Брoj 2770  сабота, 23 август 2008
прва страница Архива контакт редакција маркетинг претплата
Втора страница
На прво место
Политика
Македонија
Економија
Хроника
Едиторијал
Мислења
Писма
Свет
Култура
Спорт
Скопје
Забава
Некролог
Хороскоп
Што прават денеска

Претходен број


Site Meter
Писма

Отворањето на егејското прашање е добар потег

Нада Романова-Башевска, Скопје

Сакам накратко да се осврнам на претпоследното новинарско прашање до господинот Васил Тупурковски за неговата некогашна средба со австрискиот министер за надворешни работи Алојз Мок. Точно е дека Васил Тупурковски, како што вели, повеќе пати ги разјаснил елементите за својата карактеристична комуникација со Алојз Мок. Но, во интервјуто од 11 август тој не кажа ништо конкретно за суштината на разговорот, да потсетам, поврзан со името на Република Македонија, со што и' ја скрати можноста на јавноста да ја дознае вистината. Како најсилен „аргумент“ посочи, цитирам, „Киро Глигоров фабрикуваше ни прва ни последна дисквалификација“ на негова адреса. Се добива впечаток дека Васил Тупурковски е опседнат со г. Киро Глигоров. Не избира навредливи зборови за неговата личност и е без трошка самокритичност за сопствените дела од времето на своето политичко дејствување, кои доволно се опсервирани во медиумите.


Статијата е прочитана 383 пати.

Испрати коментар

Од: Диме
Датум: 23.08.2008 11:25:17
Тупурко може да се врати од дупката од која исползи. Аман више од такви фаци.

Најди! во Утрински
Барај со НАБУ
Писма
Каде сте млади социјалдемократи?

Соопштение
Поради годишни одмори, од 25 август до 15 септември, ќе се објавуваат само коментарите пристигнати до 17 ч.