Летово ќе биде изграден првиот кружен тек на подрачјето на општината Карпош и тоа на раскрсницата кај средното училиште „Георги Димитров“, најави градоначалникот Стевчо Јакимовски. Новото сообраќајно решение ќе го опфати делот каде што се сечат улиците „Париска“ и „Варшавска“, непосредно до влезот на гимназијата.
Јакимовски смета дека со изградбата на кружниот тек во голема мера ќе се зголеми безбедноста во тој дел каде што сообраќајот е особено фреквентен поради близината на училиштето.
„Се одлучивме за оваа ротонда поради честите сообраќајни незгоди и метеж во близина на училиштето. Функционалноста на ваков тип решенија е докажана во речиси сите европски земји, што значи не измислуваме ништо ново, туку преземаме конкретни испробани чекори. Ова е проект на Општината, кој ќе се финансира со општински пари. Изработката на сообраќајното решение, односно проектот е во тек и очекувам работите на терен да завршат најдоцна до почетокот на учебната година“, најави Јакимовски, кој претходно планира да се изврши реконструкција на улицата „Париска“. (Дс.Т.)
Resenieto e za pofalba. Jas sakam da potenciram deka takov problem imamae vo opstinata G. Petrov kaj sto se secat zasega 3 ulici, (mozebi paradoksno zvuci), no za ilustracija; 4.ti juli, novoprobienata ulica prema stadionot i ulicata od Volkovo koja vleguva vo 4.ti juli- blisku do crkvata Sv. Petar i Pavle. Podnajhitno treba da se prezeme nesto (semafor, kruzen tek i sl.) inamku slikata e strasna. Molime za resenie!
Од: navI
Датум: 04.06.2010 09:10:03
Bravo, vo skopje poveke treba da se razmisluva za zamena na semaforite so kruzni tekovi. Ova e veke trend vo cela Evropa i se pokaza deka na vakov nacin pobezbedno i podobro se regulira soobrakjajot, a ne se trosat pari za semafori i el. energija.