Се' е во знак на прераните акции, вложување на голема енергија и нервози. Кога ќе се освестите, ќе сфатите дека можело и поедноставно, но што да се прави кога не можете да избегате од својата природа. Поведете поголема сметка за своите нерви.
БИК
Љубов, ах љубов! Се' се сврти околу неа. Добро се чувствувате и ја разменувате позитивната енергија со партнерот. Кога нешто ќе наумите умеете и да бидете агресивни, па и на емотивен план. Ќе сфатите дека џабе сте биле љубоморни.
БЛИЗНАЦИ
Се' се одвива бавно, а тоа ве доведува до лудило. Доколку имате можност да се занимавате со работи што не бараат добри рефлекси, туку бистар ум и длабока концентрација - ќе остварите резултати. Планирате некое патување од кое очекувате многу.
РАК
Доколку не се обидете да се одбраните од околината, ќе се разболите. Светот ве оптоварува и енергетски ве исцрпува до таа мера што ве загрозува. Обидете се да се дистанцирате, зашто само така ќе ги одбегнете опасностите што ве демнат.
ЛАВ
Деловниот успех, финансиската сигурност и желба за доминација се само одраз на денешните случувања. Уживате во докажување на сопствените вредности, но обидете се да не претерате. Можни се проблеми со крвната слика. Бидете внимателни.
ДЕВИЦА
Благодарение на смислата за систематичност, ќе успеете да го решите проблемот што ве измачува долго време. Не ви пречи големиот напор, како ни бавноста со која се одвиваат настаните. Стабилни сте, знаете што сакате и доаѓате до целта.
ТЕРЕЗИЈА
Богатиот друштвен живот ќе придонесе да имате незаборавен ден. Осцилациите во расположението се карактеристични за вас. Раковите се бебиња во однос на вас по некои прашања. Обидете се да научите правилно да ракувате со пари.
СКОРПИЈА
Чувствувате потреба да остварите животна цел. Бидејќи е евидентен големиот бран на креативна енергија, обидете се да најдете начин да ја изразите соодветно. Проблемите што ве мачеа најпосле стивнуваат. Ве очекува финансиска добивка.
СТРЕЛЕЦ
Не секирајте се без потреба. Слушнете го својот внатрешен глас, кој јасно ви говори што е пожелно да направите за да ги олесните проблемите и да функционирате на најдобар начин. Планетите го зголемуваат вашето незадоволство и ги потенцираат стравовите.
ЈАРЕЦ
Кон сите работи се однесувате сериозно и одговорно. Уште кога би успеале да се дистанцирате од луѓето што ве оптоваруваат... Но, бидејќи сакате да се мачите, ќе истраете до крај. Можни се проблеми со слухот или со коските, кои се реакција на стресот.
ВОДОЛИЈА
Не нервирајте се без потреба зашто само ќе си натоварите повеќе проблеми на врат и ќе го предизвикате непријателството на околината. Обидете се да ги намалите физичките активности и да го елиминирате преморот придружен со лоша концентрација.
РИБИ
Успешен ден во секој поглед. Најважно е дека добро се чувствувате и знаете што сакате. Бидејќи таквите моменти се реткост, истрајте во намерата да реализирате што повеќе работи. Ситуацијата бара од вас одговорна работа со пари.