Број 3288  сабота, 22 мај 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Стил

Site Meter
Втора страница

Чавушоглу: Македонија подготвена да претседава со СЕ

Увереност дека Македонија ќе продолжи со почитување, промоција и заштита на правата на малцинствата и дека земјава успешно ќе одговори на должноста за време на своето претседавање со Советот на Европа, изрази вчера претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевлут Чавушоглу.

На средбата со шефот на државата, Ѓорѓе Иванов, двајцата соговорници изразија уверување дека Македонија ќе ги вложи сите напори за успешно и продуктивно претседавање со Советот.

Иванов на средбата истакнал дека во Македонија постои функционален мултиетнички соживот и подвлече дека вториот приоритет на македонското претседавање е да се промовира и да се унапреди интеграцијата на националните малцинства во европските општества.

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Мевљут Чавушоглу, изјави дека верува дека во претстојните шест месеци ќе има добра соработка меѓу двете највисоки тела на СЕ Комитетот на министри, со кој претседава Македонија и Парламентарното собрание и оти е во Скопје да му искаже целосна поддршка на „македонското претседавање“.

Чавушоглу, вчера по и средбата со претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, изјави дека првпат почувствувал колку голема важност му се придава на Советот на Европа во оваа земја, која, како што рече „повторно се изгради во последните 20 години за разлика од многу други земји што се градеа со векови“.

- Денес, а за тоа ви честитам, Скопје е центар на демократските достигнувања како резултат на силната определеност на вашите луѓе и лидерите на партиите да го следат патот на европската интеграција, што се базира на стандардите на Советот на Европа, изјави претседателот на ПССЕ, кој вчера ја отвори седницата на Постојаниот комитет на СЕ на средбата со македонските пратеници и со спикерот Трајко Вељановски. Чавушоглу најави дека лично ќе учествува во одредени активности што ќе се случуваат во рамките на „македонското претседавање“ со СЕ.

Мевлут Чавушоглу,во четвртокот имаше средба и со премиерот Никола Груевски и со шефот на македонската дипломатија, Антонио Милошоски. (Н.Р.)


#
Статијата е прочитана 621 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Втора страница
Пругата кон Бугарија чека европски кредити
Инсулински маки
Проблемот со името само врв на проблемите
Вербатим