|
|
|
|
|
|
ЕДИТОРИЈАЛ
Бунт на бродот што тоне
Димитар Чулев
Грчкиот премиер Папандреу одигра маестрално завчера кога го принуди политичкиот противник Самарас да повлече изнуден потег и јавно да се избламира. Самарас, по природа политички камелеон и повратник во Нова демократија, во моментот кога 23.000 Грци се тепаа со полицијата во центарот на Атина, понуди влада на национален спас, предвремени избори како втора опција и релативно смешната мерка дека ќе одел на нови преговори со Брисел за пазарење за репрограмирање на енормно големиот грчки долг.
На исповедта на Самарас и на голиот популизам Папандреу одговори со брза контра: ребрендирање на неговиот кабинет со нови ми��истерски фаци, со што покажа и дома и надвор дека има намера сериозно како одговорен политичар да ги истера мерките наложени за спас на грчката економија за кој финансиски бекап обезбеди Европската унија. Папандреу, иако го критикуваат дека се обидува да купи време, во суштина, го направи токму тоа. Избори може да има, но откако ќе ги смири противниците дома и откако ќе добие надворешна поддршка дека само тој во моментот е вистинскиот што може да ја извлече Грција од економскиот жив песок.
Папандреу, иако ни оддалеку ја нема харизмата на својот татко Андреас од почетокот на 1990-тите, сепак, покажува доблест и храброст, квалитети со кои, како ексминистер за надворешни и актуелен премиер, претпочиташе да не се наметне. Тој не прибегнува кон гол популизам, туку чесно се обидува да направи се' што е можно најдобро за земјата, која беше во долгови и во моментот кога во септември 2009 година ја презеде премиерската палка од Караманлис. За верување е дека доколку опстои на сегашниот пат и на сегашното „стегање на ременот“, можно е да ја добие поддршката од финансиските центри однадвор без оглед на незадоволството на локалните пиљари, таксисти, транспортери, лекари, административци... кои не се согласуваат со неговата намера, конечно, да воведе ред во најпрактикуваниот спорт со децении: избегнување на даноците.
Но, Грција не е случај што треба изолирано да се посматра. Таа е битна за ЕУ. Прво, како медитеранска и најисточна точка од ЕУ, која е прва на удар на илегалните имигранти што гравитираат и бараат спас во ЕУ. Тоа сега е особено актуелно. Иако учествува само со три отсто во бруто-доходот на земјите во еврозоната, грчката дисквалификација на еврото сериозно ја загрозува валутата. Имајќи го предвид тоа, за очекување е дека ЕУ ќе и' помогне на Атина, меѓутоа само доколку има сериозен лидер (а Папандреу засега се покажува како таков), кој ќе ги следи упатствата.
За регионот, Грција и тоа што се случува таму не може да биде маргинализирана појава. Токму Грција беше таа во која земјите од Западен Балкан гледаа мост преку кој ќе се приближат кон малку посеверните еврочленки до 2013 година. Тоа беше стратегијата на Атина за интегрирање на Балканот, така што економскиот хаос слезен од политички минирања не може да биде прифатен без сериозна загриженост. Сакаме да веруваме за доброто на сите дека Грција ќе се извлече од граѓанскиот бунт што и' се случува и ќе се врати на нормален колосек.
Македонија ја почитува актуелната политика на грчкиот премиер, а ќе го почитува и евентуалното одржување предвремени избори доколку тие бидат фер, демократски и слободни на кој грчките граѓани ќе можат да изберат влада, која ќе ја реши оваа ситуација на социјалниот безизлез, а притоа да не забега од шенгенската и еврозона. |
#
|
Статијата е прочитана 2320 пати.
|
|
|
|
|
|
Од: Mudrec |
Датум: 17.06.2011 12:13:57 |
|
Dobar tekst, do pred krajot. Makedonija ne pocituva nisto grcko i ne se interesira koj ke bide na vlast vo GR dodeka ni gi osporuvaat imeto i identitetot. Uste poveke, se nadevame deka ke izlezat od evro i shengen zonata kako zasluzena kazna za se sto pravele. I ako se sluci toa, ke si gledame seir. |
|
|
|
|
|
|
Од: lorens |
Датум: 17.06.2011 12:41:44 |
|
Gospodine Culev, Prvo, segasnata situacija vo Grcija potvrduva deka taa zemja e kreirana i odrzuvana so kup lagi, nevistini i zamajuvannja na javnosta od domasnite politicari i fazioidni strukturi koi vladeat uste od 1948 godina! Ottuka ne moze taa zmeja da ni bide most kon EU rabrana kako evropski vrednosti, a ne kako borba za socijalni prava i privilegii kako sto ja svakaat nasive politicari i dobar del od naselenieto! Vtoro, ova za Makedonija e istoriska sansa koja se pojavuva ednas vo zivot - da si gi vrati nazad po bagatelna cena site sredstva koi im gi dadovme na Madzirite - Stopanska, Usje, Okta, Zito Luks itn! Oni ke imaat problemi so likvidnost vo sledniot period i ke mora da prodavaat sredstva - ne e loso nie da bideme kupuvaci - kaj nas edvaj 30% od BDP e javen dolg, kaj niv 150% od BDP. i Treto, strateski interes na Makedonija e Grcija da zabega (uste podobro da ja nbrkaat) od evrozonata i sengenoznata!!! ako ne ste go znaete toa - ucete!Covek uci dodeka e ziv! |
|
|
|
|
|
|
Од: zelezara |
Датум: 17.06.2011 13:10:30 |
|
Demek grckiot tonel a nasiot plovel u mirni vodi??Idi begaj |
|
|
|
|
|
|
Од: jane.s |
Датум: 17.06.2011 13:49:42 |
|
pa neka potoni veke ednas,vreme e |
|
|
|
|
|
|
Од: ivo |
Датум: 17.06.2011 14:07:33 |
|
Eve, bas im prativ dopis na "novomakedoncite" ( do urednistvoto na vesnikot "Nova Makedonija" , deka od denes pa natamu i za vjek i vjekov,se samoproglasuvam za "Macedonian Superior" !( Odlukata ja donesov "privo", za svoja upotreba) Taka, moze barem malku ke im olesni na grcite , ke im se simne del od tovarot od pleki! Isto, ke im olesni i na makedoncite bidejki tie ne se "Superior" kako sto dosega predlagaa grcite! ! |
|
|
|
|
|
|
|
|