Број 3607  петок, 17 јуни 2011
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска
Онлајн вести

Насловна








Site Meter
Хороскоп
Хороскоп


Овен

Многу врева за ништо. Влеговте во период од кој очекувате многу повеќе, отколку што реалните можности ви дозволуваат. Мора да се спуштите на земја за да ги избегнете промашувањата. Во својот живот мора да смените нешто од корен, но се' уште не сте сигурни што би можело да биде.



Бик

Силите на имагинацијата се во игра, што е добро за уметноста, а лошо за практичниот живот. Доколку го знаете тоа, ќе избегнете разочарувања и финансиски загуби. Во спротивно - грижи, слаби нерви и беспарица. Со Близнаците сте во добри односи, додека Рибите ве задушуваат.



Близнаци

Конечно, некои ваши проекти ќе добијат материјална сатисфакција. Ви годи сознанието дека добро работите, но нема да останете рамнодушни ни на парите. Планирате на долги патеки, за што е потребна енергија од финансиска природа. Доколку чувствувате замор, проверете ја крвната слика.



Рак

Она што другите ги излудува, вас ве остава рамнодушни. Можеби тоа е една од причините поради кои околината не ве разбира најдобро... Моментно функционирате благодарение на одличната интуиција, која ви кажува јасно што треба да правите.



Лав

Ви поаѓа од рака да завршите повеќе од работите што во меѓувреме се насобрале. Уживате во хармонијата, задоволни сте со успесите на најблиските. Со партнерот правите планови за нови потфати. Осамените Лавови може да го запознаат лицето на својот живот, доколку бидат друштвени.



Девица

Решавате важни работи, но по цена на нервоза. Никако не го сфаќате однесувањето на лицата со кои сте во директна врска. Мислите дека тие не се вдлабочуваат доволно во проблемите, а, всушност, вие претерувате со вдлабочувањето. Најдете компензација во оние работи што ги сакате.



Терезија

Моментно на вас се' се лепи: љубовта, парите и килограмите. Што се однесува до ова последново, морате итно да реагирате зашто вашата „��енка половина“ е доведена во прашање. Незаборавните моменти влијаат на тоа да се чувствувате добро. Подгответе се за периодот на стагнација, кој е неминовен.



Скорпија

Земете од животот се' што денеска ќе ви понуди. Отфрлете ги работите што не ви се пријатни, но и лицата во чие друштво се чувствувате непријатно. Пред вас е деловен успех, следен со финансиска добивка. Не може да се пожалите на љубовта. Се' оди во комплет.



Стрелец

Благите стресови на емотивен план ве прават поинтересни. Не ви е здодевно. Не се прашувате до кога лицето покрај вас ќе го трпи таквото однесување. Не сте свесни за сопствените слабости, па се обидувате вината да ја префрлите на околината. Ако продолжите така, пријателите ќе се разбегаат.



Јарец

Потребата за љубов и секс е навистина силна, па ќе функционирате според неа. Доколку партнерот не успее да ги протолкува вашите желби, ќе се снајдете со нешто отстрана. Активни сте и среќни, свесни за убавината на секој момент. Продолжете со тоа темпо и искористете ја поддршката на некоја Скорпија.



Водолија

Домот е главен столб на денешните случувања. Не е исклучено дека ќе завршите некои работи во својот дом, или дека ќе имате гости. Моментно домашната атмосфера е бегство од реалноста, во која ве демнат многу стапици. Дополнително сте внимателни, не сакате никаков ризик.



Риби

Ги средувате меѓучовечките односи, решавате љубовни проблеми. Конечно, се решивте на таков чекор, бидејќи работите се комплицираат. Она од што најмногу се плашите е вистината. Многу полесно ви беше да живеете под секојдневна пресија, отколку на вистината да и' погледнете в очи.


#
Најди! во Утрински

"""