Број 3295  вторник, 01 јуни 2010
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Анализа
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Хороскоп
Што прават денеска

Site Meter
Хороскоп

Хороскоп


ОВЕН

Не дозволувајте финансиските фрустрации да ви застанат на патот кон успехот во комуникацијата и завршувањето на работите. Тоа е привремена ситуација. Може да избирате: или одлучно да продолжите кон целта или да побарате помош.



БИК

Денеска ќе шармирате некого со својата појава, па затоа навреме проверете во кого сте ја насочиле енергијата за да не зажалите. И соништата може да се остварат доколку имате силна желба и волја во преземањето на практични чекори.



БЛИЗНАЦИ

Ќе им се лутите на луѓето околу вас, зашто не гледаат на работите како што гледате вие. За среќа, способни сте да ја најдете суштината на проблемите и експресно да излезете од кашата во која сте. Во љубовта нема да можете логично да размислувате.



РАК

На финансиски план, конечно, се стабилизиравте, па полека можете да преминете на наредното ниво. Доколку запознаете ново лице не дозволувајте им на вашата лутина и фрустрации да влијаат врз конечниот суд, туку покажете ги квалитетите.



ЛАВ

Вашиот природен инстинкт денеска ќе ви дава посебни сигнали врзани за одредена работа која носи големо малтретирање. Покрај тоа, вие сте способни да му испратите суптилни сигнали на лицето што ви се допаѓа, а никој да не забележи.



ДЕВИЦА

Потребната животна сигурност ќе ја стекнете доколку се здружите во деловно партнерство со луѓе што имаат слични животни ставови како и вие. Вечерва разговарајте со својата подобра половина и потсетете се колку уживате во заедничките моменти.



ТЕРЕЗИЈА

Нова надеж за исполнување на плановите повторно е на хоризонтот, па и вие можете малку да се олабавите и да му покажете на партнерот колку го сакате. На вратата ќе ви чукнат нови инвеститори што ќе ви дадат понуда што нема да можете да ја одбиете.



СКОРПИЈА

Имате проблеми со финансиите, препорачливо е да проверувате и по два пати што потпишувате и што купувате. И комуникацијата ќе ви претставува проблем, зашто едно лице ве доведува до лудило така што не можете да се контролирате.



СТРЕЛЕЦ

Денот е создаден за желби, но не претерувајте во очекувањата. Бидете внимателни со лицето што ви изгледа премногу добро за да биде реално. Најверојатно ќе се разочарате. Ќе дознаете дека човекот покрај вас не е тоа за што се претставува.



ЈАРЕЦ

Ќе брборите, ќе бидете добро расположени и инспиративни така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во веселбата. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се, тоа наскоро ќе се реши.



ВОДОЛИЈА

Ќе се најдете во средина на еден скандал, а нема да ви биде јасно како тоа се случило. Едноставно, премногу зборувате на погрешно место. Но, бидејќи денеска сте шармантни, се' ќе помине безболно, а вие, конечно, ќе сфатите дека некогаш имате предолг јазик.



РИБИ

Доколку одлучите да кажете една тајна, треба да бидете подготвени на она што ќе следува потоа. Ќе се појават лавини од трачеви за едно лице што не ги заслужува. Бидете подготвени на деловни одложувања и фрустрации што ќе произлезат од работата.


#
Најди! во Утрински