo sto....Evropa nema da dozvoli mileniceto nivno, Grcija, da "place" i bide nesrekno. Za zal, prepusteni sme sami na sebe mi se cini. Makedonija treba da im vrati so ista mera: da im bara vizi, da ne im dozvoluva da otvaraat swetshops po Makedonija, itn....Treba konecno da se osvestime deka ni nema pomos, tuku sme prepusteni sami na sebe!
Од: fani
Датум: 20.02.2009 15:27:43
tocno,ispreti komentar,megutoa,imam cuvstvo deka ne gi citate i objavuvate.bidejki ovaa tema i bolka na nasata zemja me interesira budno gi pratam nastanite.Edno ne mi e jasno:poznato e deka tamu kade sto nema ogin nemoze da ima ni cad.Kazete mi so sto makedonija go skrenala vnimanieto na Evropa.Pa ako poloticarite nemozaat,togas neka se ukluci inteligencijata,preku emisii kade se pretstavuvaat makedoncite, proterani od grcija,nivnite maltretiranja i red drugi raboti povrzani so ovaa tema,as ne so imenuvanje na avtopati i aerodromi,so toa sme samo smesni.i uste nesto makedonskite politicari treba da nastapuvaat po agresivno,a za toa imaat polno materijal,a grcite nemaat nisto,osven toa deka ni nanele steta.0418

Најди! во Утрински
Втора страница
Искубано јато за НАТО
Verbatim
Грција се одлучила за вето уште во 2007