Што прават денеска
Ивана Дамовска
ПР-менаџер и активист
Почеток на седмицата, а јас денеска со промоција го заокружувам проектот на кој работев шест месеци, прирачник што треба да им го олесни животот на граѓаните. Преокупација ми е топлиот „Синедејс“, средби што се потребни и што релаксираат. Потоа време за мене и нешто блиску до срцето- целосно им се препуштам на оние што ги сакам и ме сакаат.
Вероника Чадловска
козметичарка
Денес се чувствувам подобро по неколку дена настинка. Денот ќе го искористам практично – се' што не можев во текот на минатата недела ќе го направам понеделнички. Средби со муштерики и пред одење дома, добро ќе се снабдам со продукти за вечерно следење на сериите што ме олабавуваат.
Ѓоре Јовановски
фудбалски тренер
По заминувањето од Софија, каде што бев тренер на ЦСКА, добив понуди за да преземам друг клуб. Сакав малку да се одморам, ама тоа ќе го оставам за подоцна. Во текот на денот ќе преговарам за понудената клупа на еден клуб во Македонија, нов предизвик што ми изгледа интересно. |