Што прават денеска 
 Момо Николовски 
  портпарол на Општ. Ѓорче Петров 
Многуте обврски во општината се вообичаено секојдневје. Денеска треба со екипа на МТВ да одиме да снимаме инсерти од општината, а во агендата имам и пречек на една делегација од странство. Покрај тоа, се подготвувам и за задачите како член на жирито на претстојниот Фолк фест „Валандово“. 
 Сања Лефкова 
  пејачка 
Аудиозаписот на мојата нова песна „Заборави ме“, веќе е готов, па сега сум во подготовки за снимањето на видеоспотот. Покрај договорите во „Томато продукција“, работам и на кореографијата со танчерките. Секако, не ги запоставувам ни пробите за викенд-настапите низ Македонија. 
 Злата Николиќ 
  дир. на ЈУДГ „Р.Ј.Корчагин“ 
Денешниот ден е во знакот на прошталната прослава со нашите мини мини „матуранти“, т.е. идните првачиња. Иако сме речиси подготвени и денес во градинката ги правиме последните подготовки за вечерашната приредба, што во 19 ч. ќе се одржи во амфитеатарот кај Спомен-куќата на Мајка Тереза, во Скопје.  |