Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Култура

Прилепскиот театар се реновира

Старата руинирана зграда на прилепскиот Народен театар „Војдан Чернодрински“, која со децении беше оставена на забот на времето, ќе се реконструира. Министерството за култура одвои 1.114.000 денари, кои ќе бидат наменети за реновирање на ентериерот на објектот.

„Овие средства не се доволни за комплетно реновирање на објектот, но затоа ние одвоивме дел од средствата од сопствениот буџет со што ќе ја заокружиме оваа инвестиција која ќе се реализира до крајот на јуни“ - истакнува Тони Чатлески, директорот на прилепскиот Центар за култура. Тој додава дека Министерството за култура има слух за нивните проблеми и барања, и според тоа, објектот кој што е всушност првото македонско кино, не само што нема да пропадне туку ќе го видиме во ново руво.

„Се закануваше целосно распаѓање на објектот зашто со децении не е реализирана никаква инвестиција. Лани успеавме да го санираме покривот, но тоа беше се'. Ентериерот на театарската куќа, гримиорните, сцената, едноставно целиот објект е во крајно лоша состојба. Најдоцна за еден месец ќе бидат завршени сите градежни работи во објектот“ - вели Чатлески.

Реконструкцијата на старата театарска куќа, според Чатлески, е императив за Центарот, зашто има огромна историска важност за градот и никако не значи напуштање на идејата за изградба на нова театарска зграда.

„ Во оваа зграда во 1917 година, ентузијастот Пане Напе за прв пат во Македонија го проектирал филмот „Дамата со камелии“, значи оваа зграда е првото македонско кино и ние никако не смееме да дозволиме објектот да биде оставен на забот на времето“, потенцира Чатлески.

Прилепскиот театар според најавите со ребалансот на буџетот преку Министерството за култура, ќе вработи 5 мина млади актери кои имаат значаен придонес во развојот на Прилепскиот театар последниве две-три години. Со овие и 11-мина вработени актери, прилепскиот ансамбл ќе биде кадровски екипиран да одговори на сите предизвици на оваа уметност. (М.Т.)


#
Статијата е прочитана 183 пати.

Испрати коментар
Најди! во Утрински
Култура
Скопјани повторно ќе ја откриваат „Патеката на културата“
„Златна потковица“ за рускиот филм „Провинција“
„Вечни симболи“ - изложба на Александар Настески
Вокалот на Ајнур го отвора „Оф-фест“