Број 3432  понеделник, 15 ноември 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска








Site Meter
Хороскоп

Хороскоп

ОВЕН

Никако не ви тргнува од рака да се приспособите на ситуацијата која малку се комплицира. По правило, треба да бидете флексибилни, но бидејќи не сте, ќе ги понесете последици. Вашиот астролошки знак подразбира дипломатичност, а тоа е нешто што ви недостасува.



БИК

Обидете се емотивно да се стабилизирате, но тоа тешко ви поаѓа од рака. Морате да ја сфатите ситуацијата и да ги земете предвид сите околности. Само така ќе можете да ги избегнете невротичните постапки, комбинирани со агресија. Вразумете се. Не е вистински момент за раскинување на емотивната врска.



БЛИЗНАЦИ

Опкружени сте со убави нешта, љубов и уметнички настани. Иако среќните моменти се секогаш кратки, тоа не ве загрижува. Напротив, ќе чувствувате големо задоволство. Ви се враќа и самодовербата на деловен план. Тие што поседуваат приватни фирми ќе направат фантастични договори, а останатите ќе имаат шанса да заработат пари.



РАК

Имате можност да ги креирате случувањата. Не сте свесни дека се наоѓате во фантастична ситуација и дека на непријатните настани може да влијаете само со силна волја. Ако ништо друго, дистанцирајте се од тоа и насочете се кон негувањето на духовноста.



ЛАВ

Судирите со околината и променливото расположение се случуваат поради вашата потреба за пари, а на тоа поле сте слаби. Поради проблемите со стомакот, водите поголема грижа за исхраната. Бидејќи ви е нарушен системот на вредности, може лесно да наседнете на ситни провокации.



ДЕВИЦА

Можно е да имате несоница и да бидете пречувствителни кога се работи за парите. Кога подобро ќе размислите, имате впечаток дека сите славини ви пресушиле. Не наоѓате излез. Не очајувајте, бидејќи причината за вознемиреност брзо ќе исчезне. Ви се случуваат многу мистерии, па морате да верувате во нив.



ТЕРЕЗИЈА

Без оглед на тоа што некои нешта се одвиваат побавно отколку што сте планирале, задоволни сте. Ја работите својата работа и го гледате сопствениот живот. Со партнерот сте во релативно добри односи, па се чудите како може се' да биде добро. Бидете трпеливи и обидете се оваа состојба да потрае подолго со ова темпо.



СКОРПИЈА

Може да очекувате успех проследен со финансиска добивка. Активно се вклучувате во уметничкиот живот. Уживате во убавите и скапоцени нешта. Ќе имате влијание врз околината, посебно на некоја личност од која може да имате корист. Изненадувачкиот излив на страсти кон саканото лице ќе доведе до блага вознемиреност.



СТРЕЛЕЦ

Бидејќи добро функционирате, ви се советува конкретна акција. Повеќе ви одговара да зборувате за вашите љубовни проблеми, кои всушност ги нема, отколку да извлечите од работата она што ви е најпотребно - пари. Нека не ве изненади нечија писмена љубовна изјава.



ЈАРЕЦ

Чувствителни сте, расположени и имате желба на сите да им помогнете. Обидете се да останете на дистанца, со оглед на фактот дека премногу сочувствувате со туѓите проблеми. Можеби ќе ви помогне тоа да го подобрите имунитетот, бидејќи околината на индиректен начин е одговорна за вашето здравје.



ВОДОЛИЈА

Ситуацијата ви се менува од ден на ден, од час на час. Моментално сте оптимистички расположени. Почнувате да го гледате излезот од мракот. Машките припадници на овој знак ќе тргнат во освојувачки предизвици. Тешко на оној што ќе се обиде да ве спречи. Олабавете се и уживајте.



РИБИ

Тргнувате во акција. Може да очекувате тоа да се однесува на работата, но не случајно. По примерот на Казанова, ќе тргнете и кон љубовно-освојувачки предизвици. До таа мера сте заинтересирани за некоја личност што заборавате на својата припадност на овој аналитички знак. Почнавте да ги губите дури и своите критериуми.






#
Најди! во Утрински
 


New Hungarian media law proves controversial
Opposition calls for early elections in Macedonia
Croatian to become 24th EU language